Култура
„Големите авантури“ наслов на вечерашниот концерт „Слушајте филм“

Концертот „Слушајте филм“, овојпат насловен „Големите авантури“ ќе се случи вечерва во Дом на АРМ со почеток во 20 часот.
Концертот „Слушајте филм“, овојпат насловен „Големите авантури“ ќе се случи вечерва во Дом на АРМ со почеток во 20 часот.Со Македонската филхармонија ќе диригира маестро Тимоти Редмонд кој е главен диригент на Кимбриџиската филхармонија и е чест гостин на најреномираните музички центри во светот. На овој трет концерт од циклусот „Слушајте филм“ ќе бидат изведени теми од филмовите: „Војна на ѕвездите“, „Индијана Џонс“, „Хари Потер“, „Робин Худ“, „Форест Гамп“, „Хрониките на Нарнија“, „Супермен“, „Спајдермен“, „Гладијатор“. Публиката која секогаш покажувала голем интерес за ваквите концерти, вечерва ќе има можност да се запознае со дел од творештвото на големите филмски композитори како Џон Вилијамс, Алан Силвестри, Мајкл Кејмен, Ернест Голд, Хери Грегсон Вилијамс, Дени Елфман. На сцената ќе бидат прикажани и инсерти од споменатите филмови. Уметнички соработник и овојпат е Влатко Галевски.крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Велешкиот театар ќе настапи на интернационалниот фестивал „Сараевска зима“

Театарот ,,Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, со претставата „Кралските копилиња“, на 15 март 2021 година ќе настапи на 47. издание на фестивалот „Сараевска зима“.
Поради пандемијата, фестивалската програма во најголем дел ќе биде прикажана онлајн, односно претставите ќе се одржуваат на матичните сцени, а сараевската публика ќе ги проследи преку видеостриминг.
Претставата „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски во својата жанровска дефиниција е театар на телото во епски слики, работена според посттројанскиот митски циклус, сместен во кралската куќа Арг.
„Кралските копилиња“ е приказна за боголуѓето, која се случува непосредно по завршувањето на војната за Троја и зборува за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор.
Автор на тесктот, режисер и автор на аудиовизуелниот концепт на претставата е Сашо Димоски, режијата на сценското движење е на Васил Зафирчев, видеодизајнот и анимациите се на Данчо Стефков и Крсте Шупев, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, музички соработник е Сашко Костов, а автор на дигиталните скулптури и на плакатот е Адам Мартинакис.
Во претставата настапуваат актерите Васил Зафирчев како Агамемнон, Кети Борисовска како Клитемнестра, Талија Настова како Електра, Жарко Спасовски како Орест, Маја Љутков како Касандра, Фаик Мефаилоски како Егист и Марија Стефановска како Ифигенија.
Култура
Онлајн-дискусија со Вангел Ноневски за семантичките аспекти во потеклото на хип-хоп ремиксот

КСП Центар – Јадро најавува онлајн-дискусија со Вангел Ноневски за семантичките аспекти во потеклото на хип-хоп ремиксот, која ќе се одржи денес со почеток од 18 часот.
Од појавата на дадаизмот повеќето современи уметности се проткаени со духот на директна и/или индиректна медијација. Имено, уметничките дела денес претставуваат колажи или рециклирани производи на постојни дела. Во овој поглед пронаоѓањето на грамофонот има клучна и незаменлива улога во однос на хип-хоп/ремикс-културата. Кредото на ремикс-културата – да се создаде нешто ново од постојното – стана парадигма на денешната музичка сцена. Сепак, поминаа неколку децении откако глобалната култура ја загуби вербата во потрагата по новото, без оглед дали тоа се бараше во уметноста, забавната индустрија или музиката. Воопшто не треба да жалиме по загубата на таа вера. Верата во новото е вера во суверениот автор бог и во концептот на комплетно и завршено уметничко дело. Суверениот автор, кој во предмодерниот период беше идентификуван како носител на неспорното семантичко значење на уметничкото дело, е изгубен во процесот на ремиксувањето. Штом некое дело е подложно на репродукција, тоа значи дека е лишено од неговиот автор како единствен деноминирачки фактор на семантичка резонанција. И тука настапува DJ-от, кој миксува и манипулира со композиции, со што тој го заменува авторот како семантички атрибут-фактор, а тој однос уште повеќе се демократизира и либерализира кога забележуваме дека DJ-ите миксуваат музика според реакциите на посетителите на забавите во дискотеките. Според тоа, семантичкото значење на современото музичко (хип-хоп) дело станува проширено и подложно на потенцијално бесконечна (ре)контекстуализација.
Вангел Ноневски е роден 1977 година во Белград. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. За време на студиите повеќе од една година работел како водител во македонското радио „Канал 103“. Досега има издадено три авторски книги: „Музички бриколаж“ (2003 година, „Магор“), „Грамофонот како метаинструмент: од механичка репродукција до ремикс-култура“ (2014 година, „Аксиома“) и „Киборшка естетика: ремикс-апропријација на уметноста“ (2018 година, „Аксиома“); и приредено еден зборник: „Грамофонот како метаинструмент“ (2014 година, „Аксиома“). Неговите интереси и активности се од областите на културата и студиите на ремиксот (од Марсел Дишан,= преку Grandmaster Flash до дигитално-вмреженото село); естетиката и интердисциплинарните студии на интерактивните уметности (од конструираното искуство до еманципацијата и назад); модерната и современата уметност и нејзиниот однос кон семиологијата (од Бенјамин до Дерида и отаде); културните студии (истражувања засновани на филозофијата, современата популарна култура и медиологијата); теоријата на модерната архитектура и јавниот простор; и сè она што влегува во пукнатините меѓу нив… што и да е тоа. Од 2012 до 2018 година бил професор на Универзитетот „Евробалкан“ во Скопје, а од 2015 до 2018 година визитинг-професор на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Од 2018 година работи како вонреден професор на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што предава естетика, филозофија на културата и филозофска антропологија. На Архитектонскиот факултет во Скопје е визитинг-професор на предметот естетика.
Дискусијата ќе ја модерира Ѓорги Пулевски.
Изложби
„Црногорски филмски плакат“ во Кинотеката

Во Кинотеката вчера беше отворена изложбата „Црногорски филмски плакат“.
На пригодната свеченост, со запазување на здравствените протоколи, изложбата ја отворија амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, и директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов.
Во фоајето на Кинотеката се изложени 40-ина плакати на филмови од црногорската кинематографија, но и копродукциски проекти – реализирани главно во втората половина на дваесеттиот век, но и од поновиот период. Повеќето од изложените експонати се дел од единствената оригинална колекција на филмскиот режисер Момир Матовиќ како резултат на неговото децениско трагање по кинотечните архиви, библиотеки, архивите на филмските продуценти и дистрибутери, а некои се откупени од приватни колекционери.
Амбасадорката Марија Петровиќ посочи дека е голема чест и задоволство што деновиве во Скопје е изложена поставката „Црногорски филмски плакат“ на Момир Матовиќ.
„Оваа изложба е само продолжение на културните активности што ги спроведува Амбасадата на Црна Гора во Македонија со цел да се претстават црногорската култура и идентитет на македонската јавност. Во оваа мисија имаме голема поддршка од македонските институции и пријатели, без чија помош не би била можна реализацијата на вакви културни активности. Изработката на филмски плакат е важна за секоја филмска продукција бидејќи претставува своевиден пропаганден материјал, кој на најдобар и најсугестивен начин и овозможува визуелен контакт на публиката со тоа што ќе го види. Би повторила дека е големо задоволство што ја имаме оваа изложба во македонската Кинотека затоа што таа на некој начин е сведоштво и на специфичната, и на општата и на комерцијалната култура. Исто така, изложбата ‘Црногорски филмски плакат’ е сведоштво и на културното наследство на Црна Гора за овој одреден временски период што го покрива“, истакна Петровиќ.
„Црногорската кинематографија во текот на своето создавање, по Втората светска војна, опстанокот и денешното битисување, со продуцираните филмови, изборот на темите, визуелниот идентитет, наградите и признанијата на домашните и светските фестивали, стана незаобиколен сегмент од црногорското културно наследство“, се вели во предговорот на монографијата „Црногорски филмски плакат“.
Изложбата „Црногорски филмски плакат“ е своевиденвиртуелен музеј на црногорската кинематографија во кој можете да сретнете разни филмски стилови и теми, од разни автори (меѓу другите: Живко Николиќ, Здравко Велимировиќ, Вељко Булаиќ итн.), како и мноштво врвни црногорски и и ексјугословенски актери, но и некогашните филмски ѕвезди и од Истокот (Сергеј Бондарчук) и од Западот (Џозефина Чаплин)…
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“