Контакт

Култура

„Петокнижието Исаково“ во издание на Макавеј

Објавено пред

Станува збор за роман од бигарскиот Евреин Анжел Вагенштајн, познат бугарски романсиер и еден од најпопуларните филмски сценаристи во Бугарија, кој беше дел од делегацијата на Евреите од светот по повод свеченото отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје

Овој се повеќе баран роман, „Петокнижието Исаково“, кој на македонски јазик го издаде скопското книгоиздателството Макавеј е дел од трилогијата романи („Петокнижието Исаково“, „Далеку од Толедо“ и „Збогум Шангај“) кои говорат за судбината на Евреите пред и за време на Втората светска Војна.Во превод на Владимир Цветкоски, „Петокнижието Исаково“, на уверлив и трогателен раскажувачки начин, ја претставува приказната за судбината на Исак Блуменфелд, Евреин кој пред и за време на Втората светска војна доживува страотна семејна и лична катаклизма. Тој е мобилизиран и малтретиран од пет режими бидејќи неговото родно село Колодец пет пати влегува во составот на пет различни држави – Австро-Унгарија, Полска, Советскиот Сојуз, нацистичка Германија и, по Втората светска војна, повторно СССР.Романот се темели на обемна документарна подлога и со својата драматичност на собитијата го потврдува правилото дека понекогаш животот е извор на толку голем квантум на непредвидливото поголем од фикционалноста од самата литература. Освен тоа, романот го провира и низа незаборавни еврејски шеги не само за да ја засладат горчливата реалност, туку и зашто ја отелотворуваат хуманистичката основа на филозофијата на Исак.Трилогијата на Анжел Вагенштајн е преведена во сите европски книжевни центри а нејзините дела се закитија со многу меѓународни награди. „Далеку од Толедо“ во 2002 г. ја освои наградата „Алберто Беневист“ од Сорбона, а романот „Збогум Шангај“, ја освои наградата Жан Моне заЕвропска литература во 2004 г.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Четири нови книги од култниот автор Милан Кундера во издание на „Арс Ламина“

Објавено пред

Книгите на Милан Кундера говорат за луѓето, за нивните мисли, чувства и намери, а неодамна на македонски јазик излегоа четири негови дела „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“. Како Чех кој, пак, според пасошот не е со таа националност, веќе со децении наназад живее во Франција. Чехословачка во 1978 година му го има одземено државјанството и на тој начин го има „протерано“ еден од своите најпознати писатели во егзил. Живее повлечено и никогаш не сонувал за враќање во татковината. Чесите долго време мораа да чекаат на неговото враќање, и тоа книжевно, па дури во деведесеттите години, неговите подоцнежни романи се преведени и на чешки јазик. „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“ се издадени од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.

„Шега“

„Шега“ е првиот роман на Милан Кундера, напишан на чешки јазик и објавен во 1967 година. Дејството се протега од крајот на Втората светска војна до настаните пред Прашката пролет кон крајот на шеесеттите години од XX век во тогашна Чехословачка. Роман за нарушената љубов и одмаздата, за разочарувањата од некогашните идеали и, како резултат на тоа, неретко гротескната верба во постигнување на мали, лични победи, за нераскинливата заемна проникливост на шегата со нејзината неминовна повеќезначност – и неретко опачина… „Шега“ се вбројува во стоте книги на векот според „Монд“.

„Животот е на друго место“

Романот „Животот е на друго место“ е напишан и издаден оригинално на чешки јазик во 1969 година, а во 1973, непосредно по неговото објавување на француски јазик, ја добива наградата „Медичи“ (Prix Médicis Etranger).

„Со Дон Кихот и со Госпоѓа Бовари, Животот е на друго место е можеби најстрогото дело што некогаш било напишано против поезијата. Поезијата како привилегирана територија на потврдата, на занесот и на ’автентичноста‘. Поезијата како последното прибежиште на Бога…“, се вели во поговорот од Франсоа Рикар.

„Проштален валцер“

Во едно бањско лекувалиште со застарен изглед, осум личности се фаќаат на еден валцер што се забрзува: една симпатична медицинска сестра, еден гинеколог фантазер, еден богат Американец (понекогаш светец понекогаш Дон Жуан), еден познат трубач, еден стар осуденик, жртва на чистки, кој е на прагот да ја напушти својата земја… Овој роман е еден „сон на летната ноќ“, еден „црн водвиљ“.

Најтешките прашања во оваа книга се поставени со таква леснотија поради која разбираме дека модерниот свет нè лишил од правото на трагичното.

„Смешни љубови“

„Смешни љубови“ е збирка раскази напишани во периодот од 1960 до 1968 година, кога е и објавена, но набргу потоа, по руската инвазија на Чехословачка истата година, е забранета. Главна тема на расказите, како што луцидно навестува и насловот, е љубовта, при што акцентот само навидум е ставен на нејзиниот физички аспект, додека под површината на односите се наѕираат смешните недоразбирања и комичните ситуации во кои се вплеткуваат протагонистите – неретко во мрежата што самите ја сплетуваат за другиот, за партнерот во играта…

Прикажи повеќе...

Култура

„Автобиографија на човекот-гулаб“ од Константин Плевнеш на „Балкан трафик“ во Брисел

Објавено пред

Интернационалниот фестивал на музички, филмски и сценски уметности, којшто 14 години се оджува во Брисел, од 23 до 26 април, оваа година го има своето дигитално издание, во кое вклучи поголем број уметници од земјите на Југоисточна Европа.

Во филмската селекција на фестивалот е избран филмот „Автобиографија на човекот-гулаб“, којшто е прикажан на повеќе фестивали во Европа и светот. Главниот херој на овој филм, Владимир Степановиќ, во 8 минути ја раскажува сопствената драма на исчезнувањето на неговата фамилија и исчезнувањето на поранешна Југославија.

Интересно е да се одбележи дека во 2017 година, „Балкан Трафик“ беше свечено затворен со претставата „Дениција“ од Петре М. Андреевски, исто така во режија на Константин Плевнеш, во изведба на Народниот театар од Охрид, со протагонистите Рубенс Муратовски, Димитрина Мицковска и Саша Ефтимова.

Прикажи повеќе...

Книги

Лидија Димковска на фестивал во Цирих посветен на литературата од Југоисточна Европа

Објавено пред

Од 26 до 28 февруари Домот на литературата во Цирих, Швајцарија, го организира книжевниот фестивал „Денови на литературата од Југоисточна Европа“ на кој покрај Драго Јанчар, Лана Басташиќ, Драган Великиќ, Луљета Лешенаку, Дамир Овчина, Ивана Сајко и други, ќе настапи и македонската писателка Лидија Димковска.

„Литературхаус“ од Цирих веќе шеста година е домаќин на фестивал посветен на литературата на некој регион или земја, а оваа година фокусот е ставен на Југоисточна Европа.

Фестивалот ќе се одржи онлајн, а вклучува читања, панел-дискусии и разговори меѓу избраните автори и нивните преведувачи и модератори. Разговорот со Димковска ќе го води Александер Зицмен, кој е и преведувач на нејзината поезија и проза на германски јазик, а извадоци на германски ќе чита Клаудија Јан.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија5 часа

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија7 часа

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија12 часа

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија12 часа

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија12 часа

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија13 часа

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа13 часа

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион14 часа

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа1 ден

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија1 ден

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ1 ден

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет1 ден

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија1 ден

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија2 дена

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет2 дена

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија2 дена

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија2 дена

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет2 дена

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Досие