Култура
Промоција на првиот портал за археологија
Во Музејот на Македонија денес беше промовирана „Порта археологика“, прв итнернет портал за македонската археологија
Станува збор за индивидуална работа на група ентузијасти кои на овој начин го даваат својот придонес во областа на археологијата.„Основната цел на веб-порталот ‘Порта археологика’ е да се овозможи на идните генерации научници, археолози и сите оние што се заинтересирани за археологијата да добијат релевантни информации. Независно дали се интересирате за одреден археолошки локалитет, или некоја тема, како оружје, или период, на пример – антика, и слично, веб-порталот може да послужи како појдовна точка од каде можете да ги почнете своите истражувања. Тоа е главната цел на порталот“ – објасни Горан Санев, виш кустос археолог во Музејот на Македонија и магистер по археологија.Иницијатор и уредник на „Порта археологика“ е м-р Горан Санев, вработен како виш кустос археолог во Музеј на Македонија. На подготовката на порталот работеа и м-р Александра Папазовска – Санев и м-р Славица Бабамова, виши кустоси археолози во Музеј на Македонија, како и Зоран Ивановски (Порта дигитал) и Благоја Мартиновски (веб-дизајн).„Подготовката на порталот почна во 2000-та година, кога работев на вториот том на изданието Археолошка карта на Македонија, и тогаш пред себе имав богата библиографија од околу 800 единици. Уште тогаш се разви идејата сето тоа да се надополни, да се собере сè што е напишано за археологијата на едно место и од тогаш почна прибирањето на материјалите. Финалната подготовка почна пред две години, кога ги посетивме сите библиотеки и се исцрпи целата библиографија што можевме да ја пронајдеме и сега во промовираниот портал имаме околу 2400 библиографски единици“ – објасни Горан Санев.Библиографскиот каталог во рамки на порталот е првата категорија во секцијата „Библиографија“ која е фокусирана на презентација на научните достигнувања во македонската археологија. Во оваа категорија ги има и селекциите Периодика, Антички извори, Дисертации и Соопштенија.„Причините за подготовка за порталот имаат и друга позадина, бидејќи секогаш во странство за Македонија велат дека е егзотична земја затоа што немаат информации што работиме, не знаат кои се нашите резултати и достигнувања. Со порталот се создава можност странските научници да видат што се работи во областа на археологијата во Македонија, да се развијат нови соработки, да дојдат нови институции кои сакаат да соработуваа со нас. На тој начин ќе се отвориме кон светската археологија, а на тој начин ќе го подигнеме и нашето ниво“.Тимот на „Порта Археологика“ како особено важни ги смета информациите за актуелните случувања во македонската археологија. За пласман на ваквите информации подготвени се селекциите Археолошки ископувања и Настани.Како посебна секцијата на порталот може да се најде единицата Адресар/линкови, преку која секоја заинтересирана странка може да ги добие основните информации за институциите кои се занимаваат со истражувањето и заштитата на археолошкото наследство, нивната контакт адреса и линк до интернет-страницата.Порталот „Порта археологика“ може да се пронајде на веб-адресата www.porta-archaeologica.com.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.
Култура
Почина Георги Сталев Поповски
Друштвото на писателите на Македонија информира дека на 30 декември 2025 година, во 95. година од животот, почина Георги Сталев Поповски, поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки и најстар член на писателската асоцијација.
Георги Сталев Поповски е роден на 22 април 1930 година во Витолиште, а почина во Скопје. Високото образование го завршил на Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на својата богата професионална кариера, меѓу другото, бил и долгогодишен уредник на списанието „Современост“.
Член на Друштво на писателите на Македонија бил од 1956 година, како прв член примен во Друштвото по заслуга на своите достигнувања во областа на книжевниот превод.
Поповски е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои двапати наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за книжевна критика и есеистика, наградата „Златен лавров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ во Сараево (1972), наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за книжевен превод, медалот од Фондот „Лермонтов“ во Москва, како и македонските државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и наградата на Град Скопје „13 Ноември“.
Тој останува актуелен и во 2025 година како еден од авторите на збирката раскази Она што се памети живее („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ, во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на неговиот татко, Стале Попов, корифејот на македонскиот роман.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

