Култура
Научна трибина на ДММ

Во рамките на 34-тите Денови на македонската музика денес се одржа научна трибина со наслов „Културната политика и македонската уметничка сцена“.
Во рамките на 34-тите Денови на македонската музика денес се одржа научна трибина со наслов „Културната политика и македонската уметничка сцена“.Поканети учесници на трибината, која се одржа во Центарот за конференции и студии при Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ беа Маја Таневска, раководител на Сектор за дејностите од областа на културата и уметноста при Министерството за култура на Македонија, Маја Чаначевиќ, директорка на Македонската филхармонија и инструменталист, Живојин Глишиќ, вонреден професор на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) и композитор, Марија Вршкова, уметничка соработничка на ФМУ и пијанистка, и Дамјан Темков, професор во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и композитор. Учесник и, едновремено, модератор на трибината беше Марко Коловски, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) и музиколог.Темите за кои се дискутираше на трибината опфаќаа голема област од музичката уметност, но најмногу се дискутираше за потребата од носење Закон за музичко-сценска дејност, стимулирањето и валоризацијата на творештвото на македонските композитори и музички уметници.Во името на Министерството за култура Маја Таневска ја изложи актуелната состојба во однос на поддршката на проектите од областа на музичката уметност.Музикологот Марко Коловски, во својство на учесник на трибината, нагласи две теми кои негативно делуваат врз развојот на музичкото творештво во Македонија. Според првата тема, во однос на периодот пред дваесет години во Македонија неколкукратно е намален обемот на нови дела. Причината за таквата состојба ја посочи во дисбалансот на вреднувањето на уметничките дела од различните области на уметничкото дејствување.Втората тема на која се осврна Коловски е уништувањето на ансамблите на МРТ, состојба која директно влијае врз новото творештво, бидејќи без ансамблите, како Биг бендот, Танцовиот оркестар и Чалгиите, оневозможено е да се изведуваат голем број музички дела.Директорката на Македонската филхармонија, Маја Чаначевиќ, нагласи дека културната политика е комплексна работа и дека е базирана на интерактивна соработка меѓу институциите и уметниците.Чаначевиќ ја нагласи и потребата да се создадат концертни и менаџерски агенции кои ќе го подигнат нивото на професионалноста на музичките уметници. Во своето излагање директорката на Македонската филхармонија предложи да се востанови конкурс со кој македонските композитори ќе можат да пишуваат дела по нарачка на Филхармонијата.Композиторот Живојин Глишиќ даде краток историски преглед на состојбата со македонското творештво и нагласи дека овој вид дејност е активен по Втората светска војна, односно со големо заостанување зад другите европски држави. Во однос на сегашната состојба истакна дека мора да се прецизира што е уметност, а што не е. Исто така го посочи фактот дека престанувањето на работата на ансамблите при МРТ ја прекина традицијата на негување на фолклорното наследство во Македонија.Пијанистката Марија Вршкова изложи едно свое искуство со проект поддржан од Министерството за култура и потенцираше дека вредноста на средствата што се добиваат како поддршка не се доволни за реализација на понудените проекти.Композиторот Дамјан Темков ја потенцирање улогата на СОКОМ и дека без функционирањето на композиторската асоцијација постои можност да не постои музичко творештво. Како мерка за стимулирање и повисоко вреднување на музичкото творештво предложи да се востанови конкурс за симфониски дела. За актуелната состојба на музичките уметници во Македонија нагласи дека авторите треба самите да вложуваат во себе, во спротивно ќе пропаднат како уметници.Во дебатата по воведниот дел на научната трибина учествуваа повеќе музичари и композитори.Музичарот Дејан Теодосиевски го изложи својот пример како успеал да поднесе амандман за Законот за култура во моментите пред неговото донесување. Со таквото искуство упати апел до Министерството за култура да ги информира музичките уметници за законите и измените кои ги предложува на усвојување во Собранието на РМ пред донесувањето на законите, бидејќи музичарите не размислуваат правнички, туку уметнички.Музичарот Љупчо Мирковски од Музичката продукција на МРТ се осврна на моментите на згаснувањето на оркестрите во куќата, но и го осуди однесувањето на СОКОМ кон другите музички уметници кои не компонираат симфониска музика.На тема вреднување на музичкото творештво зборуваа и Љубиша Кировски и Никола Паскалов. Кировски го потенцираше фактот дека музичарите дејствуваат единствено на база на ентузијазам. Паскалов дополни дека својата кариера ја прави на основа на лична иницијатива и многу саможртви во име на уметничкото творештво. Како дополнителен проблем се појавува отсуството на професионални агенции кои ќе се грижат за музичките уметници.Композиторот Стојан Стојков предложи да се одржи пообемна и повеќеслојна трибина за музичкото творештво бидејќи повеќе години се повторуваат проблемите со валоризацијата на творештвото на македонските композитори. Стојков нагласи дека треба поактивно да се дејствува на правец на политиката што ја водат културните институции во државата. Тој додаде дека носењето Закон за музичко-сценска дејност е неопходност, но и дека треба да се подготват нови Правилници за валоризација на музичките дела и за работата на музичарите. Како позитивен пример ја посочи работата на Маја Чаначевиќ, директорка на Македонската филхармонија.Научната трибина во рамките на 34-тите Денови на македонска музика ја организираа Елени Новаковска, музиколог и Ивона Опетческа – Татарчевска, етномузиколог./крај/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
„Ќерки на прашината” на Џули Даш вечерва во Битола, Скопје и Струмица

По повод „Месецот на црнечката историја во САД“, вечерва во 19 часот, Амбасадата на САД во Скопје и Филмската програма на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ на Тиииит! Инк. – Скопје, во соработка со локалните партнери, организираат симултана проекција на филмот „Ќерки на прашината” на Џули Даш (САД, 1991) во Битола, Скопје и Струмица.
Во Битола, проекцијата ќе се реализира во малата сала на Центарот за култура, во Струмица во Музеј – Струмица, додека во Скопје филмот ќе биде прикажан во Кино Фросина, во Младинскиот Културен Центар.
Визуелно фасцинантното импресионистичко дело на Џули Даш од 1991 година е првиот американски игран филм во режија на Афроамериканка што имал широка кино дистрибуција, а Џули Даш е единствената Афроамериканка чиј игран филм е дел од Националниот филмски регистар на САД. Ова исторски значајно и наградувано дело продолжува да инспирира – албумот „Лимонада“ (Lemonade) на Бијонсе (Beyoncé) е омаж на „Ќерки на прашината”.
„Ќерки на прашината“ е важен филм поради неколку причини: истовремено се спротивставува на линеарното читање на историјата, но и на линеарните структури и форми во филмот, што се историографски поврзани со доминантниот канон на Холивуд. Џули Даш е авторка која е дел од „Одметниците од Ел Еј“ (L.A. Rebellion), група на африкански и афроамерикански филмски автори и авторки со утописки визии и родова чувствителност, кои отворено и храбро ги преиспитуваат сите воспоставени матрици и мудрости, и се идентификуваат со движењата за ослободување во Третиот свет, отворено инсистирајќи на црнечкото. За нас, црнечките слики не се само начин на поставување на црнечкиот американски наратив од маргините кон центарот, туку и на сите други алтернативни наративи: женското, анти-колонијалното, другото,” изјави кураторката Кумјана Новакова.
„И покрај различните мерки и програми за диверзификација на културната сцена, сведоци сме на парадоксална фестивализација и централизација на културата, без систематски, долгорочен план и програма за развој на секторот. Во однос на ова, секој проект од областа на културата и уметноста што обединува различни актери, и што ја отвора и поврзува културната сцена на Македонија, позитивно влијае врз развојот на културата. Тоа е најважната причина зошто се одлучивме филмската програма посветена на различните наративи и другоста да биде претставена паралелно во Битола, Скопје и Струмица. Ова е почеток на нашата определба во иднина програмата на „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ да се реализира и надвор од Скопје, во соработка со локалните заедници и институции.“ изјавија од Тиииит! Инк.
Кураторка на настанот, како и на филмската програма, на Фестивалот „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ е Кумјана Новакова. Визуелниот идентитет и дизајн е на Елена Диновска – Зарапчиев.
Настанот се организира согласно државните протоколи за организирање настани во услови на актуелната Ковид-19 пандемија.
Согласни истите, за проекцијата во Кино Фросина во Скопје Ве молиме да си подигнете бесплатен билет онлајн или на билетарата на МКЦ.
Книги
Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.
На годинашниот конкурс пристигнаа дури 41 роман. Жири-комисијата во првата селекција одбра 18 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, в петок, на 15 март.
Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
Книги
Четири нови книги од култниот автор Милан Кундера во издание на „Арс Ламина“

Книгите на Милан Кундера говорат за луѓето, за нивните мисли, чувства и намери, а неодамна на македонски јазик излегоа четири негови дела „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“. Како Чех кој, пак, според пасошот не е со таа националност, веќе со децении наназад живее во Франција. Чехословачка во 1978 година му го има одземено државјанството и на тој начин го има „протерано“ еден од своите најпознати писатели во егзил. Живее повлечено и никогаш не сонувал за враќање во татковината. Чесите долго време мораа да чекаат на неговото враќање, и тоа книжевно, па дури во деведесеттите години, неговите подоцнежни романи се преведени и на чешки јазик. „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“ се издадени од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.
„Шега“
„Шега“ е првиот роман на Милан Кундера, напишан на чешки јазик и објавен во 1967 година. Дејството се протега од крајот на Втората светска војна до настаните пред Прашката пролет кон крајот на шеесеттите години од XX век во тогашна Чехословачка. Роман за нарушената љубов и одмаздата, за разочарувањата од некогашните идеали и, како резултат на тоа, неретко гротескната верба во постигнување на мали, лични победи, за нераскинливата заемна проникливост на шегата со нејзината неминовна повеќезначност – и неретко опачина… „Шега“ се вбројува во стоте книги на векот според „Монд“.
„Животот е на друго место“
Романот „Животот е на друго место“ е напишан и издаден оригинално на чешки јазик во 1969 година, а во 1973, непосредно по неговото објавување на француски јазик, ја добива наградата „Медичи“ (Prix Médicis Etranger).
„Со Дон Кихот и со Госпоѓа Бовари, Животот е на друго место е можеби најстрогото дело што некогаш било напишано против поезијата. Поезијата како привилегирана територија на потврдата, на занесот и на ’автентичноста‘. Поезијата како последното прибежиште на Бога…“, се вели во поговорот од Франсоа Рикар.
„Проштален валцер“
Во едно бањско лекувалиште со застарен изглед, осум личности се фаќаат на еден валцер што се забрзува: една симпатична медицинска сестра, еден гинеколог фантазер, еден богат Американец (понекогаш светец понекогаш Дон Жуан), еден познат трубач, еден стар осуденик, жртва на чистки, кој е на прагот да ја напушти својата земја… Овој роман е еден „сон на летната ноќ“, еден „црн водвиљ“.
Најтешките прашања во оваа книга се поставени со таква леснотија поради која разбираме дека модерниот свет нè лишил од правото на трагичното.
„Смешни љубови“
„Смешни љубови“ е збирка раскази напишани во периодот од 1960 до 1968 година, кога е и објавена, но набргу потоа, по руската инвазија на Чехословачка истата година, е забранета. Главна тема на расказите, како што луцидно навестува и насловот, е љубовта, при што акцентот само навидум е ставен на нејзиниот физички аспект, додека под површината на односите се наѕираат смешните недоразбирања и комичните ситуации во кои се вплеткуваат протагонистите – неретко во мрежата што самите ја сплетуваат за другиот, за партнерот во играта…
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер