Контакт

Култура

Средба со авторката Румена Бужаровска во „Џубокс“

Објавено пред

Првата пролетна средба на Клубот на читатели во „Џубокс“ е посветена на новото македонско женско писмо, а во недела (27-ми март) во 20 часот гостува Румена Бужаровска

Намерниците и редовните посетители на Клубот на читатели со авторката Румена Бужаровска ќе може да разговараат за нејзината прва книга раскази „Чкртки“. Книгата во издание на „Или Или“ носи поднаслов „Раскази за срамот, стравот и неудобноста“.„Неверојатна е надареноста на Бужаровска да одбере некоја случка од секојдневниот живот, банална во својата суштина, да ја назначи за своја тема, а потоа, низ фантастично детализирана нарација, со кристално јасна и убава лексика, нормални, стварни дијалози или фантастично, од композициски аспект, контролирани монолози, креативно да ве донесе до откровението каде задолжително ќе ви каже: еве зошто ве довлечкав до овде, ова сакав да ви го кажам. А тоа што нѝ го кажува е нејзиниот коментар за одбраната случка, нејзиното видување, кое секогаш е полно топлина, човечност, разбирање на светот и поставеноста на работите во него, разбирање на човекот и неговата (нејзината) психолошка, духовна, емоционална состојба“, вели Драги Михајловски за „Чкртки“.Тоа  претставува навистина одлична препорака и предизвик вечерва да се биде на лице место во „Џубокс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Уште еден концерт „Филхармонија за Филхармонија“

Објавено пред

По првиот камерен концерт кој се одржа на крајот од минатата година, на кој настапија музичари од оркестарот на Филхармонија, овој четврток во 20 часот ќе се одржи уште еден од серијата насловена „Филхармонија за Филхармонија“.

На програмата се дела од Бетовен, Шнитке, Девиен, Шуберт, Премру, Глинка и Барток. Во рамки на програмата ќе настапат квартет „Вива Стрингс“ (Елена Талевска – виолина, Димитар Михајловски – виолина, Дубравка Зајкова – виола, Дејан Теодосиевски – виолончело); триото во кое свират Илза Бафтијари (виола), Илинка Велкова (флејта), Маја Михајловска (виолончело); Пијано трио со Маријана Николовска на пијано, Даниел Лазаровски на виолина, Драган Гоневски на виолончело;Групата виолончела на Филхармонија; Трио тромбони (Бранко Илиевски, Никола Ристески и Александар Ниниќ) и триото во кое свират Елена Талевска(виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Мерсиха Шукри (харфа).

Прикажи повеќе...

Култура

„Ќерки на прашината” на Џули Даш вечерва во Битола, Скопје и Струмица

Објавено пред

По повод „Месецот на црнечката историја во САД“, вечерва во 19 часот, Амбасадата на САД во Скопје и Филмската програма на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ на Тиииит! Инк. – Скопје, во соработка со локалните партнери, организираат симултана проекција на филмот „Ќерки на прашината” на Џули Даш (САД, 1991) во Битола, Скопје и Струмица.

Во Битола, проекцијата ќе се реализира во малата сала на Центарот за култура, во Струмица во Музеј – Струмица, додека во Скопје филмот ќе биде прикажан во Кино Фросина, во Младинскиот Културен Центар.

Визуелно фасцинантното импресионистичко дело на Џули Даш од 1991 година е првиот американски игран филм во режија на Афроамериканка што имал широка кино дистрибуција, а Џули Даш е единствената Афроамериканка чиј игран филм е дел од Националниот филмски регистар на САД. Ова исторски значајно и наградувано дело продолжува да инспирира – албумот „Лимонада“ (Lemonade) на Бијонсе (Beyoncé) е омаж на „Ќерки на прашината”.

„Ќерки на прашината“ е важен филм поради неколку причини: истовремено се спротивставува на линеарното читање на историјата, но и на линеарните структури и форми во филмот, што се историографски поврзани со доминантниот канон на Холивуд. Џули Даш е авторка која е дел од „Одметниците од Ел Еј“ (L.A. Rebellion), група на африкански и афроамерикански филмски автори и авторки со утописки визии и родова чувствителност, кои отворено и храбро ги преиспитуваат сите воспоставени матрици и мудрости, и се идентификуваат со движењата за ослободување во Третиот свет, отворено инсистирајќи на црнечкото. За нас, црнечките слики не се само начин на поставување на црнечкиот американски наратив од маргините кон центарот, туку и на сите други алтернативни наративи: женското, анти-колонијалното, другото,” изјави кураторката Кумјана Новакова.

„И покрај различните мерки и програми за диверзификација на културната сцена, сведоци сме на парадоксална фестивализација и централизација на културата, без систематски, долгорочен план и програма за развој на секторот. Во однос на ова, секој проект од областа на културата и уметноста што обединува различни актери, и што ја отвора и поврзува културната сцена на Македонија, позитивно влијае врз развојот на културата. Тоа е најважната причина зошто се одлучивме филмската програма посветена на различните наративи и другоста да биде претставена паралелно во Битола, Скопје и Струмица. Ова е почеток на нашата определба во иднина програмата на „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ да се реализира и надвор од Скопје, во соработка со локалните заедници и институции.“ изјавија од Тиииит! Инк.

Кураторка на настанот, како и на филмската програма, на Фестивалот „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ е Кумјана Новакова. Визуелниот идентитет и дизајн е на Елена Диновска – Зарапчиев.

Настанот се организира согласно државните протоколи за организирање настани во услови на актуелната Ковид-19 пандемија.

Согласни истите, за проекцијата во Кино Фросина во Скопје Ве молиме да си подигнете бесплатен билет онлајн или на билетарата на МКЦ.

Прикажи повеќе...

Книги

Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 41 роман. Жири-комисијата во првата селекција одбра 18 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, в петок, на 15 март.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме низ целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија1 час

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувашењето...

Свет10 часа

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Македонија15 часа

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија16 часа

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија17 часа

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Македонија19 часа

СДСМ: Немаме допирни точки со изнесените ставови на Љубчо Георгиевски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се согласува со предлогот што го изнесе експремиерот, Љубчо Георгиевски, за решавање на спорот со...

Топ20 часа

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија22 часа

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион23 часа

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет23 часа

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство. Полицијата...

Свет2 дена

(Видео) На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од Лондон

Санта мраз, поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната...

Македонија2 дена

Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да...

Македонија2 дена

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ. Екипа на Брза помош му помогнала...

Македонија2 дена

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на протестот

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за...

Македонија2 дена

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Европа2 дена

Коронавирусот повторно ја затвора Европа

Повеќето европски земји повторно се одлучија за затворање и построги мерки за справување со новиот бран на коронавирус, откако новите...

Македонија2 дена

Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари...

Македонија2 дена

Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово информираше на социјалните мрежи дека е заразен со Ковид-19. „По забележаните првични полесни симптоми,...

Македонија2 дена

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот. Иселениците ќе можат апликацијата за самопопишување да ја најдат на веб...

Досие