Култура
На тендер ќе се бира претстава со која ќе се отвори „Стар театар“

Подготовките за пуштање во употреба на новата зграда стар театар се во полн ек. Министерството за култура на тендер ќе ја одбере претставата со која ќе биде отворена сцената на театарот
„Во текот на идната недела Министерството за култура ќе распише отворен конкурс за драмски текст со кој свечено ќе биде отворен возобновениот Стар театар“, најави министерката Елизабета Канческа Милевска.„Во конкурсот ќе бидат нотирани сите технички карактеристики, сценската технологија сценската механика, сценското светло како и современите аудио и видео системи по сите европски стандарди и норми. Сегментите ќе овозможат актерската игра да е проследена со сето она што е дел од сите светски сцени“, појасни министерката. „Сигурна сум дека оваа сцена ќе биде местото на кое театарот и животот ќе бидат едно исто и нема да бидат едно исто . Театарот е авантура во која сонуваме со отворени очи. Наша голема заложба ќе биде наредната година на истиот овој ден, на светскиот ден на театарот заеднички да ја проследиме премиерата во овој нов театар“, кажа министерката Канческа – Милевска, на одбележувањето на светскиот ден на театарот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Со филмот „Совршената дадилка“ ќе се отвори Месецот на франкофонијата

В четврток, 4 март 2021, во 20 часот, во Кинотеката ќе се одржи премиера на филмот „Совршената дадилка“, со што ќе се отвори Месецот на франкофонијата.
Се работи за екранизација на истоимениот славен роман на Лејла Слимани за кој авторката во 2016 година ја доби Гонкуровата награда, а е во режија на Лиси Борлето (2019, 1h40).
Главните улоги ги толкуваат Карин Вијар, Лејла Бекти и Антоан Рајнхард.
„Еден особено напнат трилер во стилот на Хичкок и Полански, суптилен и динамичен. Филмот совршено ги отсликува стравовите на модерното време“ (критика на магазинот „Трансфуж“), а неделникот „Ле Поен“ ќе напише „брилијантен и истовремено застрашувачки“.
Филмот е со превод на македонски јазик.
Пред проекцијата ќе се одржи промоција на преводот на македонски јазик на истоимениот роман од страна на издавачот „Антолог“, чие издание беше поддржано од страна на Францускиот институт во Париз во рамките на програмата за поддршка на издавачката дејност во други земји.
Резервација на влезници во Кинотеката на Северна Македонија, а проекцијата ќе се изведе во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19. Бројот на влезници е ограничен на 30.
Култура
Мариово и Трескавец во петте финалисти за наградата за најдобра филмска локација

Агенцијата за филм од денеска ќе биде присутна во рамки на виртуелното издание на Европскиот филмски маркет, кој се одржува во период од 1 до 5 март. Оваа година поради пандемијата, значајниот европски филмски маркет на кој присуствуваат голем број европски и светски филмски имиња се одвива во виртуелен формат.
Оваа година Агенцијата за филм закупи дигитален простор наменет за промоција на македонската кинематографија. На својот промотивен профил вклучени се информации за институцијата, но и она што може да го очекуваме во периодот што следи а се однесува на најновите остварувања кои во моментов се во завршна фаза на реализација.
Ова претставува одлична можност за поголема видливост на македонскиот филм и можност за остварување контакти и потенцијални соработки важни за развој на дејноста.
Меѓу другото, како дел од активностите во кои Агенцијата за филм зема учество, а се одржуваат во соработка со филмскиот маркет е и претставувањето на нашата млада ѕвезда Сара Климоска, која е дел од иницијативата Shooting Stars во организација на European Film Promotion. Активностите за промоција на 10-те млади европски таленти опфатија бројни интервјуа со медиуми, како и можности младите таленти да бидат претставени пред кастинг-директори и филмски професионалци. Како еден од поддржувачите на Shooting Stars 2021 e и Агенцијата за филм која воедно го номинира македонскиот кандидат за оваа награда за која земјите членки на EFP (37 на број) имаат можност да предложат по еден кандидат, а само 10 ѕвезди ја имаат привилегијата да бидат добитници на истата.
Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN) кој е партнер на Европскиот филмски маркет, по четврти пат доделуванаграда за најдобра филмска локација (“Location award”), за локации кои се појавуваат во филмови од изминатата година. Ова е една до најважните награди за промоција на атрактивни локации за снимање на филмови. Како долгогодишна членка на Европската мрежа на филмски комисии, Агенцијата за филм за изминатата година го пријави прилепскиот регион, односно Мариово и Трескавец, атрактивните локации кои се појавуваат во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски. Од вкупно 28 апликации, С Македонија се наоѓа меѓу петте финалисти од Словачка, Германија, Италија и Литванија.
Ова е втора година по ред како нашата земја е дел од финалистите, по минатогодишната номинација на локацијата каде е снимена „Медена земја“.
На 2 март ќе се одржи програмскиот дел на Европскиот филмски маркет каде што продуцентите ќе имаат можност да ги претстават своите локации, виртуелно да разменат искуства и да се запознаат меѓу себе, а на крајот следи и доделувањето на Location Award.
концерти
Уште еден концерт „Филхармонија за Филхармонијата“

По првиот камерен концерт, кој се одржа на крајот од минатата година, на кој настапија музичари од оркестарот на Филхармонијата, овој четврток, во 20 часот, ќе се одржи уште еден од серијата со наслов „Филхармонија за Филхармонијата“.
На програмата се дела од Бетовен, Шнитке, Девиен, Шуберт, Премру, Глинка и од Барток. Во рамките на програмата ќе настапат квартет „Вива стрингс“ (Елена Талевска – виолина, Димитар Михајловски – виолина, Дубравка Зајкова – виола, Дејан Теодосиевски – виолончело); триото во кое свират Илза Бафтијари (виола), Илинка Велкова (флејта), Маја Михајловска (виолончело); пијано-триото со Маријана Николовска на пијано, Даниел Лазаровски на виолина, Драган Гоневски на виолончело; групата виолончела на Филхармонијата; трио тромбони (Бранко Илиевски, Никола Ристески и Александар Ниниќ) и триото во кое свират Елена Талевска (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Мерсиха Шукри (харфа).
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер