Култура
Московски ансамбл за крај на 34-тите ДММ

Московскиот ансамбл за современа музика ќе настапи на затворањето на 34-тите Денови на македонска музика.
Московскиот ансамбл за современа музика ќе настапи на затворањето на 34-тите Денови на македонска музика.Ансамблот е формиран во 1990 година по иницијатива и силна поддршка на Едисон Денисов, руски композитор кој во времето на Советска Русија бил познат како припадник на андерграундот, односно алтернативната, антиколективистичката и антиконформистичката струја во руската музика. Основач на ансамблот е композиторот Јури Каспаров.Во Скопје пристигнаа пет музичари од Московскиот ансамбл за современа музика предводени од менаџерката Викторија Коршунова.Програмата на концертот, што ќе се одржи вечерва во Музејот на град Скопје, содржи дела на македонските композитори Гоце Коларовски, Михаило Трендафиловски, Јана Андреевска и Сони Петровски, и руските композитори Олег Пајбердин, Алексеј Сјумак, Сергеј Невски и Дмитриј Курљандски.Пред концертот ќе бидат промовирани два компакт-диска во издание СОКОМ со музика од современи македонски композитори изведена на ДММ 2009 и ДММ 2010.Пред синоќешниот Камерен концерт на ДММ беше промовиран компакт-дискот на македонската пијанистка Марија Вршкова.„Марија Вршкова е еден од ретките македонски музичари коишто уште од најрани денови јасно го изрази својот интерес за современата музика, а особено кон македонската музика напишана за пијано. Објавувањето на компакт-дискот на Вршкова ми причинува големо задоволство, бидејќи се појавува во период кога секој уметник веќе треба да има свое цеде. Тоа е периодот кога уметникот е во своите најубави и најплодни години и возраст кога е во полна сила. Огромно задоволство ми причинува фактот што Вршкова избра да се претстави како врвен уметник само со дела од македонски автори. Мислам дека тоа е голем комплимент за сите композитори чии дела се објавени на компакт-дискот на Марија Вршкова“ – изјави композиторката Јана Андреевска во својство промотер на изданието.Компакт-дискот е издание на СОКОМ во соработка со Македонската радиотелевизија. На цедето се застапени композиции од македонските автори Томислав Зографски, Гоце Коларовски, Драган Стојковски, Властимир Николовски, Сони Петровски и Јана Андреевска.„Пијанистката Марија Вршкова искажува особен творечки интерес кон новосоздадената музика, вклучувајќи ги делата од македонските композитори. Тоа е професионален ангажман за кој е потребно големо љубопитство, творечки инстинкт, истражувачка храброст и фантазија, и пред сè, врвен пијанизам. Такво пијанистичко умеење кое го оживотворува изведеното дело, зашто сепак, станува збор за дела кои во најголем број случаи сè уште ја бараат својата афирмација и пат“ – нагласи музикологот Снежана Анастасова-Чадиковска во текстот „Музичар со сопствена ѕвезда“ подготвен за промоцијата на дискот на Марија Вршкова.„На компакт-дискот Вршкова ни открива сопствена лиричност и обоеност во често изведуваната Суита на Томислав Зографски, доминантно ја гради кулминацијата на Тешкото за виолончело и пијано на Властимир Николовски, ги обојува со специфичен хумор не лесните виртуозни дела на Јана Андреевска, покажува извонреден усет за заедништво и динамичност во делото за пијано и оркестар на Сони Петровски, со особена страст и посветеност им приоѓа на делата на Гоце Коларовски, наоѓа љубов и внимание за делото на младиот композитор Драган Стојковски“ – нагласи Снежана Анастасова-Чадиковска со прецизно нијансирање на делата објавени на компакт-дискот.На синоќешниот Камерен концерт во рамките на 34-тите Денови на македонска музика беа изведени дека од македонските композитори Драган Стојковски, Теа Богатинова, Борис Светиев, Ана Пандевска, Фатос Љумани, Валентина Велковска-Трајановска, Михаило Трендафиловски и Елизабета Илиевска-Бете./крај/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
„Автобиографија на човекот-гулаб“ од Константин Плевнеш на „Балкан трафик“ во Брисел

Интернационалниот фестивал на музички, филмски и сценски уметности, којшто 14 години се оджува во Брисел, од 23 до 26 април, оваа година го има своето дигитално издание, во кое вклучи поголем број уметници од земјите на Југоисточна Европа.
Во филмската селекција на фестивалот е избран филмот „Автобиографија на човекот-гулаб“, којшто е прикажан на повеќе фестивали во Европа и светот. Главниот херој на овој филм, Владимир Степановиќ, во 8 минути ја раскажува сопствената драма на исчезнувањето на неговата фамилија и исчезнувањето на поранешна Југославија.
Интересно е да се одбележи дека во 2017 година, „Балкан Трафик“ беше свечено затворен со претставата „Дениција“ од Петре М. Андреевски, исто така во режија на Константин Плевнеш, во изведба на Народниот театар од Охрид, со протагонистите Рубенс Муратовски, Димитрина Мицковска и Саша Ефтимова.
Книги
Лидија Димковска на фестивал во Цирих посветен на литературата од Југоисточна Европа

Од 26 до 28 февруари Домот на литературата во Цирих, Швајцарија, го организира книжевниот фестивал „Денови на литературата од Југоисточна Европа“ на кој покрај Драго Јанчар, Лана Басташиќ, Драган Великиќ, Луљета Лешенаку, Дамир Овчина, Ивана Сајко и други, ќе настапи и македонската писателка Лидија Димковска.
„Литературхаус“ од Цирих веќе шеста година е домаќин на фестивал посветен на литературата на некој регион или земја, а оваа година фокусот е ставен на Југоисточна Европа.
Фестивалот ќе се одржи онлајн, а вклучува читања, панел-дискусии и разговори меѓу избраните автори и нивните преведувачи и модератори. Разговорот со Димковска ќе го води Александер Зицмен, кој е и преведувач на нејзината поезија и проза на германски јазик, а извадоци на германски ќе чита Клаудија Јан.
Култура
„Кожурец“ – филм за растењето и будењето премиерно во Кинотека

Заводливата приказна за полнолетството и сексуалното будење „Кожурец“ на германската режисерка Леони Крипендорф вечерва (25 февруари) во 20 часот ќе има премиерно прикажување во Кинотеката на Северна Македонија.
Филмот учествуваше во официјалната програма на Берлинале 2020 и беше номиниран за наградите „Сребрена мечка“ и „Теди“ во програмата наменета за младите гледачи (Generation 14+). Учествуваше и на фестивалите во Сао Паоло (Бразил) и Гвадалахара (Мексико).
Берлинската населба Кројзберг е микрокосмосот на Нора. Нора, тивок набљудувач, секогаш тагира на социјалните мрежи: на забавите, во училиште, на базен, на покривите и во апартманите. Заедно со постарата сестра и со пријателите талкаат по здодевниот пејзаж на станбените блокови, набљудувајќи ги минувачите: девојчиња што сакаат да бидат витки и убави, момчиња што „тресат“ глупости само за да провоцираат или затоа што се вљубени. Сето тоа забележано од камерите на паметните телефони. Нора на посебен начин го набљудува светот околу неа, и кога ќе го запознае Роми ќе сфати зошто: музиката е во воздухот, телото на Нора се менува, а гасениците излегуваат од нивните кожурци. Филмот го бележи летото на промени кај Нора…
Филмот е наменет за возрасна категорија над 12 години.
Дистрибутер е „Катавеј“ од Скопје, а дистрибуцијата е поддржана од Германскиот филмски фонд.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер