Култура
Сто години од раѓањето на Белогаски
Во Музејот на град Скопје од синоќа е отворена изложбата „Сто акварели за 100 години од раѓањето на Љубомир Белогаски“. На изложбата се изложени 20 дела од донацијата во Музејот на град Скопје и 80 досега неизложени дела на Љубомир Белогаски од приватни колекции.
Во Музејот на град Скопје од синоќа е отворена изложбата „Сто акварели за 100 години од раѓањето на Љубомир Белогаски“. На изложбата се изложени 20 дела од донацијата во Музејот на град Скопје и 80 досега неизложени дела на Љубомир Белогаски од приватни колекции.Поставувањето на изложбата во Музејот на град Скопје е несекојдневен настан што се случува еднаш на сто години. Одбележувањето на стотиот роденден на големиот човек, уметник и педагог, Љубомир Белогаски, е дел од годишната програма на Министерството за култура за одбележување значајни јубилеи во областа на уметноста.„На 15 април се навршија сто години од раѓањето на академскиот сликар и педагог Љубомир Белогаски. Затоа, со особена почит се потсетуваме на неговиот лик и дело, на неговиот хуман гест да подари дела од своето творештво, вреден легат во Музејот на град Скопје. Во знак на сеќавање и пиетет кон Љубомир Белогаски, еден од основоположниците на современата македонска уметност и врвен мајстор на акварелот ја организираме оваа изложба“ – изјави Љубица Кондијанова, директор на Музејот на град Скопје.На отворањето на изложбата се обрати уметникот и професор Владимир Георгиевски, кој своевремено бил ученик на Љубомир Белогаски.„Секое човеково раѓање вредно е да се одбележи, зашто раѓањето е космичка димензија, а заминувањето од овој свет е небесна тајна. Творештвото на Љубомир Белогаски е темел на современата македонска ликовна уметност. Акварелните слики уште од најстарите времиња го живееја светот како контемплација и како уметност. Тие, кај Љубомир Белогаски, со задоволство на духот што ја слави природата и во неа ја открива радоста на интелектот што одново го создава светот и човекот во него, ја слават природата. Акварелот како сликарство за Белогаски е мисија на неговата творечка мисла која бара да го разбере светот како цртеж и боја, како емоција исполнета со светлина, како музика. Таа светлина кај него е одблесок на неговата духовна вертикала која низ делото што го создава им служи на луѓето“ – нагласи Владимир Георгиевски.Љубомир Белогаски е творечка личност со јасно препознатлив сликарски знак. Одредени искуства од европската ликовна сцена тој ги протолкувал како своја внатрешна состојба. Белогаски беше уметник и професор. Своите ученици ги советувал како може да се открие душата на човекот.„Треба мошне внимателно да се гледа човековото лице, да се потоне во него“- потенцираше Георгиевски како некогашен ученик на Белогаски.„Во Музејот на град Скопје имаме неповторлива можност да навлеземе во суштината на македонскиот ликовен идентитет, да видиме дел од творештвото на визионерот кој го трасираше патот на македонското сликарство, да направиме пресек на творечкиот мозаик на врвниот мајстор на акварелот, големиот Љубомир Белогаски“ – изјави Елизабета Канческа Милевска.Во делата на Белогаски се огледуваат стрмните и сурови планински масиви, старата градска архитектура, чистите предели, небото, морската површина. Тоа се пејзажи кои ја отсликуваат лиричната душа и смирениот дух на Белогаски.На отворањето на изложбата беа доделени благодарници на луѓето кои се втемелија во формирањето на донацијата и галеријата „Љубомир Белогаски“ при на Музејот на град Скопје. Благодарници добија семејството на Илија Илиевски, Климе Коробар, Владимир Георгиевски, Ефтим Клетников и Дора Андова Фотева. Благодарница доби и министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска./крај/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.
Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.
Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.
Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.
„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.
Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.
Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.
Култура
Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија
Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.
Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.
Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.
Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.
Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.
Целосна ПРОГРАМА
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

