Култура
Американец подарил слика на Пикасо на универзитетот во Сиднеј
Непознат Американец подарил слика на Пикасо проценета на над 10 милиони евра на универзитетот во Сиднеј, под услов приходот да се искористи во научни цели
Сликата „Девојката што спие“ од 1935 ќе биде понудена на аукција што на 21. јуни ја организира лондонската куќа Christie’s. Нејзината вредност се проценува меѓу 10,1 и 13,5 милиони евра.„Тоа е вистински бисер меѓу делата на сликарскиот гениј на западната уметност и среќни сме што со неговата продажба на аукцијата ќе му помогнеме на сиднејскиот универзитет“, изјави Џована Бертазони, која во Christie’s се занимава со импресионистите и модерната уметност.Со парите од продажбата ќе се финансира новата установа за истражување на дијабетисот и срцевите болести.Девојката од сликата е всушност Мари-Тереза Валтер, што Пикасо ја запознал во 1927. година, кога имал 45 години, а таа 17, и која подоцна ќе му стане љубовница.Мари-Терз имала 17 години кога го запознала тогаш 45-годишниот Пабло Пикасо. Нивната врска долго време била држена во тајност, како поради нејзините години, така и поради фактот дека славниот сликар бил женет со руската балерина, Олга Кохлова.Во една прилика, Мари-Терез изјавила дека ништо не знаела за Пикасо пред да го запознае. Тие првпат се сретнале на железничка станица кога уметникот и пришол и и рекол „Јас сум Пикасо – вие и јас ќе направиме големи работи заедно“.Мари-Терез, која со Пикасо ја имала ќеркичката Маја, инспирирала неколку дела како што се „Сон“ и „Акт, зелени лисје и биста“.Во февруари годинава на аукција во Лондон за сума од 25,24 милиони фунти беше продадено платното „La Lecture“ („Читање“) на кое исто така Пикасо ја насликал својата љубовница Мари-Терез Валтер.Во март најскапата слика кога и да е продадена на некоја аукција, „Акт, зелени лисје и биста“ дело на славниот Пабло Пикасо првпат беше јавно е изложена во лондонската галерија „Tate“.Делото на Шпанецот изработено во 1932 г. кое минатата година на аукција на Christie’s во Њујорк беше продадена за 106,5 милиони долари, анонимниот приватен колекционер ја позајми на славната лондонска галерија каде ќе биде изложена во новиот музејски дел посветен на Пабло Пикасо.„Станува збор за едно од серијата дела на кои е насликана една од музите на Пикасо, Мари-Терез Валтер, а насликана е во Буасгелуп во Нормандија, на почетокот од 1932 г.“, изјави по тој повод Никлас Серота, директор на музејот „Tate“. Тој додава дека станува збор за едно од најдобрите дела на Пикасо од неговата ткн. Меѓувоена фаза.Пикасо поради возраста на Мари-Терез Валтер и бракот со Олга Кохлова ја криел својата врска. Ова дело е скриен портрет на тогаш 26-годишната Мари-Терез Валтер.Пред да биде продадена минатиот мај, сликата повеќе од 60 години беше дел од приватната колекција на Сидни и Франк Броди од Лос Анџелес. Тие ја купиле сликата во 1951 г. од компанијата „Paul Rosenberg & Co.“, која има седишта во Париз и во Њујорк, којашто, пак, ја купила од самиот Пикасо во 1936 г. Во текот на овој шестедецениски период, сликата била изложена само еднаш – во 1961 г., по повод 80-от реденден на Пабло Пикасо.Мари-Терз имала 17 години кога го запознала тогаш 45-годишниот Пабло Пикасо. Нивната врска долго време била држена во тајност, како поради нејзините години, така и поради фактот дека славниот сликар бил женет со руската балерина, Олга Кохлова.Во една прилика, Мари-Терез изјавила дека ништо не знаела за Пикасо пред да го запознае. Тие првпат се сретнале на железничка станица кога уметникот и пришол и и рекол „Јас сум Пикасо – вие и јас ќе направиме големи работи заедно“.Мари-Терез, која со Пикасо ја имала ќеркичката Маја, инспирирала неколку дела како што се „Сон“ и „Акт, зелени лисје и биста“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Герасимовски со ансамблот „Орце Николов“: Македонската традицијата е дел од нашата програма
По повод 80 години постоење на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со раководството на културно-уметничкото друштво.
На средбата се разговараше за тековните културни активности во општината и можностите за понатамошна соработка меѓу Општина Центар и ансамблот.
„Со Ансамблот имаме одлична соработка. Во рамки на програмата за култура, ансамблот доби и финансиска поддршка за проектот „80 години волшебен свет на фолклорот“, со што продолжуваме да вложуваме во негувањето на народната уметност“, порача градоначалникот Герасимовски.
Тој нагласи дека локалната самоуправа е силен поддржувач на културата и народното творештво.
„Во изминатиот период значително ги зголемивме вложувањата во културата, а за 2026 година буџетот за култура изнесува 26 милиони денари. Преку бројни манифестации овозможуваме културни содржини што ги обединуваат граѓаните од сите возрасти. Културата е и ќе остане наш приоритет“, рече Герасимовски.
Култура
Софија Стојанова – автор на најдобрата беседа на конкурсот во чест на Прличев
Годинашен добитник на наградата за најдобра беседа за 2026 од конкурсот што го распиша НУ Библиотека „Григор Прличев“ на тема: „По песната птиците се разликуваат“е Софија Стојанова. Таа е ученичка во втора година во гимназијата „Јане Сандански“во Струмица.
Нејзината беседа беше под шифра „Тивериопол“, таа го докажа авторството, а Библиотеката доби потврда и од нејзината професорка по македонски јазик и литература Боркица Филева.
„Добивањето на наградата на конкурсот распишан од Библиотеката во Охрид за мене претставува исклучително значајно признание и длабока лична радост. Овој успех не го доживувам само како потврда за мојот труд, туку и како охрабрување да продолжам уште посветено да се надградувам и да го следам патот на знаењето. Ова признание претставува поттик да бидам уште поодговорна кон сопствените цели и уште похрабра во остварувањето на своите соништа“, изјави Стојанова за веб страницата на Библиотеката.
Дека Софија е млад веќе изграден автор сведочат и наградите кои само во изминатите две години ги освоила на полето на литературата:
2025 – Диплома за прво место на литературниот конкурс ,,Со својот живот Ацо Шопов опеал дело, а во своите дела, го опеал животот”- Оштина Штип
2025 -Прва награда на литературниот конкурс ,,Топли гнезда”- Општина Струмица
2025 – Диплома за прво место на конкурсот ,,Дигитални човекови права и приватност во ерата на технологијата”- Општина Струмица
2025 – Прва награда на литературниот конкурс ,,Моето посебно другарче”- Општина Струмица
2024- Диплома за прво место на конкурсот ,,Тишината понекогаш зборува најгласно и најдобро за делата и поетот Ацо Шопов”- Општина Штип
На младата Софија Стојанова автор на најдобрата беседа на шести февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ во Охрид ќе и биде доделена парична награда од 9.000 денари и признание со ликот на Прличев.
Култура
Кинотеката ја објави програмата за февруари: тивки гласови, силни приказни и филмот како чин на сеќавање
Програмата на Кинотека на Македонија за февруари 2026 година претставува внимателно изграден мозаик од современи авторски визии и значајни европски остварувања, кој уште еднаш ја потврдува Кинотеката како простор на мисла, чувствителност и отпор кон заборавот. Ова не е програма што нуди лесна забава, туку покана за длабинско гледање и активно учество во филмот како уметнички и етички чин, велат од Кинотеката.
Во центарот на вниманието е актуелниот филм на Тамара Котевска, авторка чиј сензибилитет се движи меѓу документарното и поетското, помеѓу човекот и пејзажот, помеѓу исчезнувањето и траењето. Нејзиното дело продолжува да ја истражува кревката рамнотежа помеѓу личното сведоштво и универзалната грижа за светот што го населуваме. Во истата линија на тивка, но моќна авторска исповед се вклучува и документарецот „Приказната за Сиљан“, филм што преку интимна нарација отвора пошироки прашања за идентитетот, наследството и човечката потреба да се раскаже сопствената приказна.
Февруарската програма го вклучува и новиот филм на култниот независен автор Џим Џармуш. Неговата минималистичка естетика, тивки паузи и егзистенцијален хумор повторно нè потсетуваат дека филмот може да биде простор на созерцание, а не само на наративна ефикасност. Џармуш останува еден од ретките автори што доследно ја брани слободата на независниот филм.
Европската селекција ја проширува програмата со филмовите „Љубовта што останува“, „Луда љубов“, „Двајца обвинители“, „Приватен живот“ и „Ромериа“ — остварувања што низ различни поетики и жанровски регистри се занимаваат со интимноста, вината, правдата и кревките човечки односи во современиот свет. Овие филмови не нудат конечни одговори, туку отвораат простор за сомнеж, емпатија и морална дилема, токму онаму каде европскиот авторски филм е најсилен.
Посебно значајна е и програмата за најмладата публика, со избор на квалитетни анимирани филмови за деца, кои не ја потценуваат својата публика. Преку јасна визуелна имагинација и внимателно обликувани приказни, тие носат сериозни пораки за емпатијата, различностите, пријателството и одговорноста — градејќи темели за идни гледачи што ќе умеат да гледаат, а не само да консумираат.
„Февруари 2026 во Кинотеката на Македонија не е само месечна програма, туку јасна изјава за филмот како уметност што мисли, чувствува и памети. Простор каде тишината зборува, а сликите остануваат долго по завршувањето на проекцијата“, велат од таму.

