Култура
Седмиот „Астерфест“ подготвен за почеток
Програмата за реализација на седмото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ во Струмица се подготвени за почеток.
Програмата за реализација на седмото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ во Струмица се подготвени за почеток.Селекторката Астрид Бусинк од Амстердам ги одбираше документарните филмови според темата „Блиско, а далечно“. За одбраната селекција самата нагласи: „Од Шпанката која ги брои луѓето што поминуваат до љубовното писмо читано од туѓинци или средбата со Хитлер, годинашниот избор на документарни филмови е разнобојна мешавина која патува низ време, места и емоции. Без разлика дали ја гледаме емиграцијата на семејството Туарези, старите нацистички снимки, шивачките или обезбедувањето на врата на ноќен клуб, колку и да е тоа далеку или одамна, во овие филмови се е лично“.Омар Абу ел Руб од Белград, селектор на кратките играни филмови одбрани под темата „Љубов и отуѓување“, за својата селекција нагласи дека од „Станка која си оди дома“ преку „Комшијата“ до „Патувањето без враќање“, авторите од Далечниот Исток до северот на Запад, ни прикажуваат колку е кревка човечката љубов и колку брзо се отуѓуваме. Промислувањето за поголема хуманост, е и во самите наслови. Желбата да го направиме тој „Еден чекор“ кон блискоста, да излеземе од „Кафезот“ на предрасудите и да престанеме да се „Чувствуваме дека не ни е до танц“ – е смислата на овие кратки филмови. Тоа и не’ потсетува дека сите ние, од „Љубов“ сме постанале, со „Жар“.За наградите Златна, Сребрена и Бронзена потковица, изработени од Ричард Климеш, ќе се натпреваруваат филмовите: „Без љубов“ на Биргит Стермос (Данска), „Геринговото жезло“ на Пиа Андел (Финска), „Драга Ана-Марика“ на Ана-Марика Графманс (Холандија), „Пандора“ на Виргил Верниер (Франција), „Пат на Туарег, во еден правец“ на Фабио Скарамачи (Италија), „Патот на Марија“ на Ане Милне (Шпанија), „Трикленд“ на Изабел Толенаре (Белгија), „Тусилаго-астроцвет“ на Јонас Одел (Шведска) и „Шивачките“ на Билјана Гарванлиева (Македонија/Германија).За наградата за најдобар краток игран филм во компетиција ќе бидат „Еден чекор“ на Фариз Ахмедов и Наргиз Багирзаде (Азербејџан), „Жарче“ на Томи Алексов (Македонија), „Збогум, комшија“ на Роберт-Јан Вос (Холандија), „Кафезот“ на Адријан Ситару (Романија), „Не ми се танцува“ на Јоаким Долхорф и Еви Голдбринер (Германија), „Патување без враќање“ на Гуцлу Јаман (Турција), „Станка си оди дома“ на Маја Виткова (Бугарија) и „Страст“ на Гунхилд Енгер и Мариус Екведт (Норвешка).Во натпреварувачката категорија за наградата за најдобар анимиран филм се филмовите: „Венди-момата“ на Еми Александер (Австралија), „Излегуваш“ на Макс Либих (Австрија), „Иглмановиот елен“ на Мики Плиз (Велика Британија), „Парада“ на Пјер-Емануел Лиет (Франција), „Татковина“ на Хуан де Диос Марфил (Чешка) и „Хансел и Гретел“ на Гоце Цветановски (Македонија).Членови на меѓународното стручно жири ќе бидат д-р Сашко Насев (македонски сценарист и драмски писател), Соња Хенричи (предавач и продуцент во Шкотскиот документарен институт) и Кимон Цакирис (автор и режисер од Грција).Свеченото отворање на седмиот „Астерфест“ ќе се одржи на 27 мај во големата сала во НУЦК „Антон Панов“ при што ќе има свечени обраќања на покровителите и доделување на наградите на тројцата лауреати Лаила Пакалнина од Латвија, Тимоти Бајфорд од Англија и нашиот Салаетин Билал. Веднаш потоа ќе следува македонската и фестивалска премиера на краткиот игран филм „Жарче“ на Томислав Алексов, како и проекцијата на австрискиот анимиран филм „Излегуваш“ на Макс Либих и на финскиот документарец „Геринговото жезло“. Истата вечер ќе се одржи и филмски маратон на седум ексклузивни кратки филмови кои ќе се прикажуваат до полноќ.Годинашното фестивалско мото „Струмица, отвореност, креација“ ќе се реализира во НУЦК „Антон Панов“ и во новата летна амфитеатрална сцена во Градскиот парк, каде ќе се одржуваат проекции од 20,30 часот. Во дворот на Манастирот на „Пресвета Богородица“ во Вељуса на 28 мај ќе се одвиваат „Тивериополските беседи“ во чест на тројцата годинашни специјални гости. Секојдневно ќе се одржуваат средби со авторите, а на 29 мај е планиран и Мастер клас со Лаила Пакалнина.На „Астерфест“ годинава вкупно ќе се прикажат 50 филмови од дваесетина држави, меѓу кои повеќето се претставници на европските кинематографии, а има филмови и од САД и Австралија. Ќе бидат претставени и блокот „Мувиленд“ со неколку современи хрватски кратки филмови, ќе се промовира Шкотскиот краток блок од Единбург, како и блокот на наградени филмови од Швајцарскиот фестивал за едноминутни филмови. Фестивалот ќе се одржи од 27 до 31 мај./крај/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.
Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.
Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.
Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.
„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.
Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.
Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.
Култура
Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија
Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.
Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.
Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.
Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.
Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.
Целосна ПРОГРАМА
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

