Култура
Отворање на „Астерфест“ во Струмица
Седмото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ денеска свечено ќе биде отворено во Струмица.
Седмото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ денеска свечено ќе биде отворено во Струмица.Годинава фестивалот се одржува под мото „Струмица, отвореност, креација“ во традиционалниот термин од 27 до 31 мај.Програмата на фестивалот ќе почне со посета на Тимоти Бајфорд, добитник на Специјално признание на „Астерфест“ и „Тивериополска филмска алијанса“, на основното училиште „Видое Подгорец“, при што ќе оствари средба со најмладите љубители на филмот.Чинот на свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“ во 19.30 часот. Предвидено е свечено обраќање да имаат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и Зоран Заев, градоначалник на Струмица.На свеченоста ќе бидат доделени почесните признанија на Лаила Пакалнина од Латвија, Тимоти Бајфорд од Англија и Салаетин Билал од Македонија.Филмската програма ќе почне со фестивалска премиера на македонскиот краток игран филм „Жарче“ на режисерот Томислав Алексов. Во филмот учествуваат актерите Тони Михајловски, Весна Димитровска, Салаетин Билал, Тијана Источки и Никола Колев. Продукцијата е на „Наше маало“, а реализирана е по сценарио на Огнен и Велко Неделковски.По премиерата на „Жарче“ ќе следуваат проекциите на анимираниот филм „Излегуваш“ на Макс Либих од Австрија, добитник на награда на фестивалот „Дијагонале“ во Грац, како и креативност документарец „Геринговото жезло“ на Пиа Андел од Финска, во кој се користени архивски снимки од Втората светска војна кои биле забранети повеќе од 65 години.Од 22 часот се до полноќ ќе се одвива филмскиот маратон со проекции на седум ексклузивни филмови: „Пат на Туарег во еден правец“, „Под жицата“, „Еден чекор“, „Татковина“, „Патот на Марија“, „Тусилаго“ и „Десет години“.Фестивалската програма продолжува во сабота во 11 часот со „Астер и Тивериополските филмски беседи“ во манастирот во Вељуса, посветени на лауреатите Пакалнина, Бајфорд и Билал./крај/макфакс/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Премиера на новата детска претстава „Металковци патуваат“ на Малата сцена во МОБ
На 7 март во 11:00 часот, на Малата сцена на Македонската опера и балет, премиерно ќе биде изведена новата интерактивна музичко-сценска претстава „Металковци патуваат“, дел од проектот „Фамилија Металковци“. Истата ден ќе следи реприза во 13:00 часот, а следните изведби се закажани на 14 март во 11:00 и 13:00 часот.
Станува збор за нова продукција наменета за деца од 4 до 10 години, во изведба на брас квинтет составен од музичари од Македонската опера и балет. Претставата трае речиси еден час и комбинира музика во живо, сценска игра и постојана интеракција со публиката.
„Металковци патуваат“ ги носи најмладите на музичко патување низ различни култури, при што децата активно учествуваат, учат за дувачките инструменти и ја откриваат нивната звучна палета.
Проектот има јасна едукативна и културна мисија – поттикнување интерес за запишување во музички училишта и развивање културна публика од најмала возраст.
„Со проектот ‘Фамилија Металковци’ сакаме да создадеме одржлива културна публика уште од најрана возраст. Нашата цел не е само да поставиме нова претстава, туку да изградиме движење што ќе ја доближи класичната музика до децата на природен и современ начин. Доколку барем едно дете по претставата посака да запише музичко училиште, тогаш знаеме дека мисијата е исполнета.“
Со капацитет од 200 посетители по изведба, се очекува значителен интерес од семејната публика.
„Кога Металковци зборуваат – дечињата слушаат.
Кога Металковци свират – дечињата патуваат.“
Претставата е во организација на здружението Мак Брас, во копродукција со Македонската опера и балет.
Билетите се достапни онлајн на: https://mktickets.mk/event/metalkovci/ како и во сите книжарници на Литература.
Култура
Последна, 30. по ред изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“ во Битолски театар
На 04.03.2026 во 20:00 часот, сцената на Народен театар Битола ќе ја пречека 30-тата и воедно последна изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“, во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во истата заедно со актерот Александар Копања.
По тој повод, билетите се со 50 проценти попуст, по цена од 100 денари.
„Ова не е само промоција. Ова е покана. Покана да бидете дел од една завршница што се случува само еднаш. Последните изведби имаат посебна енергија – актерите играат со срце што знае дека за последен пат ја раскажува приказната, а публиката станува сведок на момент што повеќе нема да се повтори“, велат од битолскиот театар.
Претставата отвора суштински теми за човековата егзистенција, осаменоста, слободата, маските што ги носиме и загубените вредности во современото општество. Тоа е психолошка и филозофска драма која патува од интимно до општествено, од реалност до апсурд.
Култура
Љутков во Брисел на средба со Нела Рајхл: Фокус на младите, дигитализацијата и развојот на креативните индустрии
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на посетата на Брисел, денеска оствари работна средба со Нела Рајхл, претседателка на Комитетот за култура и образование при Европскиот парламент.
На средбата, Љутков ја истакна цврстата заложба на Министерството за култура и туризам за унапредување на културните политики, со акцент на младите, дигитализацијата и современата промоција на културното наследство, како и на системски развој на креативните индустрии.
Министерот ја потенцираше активната вклученост на Македонија во користењето на европските инструменти за помош и програмите за соработка со земјите членки на Европската Унија, вклучително и ТАЕКС (TAIEX) и другите ИПА-инструменти за претпристапна помош. Тој рече дека Министерството за култура и туризам ги имплементира програмите „Креативна Европа – Култура и Медиа“, кои овозможуваат поддршка за копродукции, мобилност на уметници, европски мрежи и градење институционални капацитети, додека Министерството за образование и наука ги спроведува програмите „Хоризонт“ (Horizon) – за истражувања во технологиите за дигитално наследство и „Еразмус +“ (Erasmus+) – насочена кон образовна и младинска мобилност.
Љутков нагласи дека Македонија ја препознава сѐ поголемата економска и општествена вредност на креативните индустрии, кои претставуваат стратегиски двигател на економскиот раст, иновациите и меѓународната видливост. Во таа смисла, ќе се интензивира соработката со европските земји кои ги препознаваат културните и креативни индустрии како приоритетен сектор.
Според министерот Љутков, акцент е ставен врз дигитализацијата и дигиталната трансформација, особено во заштитата и промоцијата на културното наследство. Тој рече дека како земја со исклучително богато културно наследство, Македонија посветува големо внимание на зачувувањето на јазикот, фолклорот, традиционалните занаети, фестивалите и музиката како континуитет на културниот идентитет.
Дополнително, тој информираше дека Министерството за култура неодамна го презеде и секторот туризам во својата институционална структура, со што се отвораат нови стратегиски цели за развој на културниот туризам и за воспоставување рамнотежа меѓу заштитата на наследството и современиот креативен развој.
На средбата соговорниците ја потврдија заедничката заложба за понатамошно продлабочување на соработката, со цел унапредување на европските културни политики и зајакнување на улогата на културата во процесите за европска интеграција.

