Контакт

Култура

Премиера на претставата „Ромео и Џулиета“ во МНТ

Објавено пред

На сцената на Македонскиот народен театар(МНТ) во четврток со почеток од 20.00 часот премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Ромео и Џулиета“ во режија на Лилија Абаџиева.

На сцената на Македонскиот народен театар(МНТ) во четврток со почеток од 20.00 часот премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Ромео и Џулиета“ во режија на Лилија Абаџиева. „Во месец ноември бев поканета за да работам со Македонскиот народен театар. Долго време размислував за насловот што да работам. На крајот мојот предлог беше „Ромео и Џулиета“ што директорите веднаш го прифатија и многу сум задоволна што ми ја дадоа можноста да организирам кастинг и да се запознаам со овие прекрасни актери“ вели бугарската режисерка Абаџиева. Таа додаде дека иако женските улоги ги толкуваат машки актери, нема никакви знаци поврзани за хомосексуалност или травестија. „Во првиот момент кога ги видов Дениз и Игор кога импровизираа една од сцените на Ромео и Џулиета, видов дека немаше ништо апсолутно вулгарно. Немаше  никакви знаци на травестија или геј моменти. Едноставно, убеден сум дека во првите десет минути публиката ќе заборави дека играат само мажи“ изјави актерот Оливер Митковски кој ја толкува улогата на сињора Капулети, сопруга на Капулети. Актерот Игор Стојчев ја толкува главната женска улога Џулиета, а Ромео го игра актерот Дениз Абудла студент по актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. „Мислам дека поважно е прашањето што се поставува во претставата, а тоа е што се случува со душата кога две човечки суштества, не би рекол маж и жена, ниту пак двајца мажи или жени, ќе се сретнат и ќе се поврзат. Претставата се бави со тоа и во еден момент престанувате да гледате двајца мажи од коишто едниот толкува женска улога, во љубовна сцена. Гледате две души кои се испреплетуваат страдаат, се љубат, коишто се спремни животот да го дадат еден за друг“ вели Стојчев. Во драмата „Ромео и Џулиета“ станува збор за врската  помеѓу љубовта и смртта. Голем љубовен копнеж кој завршува трагично со смрт на вљубените. Останатата актерска екипа ја сочинуваат: Никола Пројчевски, Мартин Петровски, Сашко Коцев, Славиша Кајевски и Бојан Кирковски./крај/макфакс/пк



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Филмови на Чарли Чаплин во летното кино на Кинотека

Објавено пред

Кинотеката од 17 јули (петок) со почеток во 21 часот почнува со прикажување филмови на Чарли Чаплин во летното кино под отворено небо.

„Со десет наслови во овој исклучителен циклус – кој го опфаќа творештвото на Чаплин од неговите почетоци па сè до последните дела – Кинотеката ви овозможува увид во најдоброто од златната ера на немиот филм, но и начинот со кој Шарло се справува со предизвикот на звучниот филм“, се вели во најавата за настанот.

Чарлс Спенсер Чаплин (Charles Spencer Chaplin), или едноставно Чарли Чаплин (Лондон, 15 април 1889 –Корсие-сур-Вевеј, 25 декември 1977), не само што е класик во светската кинематографија, туку со него и започнува тој период што ние денес го нарекуваме класика.

Со безмалку 90 улоги на филм и 72 кредити како режисер, Чаплин е од оние автори кои компримираат вистински филмски универзум сам за себе: бил и сценарист, монтажер, продуцент, а повремено и компонирал или бирал музика за неговите филмови.
Од крајот на Првата светска војна до почетокот на Втората светска војна Чаплин ги снима неговите најуспешни кратки и среднометражни филмови (ДЕТЕТО / The Kid, 1921; МРЗЛИВЦИ / The Idle Class, 1921; АЏИЈАТА / The Pilgrim, 1923…) и долгометражни филмови (ЦИРКУС / The Circus, 1928; СВЕТЛИНИТЕ НА ВЕЛЕГРАДОТ / City Lights, 1931; МОДЕРНИ ВРЕМИЊА / Modern Times, 1936).

Појавата на звучниот филм е новиот предизвик, и во таа сфера не е неуспешен: ГОЛЕМИОТ ДИКТАТОР (The Great Dictator, 1940), ГОСПОДИНОТ ВЕРДУ (Monsieur Verdoux, 1947) и СВЕТЛИНИТЕ НА СЦЕНАТА (Limelight, 1952) е неговите три звучни филмови, со кои ја завршува американската епизода во неговиот живот и кариера. Во Велика Британија го снима КРАЛ ВО ЊУЈОРК (A King in New York, 1957).

Прикажи повеќе...

Култура

Прво издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“

Објавено пред

Во организација на дискографската куќа ПМГЏЕЗ, на 23 и 24 јули, во паркот позади Младинскиот културен центар ќе биде одржаното првото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“. Фестивалот е производ на оваа дискографска куќа, која постои од 2018 година и досега има издадено 14 изданија современ македонски џез, а идејни творци се џез музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов.

Културолошката заложба на ПМГЏЕЗ е пронаоѓање, создавање, снимање, издавање и промоција на квалитетна македонска џез, етно, кросовер музика (pmgjazz.bandcamp.com). Поголем дел од музичките автори, кои имаат издадено за оваа дискографска куќа ќе настапат на фестивалот, кој е поддржан од Министерството за култура.

„Инспирирани од одличната работа на нашиот лејбл ПМГЏЕЗ во изминативе неколку години, цврсто верувавме дека треба да направиме и џез фестивал. Успеавме да ја материјализираме нашата идејна замисла. Фестивалот нема да биде строго ограничен на канонско сфаќање на џезот, туку ќе биде отворен за музички излети и авантури. Во центарот на нашиот интерес се македонските џез-музичари и амбицијата да се подигне квалитетот на нивниот перформанс, но секако и подигнување на нивниот профил во очите на домашната јавност. Незадоволни од односот на нашето општество кон оваа култура, а пред сè кон нејзините локални чинители, ПМГЏЕЗ и Крај Вардарот… се во мисија за подобрување на атмосферата и условите за работа, издаваштво и промоција на македонската џез-музика“, велат организаторите на фестивалот.

Првата фестивалска вечер ќе почне во 19:45 часот со настапот на скопскиот џез-музичар Филип Букршлиев, кој ќе отвири композиции од неговиот соло гитарски албум „Don’t go away mad because the Duke is not coming back“.

По него настапува веројатно најквалитетниот џез-состав во земјава, ветераните „Сетстат“. Музичари, кои 30 години се френетично активни на музичката сцена. Квалитетот на нивните изданија е во постојан подем, а нивниот настап во живо е уникатно музичко доживување, нешто што се памети и за кое долго се дискутира низ возбуда.

Скопските „Зулу 3.4“ кои неодамна го издадоа својот втор албум се еден од најинтересните млади џез-состави, кои се обидуваат да се стекнат со кредибилитет на нашата сцена. Извонредно свежи, интересни и квалитетни, ќе бидат вистински предизвик за џез-гурманите и добронамерната публика.

Вечерта ќе ја заокружи „Кантон6Квартет“ техно-џез хибрид, во состав Мирко Попов, Синиша Евтимов, Владан Дробицки и Панче Бујуклиев.

https://pmgjazz.bandcamp.com/album/interactive-music-lab-skopje-sessions

Следната вечер фестивалот ќе почне во 20 часот. Настапува светски реномираниот, македонски џез-хармоникаш и мултиинструменталист Јордан Костов со неговиот квинтет, кој поголемиот дел од времето го минува патувајќи, компонирајќи и соработувајќи со голем број музичари од светот. Досега има издадено два албума за ПМГ џез „Sanfona de grapa“ и „Plush pig“. Костов ѝ припаѓа на генерацијата млади македонски уметници кои имаат раскрстено со предрасудите и кои го имаат надминато стравот од нормалната творечка комуникација со глобалниот свет. Извонреден композитор и наобразуван инструменталист на хармоника, од родното Квадарци досега го има свртено целиот свет со своите настапи. Неговата номадска кариера вбројува најмногу настапи низ Јапонија и Кина. Неговите досегашни соработки не вклучуваат само музичари од тој дел на светот, туку и Американци, Германци, Индијанци и при тоа за него основен услов е да се чувствува слободата на мислата и изведбата.

https://www.youtube.com/watch?v=eiFnGD9kLFE

По него џез-триото „Cobalt code unit“, кое го сочинуваат музичарите Благојче Томевски (кларинет, перкусии, вокал), Благоја Глигоровски (гитара) и Драган Теодосиев (тапани). Поимот „уникатно“ е врзан за нивните изданија. И никогаш не бил посоодветен отколку сега. Извонредно трио, кое произведува шамански импровизациски звуци длабоко вкоренети во ритуалната музика на истокот. Нивниот албум „Ритуал“ е издаден за ПМГ џез.

https://www.youtube.com/watch?v=P7wNUE4lxM0

За крај, скопскиот состав „Светлост: Одрон ритуал оркестар“, луѓе кои со нивниот албум „Odron Ritual Orchestra“ издаден за ПМГЏЕЗ минатата година, успеаја да влезат во сите порелевантни светски топ-листи за најдобар џез-албум за 2019 година. Ова придонесе за неверојатен успех во продажбата на нивниот албум на Band Camp (светски познат онлајн сервис за музички артисти и лејблови), што дефинитивно ги прави најпродаван македонски музички продукт во светот за 2019 година. Во „Светлост“ членуваат 11 музичари на сцена, што го прави нивниот настап вистинска атракција за публиката.

https://www.youtube.com/watch?v=EzMqNEOUCwk&t=536s

Билетите се симболични 100 денари, а двете фестивалски вечери ќе се одвиваат според сите протоколи предвидени за организација на настани од овој тип, поради актуелната ситуација со коронавирусот. Задолжително е носење маска, столчињата ќе бидат поставени на 2 метра растојание.

Организаторите на фестивалот апелираат до публиката да се држи до сите норми на однесување со цел да се заштитиме меѓу себе и наедно да покажеме пример дека настаните од културата можат да се одвиваат безбедно и во вакви услови. Бројот на посетители е ограничен на 300 седишта.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на Дарко Рундек во Охрид идниот месец

Објавено пред

По концертот на Амира Медуњанин, „Aвалон продукција“ најавува концерт на Дарко Рундек на Античкиот театар во Охрид на 15 август.

Дарко Рундек и „Екипа“ неодамна го најавија новиот албум „Брисани простор“ со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите свои големи хитови, како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, „Хаустор“.

Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и „Екипа“ во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален во согласност со протоколите за одржување јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност.

Влезниците ќе може да се набават онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на „Авалон“ низ земјава за следниве цени и категории: трибини – 1.000 денари, ВИП – 1.500 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

ДИК: До 9 часот гласале 94.167 граѓани

Во првите два часа од гласањето на десеттите по рeд парламентарни избори на гласање излегле пет отсто од запишаните гласачи...

Македонија1 час

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион2 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија3 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија3 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија4 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија11 час

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет13 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија18 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија19 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија19 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија21 час

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ23 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија23 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија24 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија1 ден

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет1 ден

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа1 ден

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион1 ден

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Досие