Култура
Проекции, изложба и работилници на „МакеДокс“

Отворањето на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“ синоќа помина во знакот на младиот кромид, филмот „Депонија“ и изложбата на фотографии
Официјалното отворање на „МакеДокс“ беше означено со изложбата на фотографии на македонски фоторепортери/ки. Во текот на целиот период на одржување на фестивалот во Куршумли-ан ќе може да се видат креативните документарни фотографии на Андреј Гиновски, Маја Златевска, Огнен Теофиловски, Маја Јаневска-Илиева, Роберт Атанасовски, Томи Георгиев.Место свечен говор, екипата на „МакеДокс“ со подигнување млад кромид во рацете, како симбол на фестивалот, ја поздравија присутната публика која до последно место го исполни Куршумли-ан.Филмската програма беше отворена со „Македонија во слики“, филм реализиран по сценарио и режија на Арсениј Јовков, а снимен во 1923 година по повод 20-годишнината од Илинденското востание. Филмот е дел од кинотечното богатство на Кинотеката на Македонија.Документарниот филм „Депонија“, со кој беше отворен „МакеДокс“, е англиско-бразилска копродукција во режија на Луси Вокер. Филмот ги следи патешествијата на најпознатиот бразилски фотограф Вик Мјуник во текот на реализацијата на уметнички проект во кој се вклучени собирачи на ѓубре во најголемата депонија во Бразил. Филмот покажува дека дури и со ѓубре може да се создаде уметничко дело ако се знае како материјата да се претвори во уметничка идеја. Целта на фотографот, покрај создавањето на уметничките фотографии, е да им помогне на луѓето кои со својот живот се заглавени во фавелите и депониите во Бразил.На „МакеДокс“ од денес започнува работилницата „Школски час за домашни ТВ-уредници и идни док-мејкери“. Со почеток во 17.30 часот во Детскиот театарски центар ќе бидат прикажани четири филмови од програмата за млади.Покрај работилниците, со акцент на еколошката димензија на фестивалот, во 19 часот ќе биде организирана и изложба на фотографии на тема „Соочување со климата“, која содржи илустрации на карикатуристи од Шведска и од Балканот на тема климатски промени.Терминот за еко-филм во 19.30 часот е резервиран за „Во вечноста“, шведско-финско-дански филм во режија на Мајкл Мадсен.Во термините на главната програма ќе бидат прикажани „Возот Д“ на Џеј Розенблат (САД, 2011), „Мојот босоног пријател“ на Сеонг-гуо Ли (Јужна Кореја, 2010) и „Златна есен“ на Јан Тенхевен (Австрија/Германија, 2010).На вториот „Македокс“ ќе бидат прикажани 35 остварувања од најновата светска документарна продукција распоредени во пет програмски целини: Главна програма, Нови автори, Еколошки документарци, Кусометражна продукција и Програма за деца и млади. Фестивалот се одржува од 17 до 24 јуни во Куршумли-ан и во Детскиот театарски центар во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“од Јохан Штраус II

На 25 октомври со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, во 20 часот.
Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска.
Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.
„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. „Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и музичката магија.
Култура
Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ на големата сцена на Националната опера и Балет

На 25 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, 20.00 ч.
Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска.
Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.
„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. „Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и музичката магија.
Култура
Признание од Европа за македонската анимација – „Златната пеперутка“ со Биби и Боби триумфира на MIA Market

Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната пеперутка“, базиран на ликовите од популарната анимирана серија „Светот на Биби“, го освои престижното признание MIA Development Award for Outstanding Animation Project на филмскиот и телевизискиот маркет MIA Market 2025 во Рим, кој се одржа од 6 до 10 октомври.
Наградата, во вредност од 5.000 евра, беше доделена на 10 октомври во силна меѓународна конкуренција, од страна на стручно жири составено од истакнати професионалци од европската и светската анимациска сцена. Ова признание претставува значаен успех за македонската анимација и потврда за креативниот потенцијал на домашните автори и студија.
Во образложението на жирито се наведува:
„Наградата МИА за развој на најдобар анимациски проект ја добива Златната Пеперутка на Гоце Цветановски, затоа што ја прикажува моќта на оригиналните брендови како „Светот на Биби“ да донесат свежи, регионално инспирирани приказни на светската анимациска сцена преку различни формати, и како охрабрување за понатамошен развој на визуелниот и анимацискиот стил.“
MIA Market претставува еден од водечките европски настани за филм, телевизија, анимација и документаристика, со повеќе од 2.800 акредитирани професионалци од 64 земји. Годинава, во рамките на 11. издание, беа пријавени над 500 проекти, од кои по околу 15 беа селектирани во секоја од четирите категории: Анимација, Филм, Драма и Документарен филм. Во категоријата Анимација учествуваа седум долгометражни филмови и девет серии.
Листата на наградени проекти беше објавена во повеќе меѓународни медиуми, меѓу кои Variety, Deadline, Prensario International и Cinemaitaliano.info.
„Ова е голем чекор и признание не само за нашиот проект, туку и за целата нова македонска анимациска сцена,“ изјави Гоце Цветановски, режисер и сценарист на „Златната пеперутка“, при примањето на наградата.
За филмот „Златната пеперутка“
„Златната пеперутка“ е еколошка авантура за целото семејство. Биби, Боби, Зази, Зина и роботчето Р-1 патуваат во Колумбија кај нивниот пријател Пепе и неговото милениче, морското прасе Пико. Веселата дружина тргнува во потрага по ретката и мистериозна златна пеперутка, за која Пепе тврди дека ја видел во Амазонската прашума. Нивната мисија ќе ги однесе до легендарниот златен град Ел Дорадо, каде ќе се соочат со бројни предизвици и ќе мора да ги здружат своите сили за да ги совладаат темните сили што демнат во џунглата.
Сценариото го потпишуваат Бруно Велјановски и Гоце Цветановски, режијата е на Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а илустрациите за презентацијата ги изработи Иванчо Николовски.
Македонски продуценти се Македонска Крепост, Светот на Биби и Toon Motions Studio, во копродукција со Blurr Studios (Аргентина), Blurr Rojo (Шпанија), The G Seven (Колумбија) и Technoscop Films (Бразил).