Култура
Дуото Лери-Шовел на „Охридско лето“
Денеска во вечерниот термин во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на истакнатото пијано дуо Марк Соле-Лери – Фредерик Шовел.
Денеска во вечерниот термин во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на истакнатото пијано дуо Марк Соле-Лери – Фредерик Шовел.Овој дует во своето повеќегодишно постоење,од 1990 година, се промовираше како еден од најуспешните ансамбли од ваков вид во Франција и надвор од неа, а неодамна стана добитник на наградата на конкурсот „Григ“ во Осло – Норвешка.Двајцата успешни пијанисти своето образование го стекнале на познатите Conservatoire National de Région во Лил, Франција; Royal Associated Board во Лондон; Conservatorio di Santa Cecilia во Рим, Accademia Chigiana во Сиена и Ecole Normale Supérieure во Париз. Одличната меѓународна кариера дуото Соле-Лери – Шовел ја закитува со настапи на престижните фестивали и концертни серии ширум светот меѓу кои се: Estivales du Conseil Général des Alpes Maritimes, познатите “C’est Pas Classique” серии во Ница, “Rendez-vous de la médiathèque“ во Кан, “Festival de Ville d’Avray” близу Париз, “Фестивалот на новооткриената и заборавена музика” во Краков, “Festival de Tarragona” во Шпанија, “Cranberry Coast Concert” сериите во Масачусетс, “Gala for Two Pianos” на Флорида, како и во Италија, Норвешка, Романија. Музичарите настапуваат и со оркестрите (“Camerata Valahica“ од Букурешт и францускиот камерен оркестар “I Solisti Azzurri“), изведувајќи концерти за две пијана. Средбата на Соле-Лери – Шовел со кубанско-американското пијано дуо Kirk Whipple/Marilyn Morales во 2005 година резултираше со интересни заеднички проекти: двата состава го оформија Пијано квартетот на Обединети Нации (две пијана во осум раце) и одржаа концертна турнеја во Франција и САД. Во 2008 година Квартетот го сними својот прв компакт диск на Универзитетот од Мајами, Флорида.Концертот на двајцата пијанисти ќе започне во 21 часот, а на репертоарот ќе бидат „Семирамида“ од Џ. Росини, „Пер Гинт“ – Суита бр.1 и 2, „Прелудими“ од Ф.Лист и „Рапсодија во сино“ од Џ.Гершвин../крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Премиера на новата детска претстава „Металковци патуваат“ на Малата сцена во МОБ
На 7 март во 11:00 часот, на Малата сцена на Македонската опера и балет, премиерно ќе биде изведена новата интерактивна музичко-сценска претстава „Металковци патуваат“, дел од проектот „Фамилија Металковци“. Истата ден ќе следи реприза во 13:00 часот, а следните изведби се закажани на 14 март во 11:00 и 13:00 часот.
Станува збор за нова продукција наменета за деца од 4 до 10 години, во изведба на брас квинтет составен од музичари од Македонската опера и балет. Претставата трае речиси еден час и комбинира музика во живо, сценска игра и постојана интеракција со публиката.
„Металковци патуваат“ ги носи најмладите на музичко патување низ различни култури, при што децата активно учествуваат, учат за дувачките инструменти и ја откриваат нивната звучна палета.
Проектот има јасна едукативна и културна мисија – поттикнување интерес за запишување во музички училишта и развивање културна публика од најмала возраст.
„Со проектот ‘Фамилија Металковци’ сакаме да создадеме одржлива културна публика уште од најрана возраст. Нашата цел не е само да поставиме нова претстава, туку да изградиме движење што ќе ја доближи класичната музика до децата на природен и современ начин. Доколку барем едно дете по претставата посака да запише музичко училиште, тогаш знаеме дека мисијата е исполнета.“
Со капацитет од 200 посетители по изведба, се очекува значителен интерес од семејната публика.
„Кога Металковци зборуваат – дечињата слушаат.
Кога Металковци свират – дечињата патуваат.“
Претставата е во организација на здружението Мак Брас, во копродукција со Македонската опера и балет.
Билетите се достапни онлајн на: https://mktickets.mk/event/metalkovci/ како и во сите книжарници на Литература.
Култура
Последна, 30. по ред изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“ во Битолски театар
На 04.03.2026 во 20:00 часот, сцената на Народен театар Битола ќе ја пречека 30-тата и воедно последна изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“, во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во истата заедно со актерот Александар Копања.
По тој повод, билетите се со 50 проценти попуст, по цена од 100 денари.
„Ова не е само промоција. Ова е покана. Покана да бидете дел од една завршница што се случува само еднаш. Последните изведби имаат посебна енергија – актерите играат со срце што знае дека за последен пат ја раскажува приказната, а публиката станува сведок на момент што повеќе нема да се повтори“, велат од битолскиот театар.
Претставата отвора суштински теми за човековата егзистенција, осаменоста, слободата, маските што ги носиме и загубените вредности во современото општество. Тоа е психолошка и филозофска драма која патува од интимно до општествено, од реалност до апсурд.
Култура
Љутков во Брисел на средба со Нела Рајхл: Фокус на младите, дигитализацијата и развојот на креативните индустрии
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на посетата на Брисел, денеска оствари работна средба со Нела Рајхл, претседателка на Комитетот за култура и образование при Европскиот парламент.
На средбата, Љутков ја истакна цврстата заложба на Министерството за култура и туризам за унапредување на културните политики, со акцент на младите, дигитализацијата и современата промоција на културното наследство, како и на системски развој на креативните индустрии.
Министерот ја потенцираше активната вклученост на Македонија во користењето на европските инструменти за помош и програмите за соработка со земјите членки на Европската Унија, вклучително и ТАЕКС (TAIEX) и другите ИПА-инструменти за претпристапна помош. Тој рече дека Министерството за култура и туризам ги имплементира програмите „Креативна Европа – Култура и Медиа“, кои овозможуваат поддршка за копродукции, мобилност на уметници, европски мрежи и градење институционални капацитети, додека Министерството за образование и наука ги спроведува програмите „Хоризонт“ (Horizon) – за истражувања во технологиите за дигитално наследство и „Еразмус +“ (Erasmus+) – насочена кон образовна и младинска мобилност.
Љутков нагласи дека Македонија ја препознава сѐ поголемата економска и општествена вредност на креативните индустрии, кои претставуваат стратегиски двигател на економскиот раст, иновациите и меѓународната видливост. Во таа смисла, ќе се интензивира соработката со европските земји кои ги препознаваат културните и креативни индустрии како приоритетен сектор.
Според министерот Љутков, акцент е ставен врз дигитализацијата и дигиталната трансформација, особено во заштитата и промоцијата на културното наследство. Тој рече дека како земја со исклучително богато културно наследство, Македонија посветува големо внимание на зачувувањето на јазикот, фолклорот, традиционалните занаети, фестивалите и музиката како континуитет на културниот идентитет.
Дополнително, тој информираше дека Министерството за култура неодамна го презеде и секторот туризам во својата институционална структура, со што се отвораат нови стратегиски цели за развој на културниот туризам и за воспоставување рамнотежа меѓу заштитата на наследството и современиот креативен развој.
На средбата соговорниците ја потврдија заедничката заложба за понатамошно продлабочување на соработката, со цел унапредување на европските културни политики и зајакнување на улогата на културата во процесите за европска интеграција.

