Култура
Ендрју Милер добитник на книжевната награда „Коста“, за најдобар роман
Книжевната награда „Коста“ за најдобар роман на годината му припадна на Ендрју Милер за романот „Pure“, чиешто дејствие е сместеново Париз во периодот пред Француската буржоаска револуција, а наградата за најдобар прв роман и’ припадна на Кристи Вотсон за „Tiny Sunbirds Far Away“.
Книжевната награда „Коста“ за најдобар роман на годината му припадна на Ендрју Милер за романот „Pure“, чиешто дејствие е сместеново Париз во периодот пред Француската буржоаска револуција, а наградата за најдобар прв роман и’ припадна на Кристи Вотсон за „Tiny Sunbirds Far Away“.Во наградениот роман на Ендрју Милер станува збор за млад градител кој го надгледува уривањето на најстарите париски гробишта, а членовите на жирито коешто ја доделува наградата „Коста“ го оценија како „структурно и стилистички беспрекорен историски роман“. Според нив, се работи за роман „без слабости од перото на автор којшто го заслужува пошироката читателска публика“.Милер досега објави четири романи, меѓу кои е и „Кислород“ кој во 2001 година влезе во потесниот избор за наградите „Booker“ и „Whitbread“ (како што претходно се нарекуваше наградата „Коста“ (Costa)). Покрај неговиот роман во конкуренција за годинешното признание беа и добитникот на овогодишната награда „Booker“, романот на Џулиан Барнс „The Sense of an Ending“, како и најновите романи на Џон Барнсајд и Луис Јанг.Дејствието во романот првенец на Кристи Вотстон, поранешна болничарка на оддел за педијатрија со наслов „Tiny Sunbirds Far Away“ е сместено во Нигерија и зборува за семејство коешто е присилено да се пресели од комфорот во метрополата Лагос во сиромашната провинцијаЗа најдобра детска книга е прогласен трилерот на Моира Јанг, „Blood Red Road“, за девојченце коешто е во потрага за грабнатото братче близнак. Станува збор за прв дел од трилогијата, за којашто според британскиот печат, веќе покажале интерес филмските продуценти во Холивуд.Во категоријата за биографска книга награден е Метју Холис за биографијата на поетот Едвард Томас со наслов „Now Now All Roads Lead to France: The Last Years of Edward Thomas“. Авторот на книгата се занимава со последните години од животот на Едвард Томас, неговото пријателство со Роберт Фрост и одлуката да се бори во Првата светска војна.За најдобра книга поезија е прогласена збирката на Керол Ен Дафи „The Bees“. Жирито оценувајќи ја збирката истакнува дека е „одушевено од чувството за мелодичност на јазикот и способноста за поврзување на сложеноста на формата и природноста“.Книжевните награди „Коста“ е една од најпопуларните книжевни награди во Велика Британија којашто се доделува во пет категории: за роман, дебитантски роман, биографија, поезија и книга за деца. Овие книги влегуваат во потесниот избор за признанието книга на годината којашто ќе биде прогласен ана свеченото доделување на наградите на 24-ти јануари.Наградата е покрената во 1971 година, како книжевна награда „Whitbread“, a во 2006 година спонзорството го презема синџирот „Costa Coffee’. Според прогнозите, титулата книга на годината, којашто е воведена во 1985 година, може да биде доделена на биографската книга на Метју Холис. Доколку се оствари тоа, тоа ќе претставува шести пат биографска книга да ја добие и најпрестижната награда на конкурсот. Девет пати за книга на годината бил прогласен роман, а само еднаш тоа признание и’ припаднало на книга за деца, додека поетските книги двапати ја освоиле највисоката награда, и тоа во 2009 и 2010 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.
Култура
Почина Георги Сталев Поповски
Друштвото на писателите на Македонија информира дека на 30 декември 2025 година, во 95. година од животот, почина Георги Сталев Поповски, поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки и најстар член на писателската асоцијација.
Георги Сталев Поповски е роден на 22 април 1930 година во Витолиште, а почина во Скопје. Високото образование го завршил на Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на својата богата професионална кариера, меѓу другото, бил и долгогодишен уредник на списанието „Современост“.
Член на Друштво на писателите на Македонија бил од 1956 година, како прв член примен во Друштвото по заслуга на своите достигнувања во областа на книжевниот превод.
Поповски е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои двапати наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за книжевна критика и есеистика, наградата „Златен лавров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ во Сараево (1972), наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за книжевен превод, медалот од Фондот „Лермонтов“ во Москва, како и македонските државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и наградата на Град Скопје „13 Ноември“.
Тој останува актуелен и во 2025 година како еден од авторите на збирката раскази Она што се памети живее („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ, во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на неговиот татко, Стале Попов, корифејот на македонскиот роман.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

