Култура
Пит Доерти ќе претстави слики, направени со крв
Познатот по скандалите рок-музичар Пит Доерти во Лондон ќе се претстави со изложба на дела напишани со крв наречена „On Blood: A Portrait of the Artist“, пишува во понеделникот Reuters.
Познатот по скандалите рок-музичар Пит Доерти во Лондон ќе се претстави со изложба на дела напишани со крв наречена „On Blood: A Portrait of the Artist“, пишува во понеделникот Reuters.Сликите, во најголем дел, се колажи направени од текстови на песни и песни, украсени со кафени мачканици од крвта на уметникот. За собирање на крвта и нејзино нанесување на платното Пит Доерти користел шприц. Самиот автор ја нарекува својата техника „артеријален шприц“.Изложбата ќе се одржи од 26 февруари до 4-ти март.Според организаторите на изложбата, делата ги допираат вечните прашања на животот и смртта.„Со векови, главниот предмет на уметноста е животот. Сите ние ќе умреме, а сликите насликани со крв само се потсетување на нашата смртност. Јас не гледам ништо монструозно во нив“, ја цитира агенцијата кураторката на изложбата на Рејчел Чадли.Како што забележува агенцијата, во создавањето на една од сликите учество земала француската актерка Шарлот Гензбург, кој глумеше заедно со Доерти во филмот „Исповедите на детето на векот“ (Confession of a Child of the Century). Покрај тоа, на изложбата ќе биде претставен автопортрет на Ејми Вајнхаус, исто така, направен со крв.Цена на делата на поставката се движат од 7 до 12.500 долари.Доерти е познат како гитарист и вокалист на рок бендот The Libertines, кој го основаше се својот пријател Карл Барат во 1997 година. Групата се расформира во 2004 година поради кавгата меѓу Доерти и Барат според кој односот на Доерти со тешките дроги влијале врз развојот на заедничкиот проект. Во моментов, Доерти настапува на соло концерти а свири и во групата Babyshambles./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

