Култура
„Подиум на млади“ концерт на Камерен оркестар
Редовниот концерт на Камерен оркестар `Скопски солисти`, насловен како“Подиум на млади“, ќе се одржи во четврток од 20 часот во фоајето на Македонска опера и балет.
На него ќе настапт двајца млади македонски уметници школувани во Македонија и надвор од неа.
Ова е втор концерт од циклусот за презентација на млади врвни уметници,а проектот е поддржан од Министерството за култура
На концертот на Камерен оркестар `Скопски солисти`, „Подиум на млади“, настапуваат солистите Tоме Атанасов, обоа и Момчило Куфојанакис, виолина, а диригент е Саша Николовски Ѓумар.
На програмата се Хендел, Албинони, Виењавски и Григ.
Саша Николовски Ѓумар, професор на ФМУ, по група предмети од областа на диригирање. Гостува на скоро сите наши фестивали, како во странство БиХ, Бугарија, Романија, Унгарија итн.
Камерниот оркестар `Скопски солисти` на македонската музичка сцена се појави во 2000-та година.
Оваа благородна и убава идеа, по примерот на загрепските, софиските и други слични оркестри на Балканот ,ја реализираше реномираниот наш обоист,проф.М-р Васил Атанасов, кој воедно е и уметнички раководител на ансамблот.Оркестарот е формиран од група афирмирани и признати македонски уметници,на кои им се придружија група млади,но мошне талентирани музичари.
Интенцијата на овој ансамбл е да презентира камерна музика,од барок па се до современа музичка литература,со истакнато чувство и респект кон Македонското музичко творештво.
Скопски солисти досега соработувале со најпознатите Македонски репродуктивни уметници, како: Борис Трајанов-баритон, Весна Гиновска-Илкова-сопран, Благој Нацоски-тенор, Васил Атанасов-Обоа, Славица Галиќ-Петровска-сопран, Љубиша Кировски-виолина, Марија Муратовска-сопран, Ирена Кавкалевска-мецосопран, Климент Тодоровски-виолина, Томе Атанасов-обоа, Скопскиот дувачки квинтет и др.,како и странски и домашни диригенти: Aлександар Лековски, Саша Николовски-Ѓумар, Борјан Цанев, Ле Фи Фи,Запро Запров, Андреј Андреев-Р.Бугарија и др.
Скопските солисти настапуваат на значајни манифестации и фестивали во земјата,како и гостувања во странство:Бугарија,Србија итн.,а музичката критика досегашните настапи ги оценува со суперлативи.
Камерниот оркестар Скопски солисти минатата година прослави јубилеј, десет години уметничка дејност и го издаде својот прв компакт диск со изведби во живо./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Македонскиот стрип на фестивал во Ужице, Србија
На покана на Градскиот културен центар на Ужице(соседна Србија) ,како еден од гостите на третото издание на стрип фестивалот „УЖИЧКИ СТРИП СУСРЕТИ“ беше поканет и Томе Трајков-програм координаторот на Македонскиот стрип центар со седиште од Велес. Оваа посета е финансиски поддржана од страна на Министерството за култура на Р.С.Македонија и е дел од Годишната програма за Меѓународна соработка за 2024 г.
„Престојот во Ужице го искористив да присутните, преку посебна панел дискусија но и неформална комуникација , ги запознам со актуелната стрип сцена во Македонија . Се разбира дека акцент се даде и на долгогодишната работа на Стрип центарот на Македонија и делување во интерес на македонските автори, стрип групации и воопшто целокупната наша стрип сцена. На крај организирав стрип изложба од домашни автори , учесници на последниот Интернационален стрип салон во Велес, како најзначајна стрип манифестација(фестивал ) во светот на 9та уметност во Македонија.
Беа изложени дела на македонски цртачи од понова генерација : Славица Купенкова, Ангела Петрушевска, Евгенија Трајковска, Матеа Аризановска, Вилма Дамњановска,Елена Апостоловска, Влера Чиче, Катерина Тери Николовска (сите од Скопје) ,потоа Методија Андоновски и Анастасија Недељковска од Куманово, Оливер Цветковски од Велес и на крај Теодора Христова и Михаела Васкоска од Битола. Како сценаристи на некои од делата беа застапени Ване Трајков од Велес и Александар Стеванов од Штип.
Од другите гости на овој фестивал, повеќето реномирани стрип артисти од регионот, се слушнаа доста комплименти за талентот на изложените стрип автори, и изразена подготвеност за развивање на идна меѓународна стрип соработка ..“-нагласи Трајков
Култура
Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“
Утревечер, 27 април е третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“.
Во Едукативниот културен центар Лабораториум со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез и современа музика е токму поводот за креирање на еден ваков мега состав.
Иновацијата во креирањето на музичко дело и изведба на поединечни музички преокупации и изразни форми на секој од членовите вткаени во предизвикувачка и квалитетна целина е резултатот на овој современ ансамбл. Неговите членови поединечно, или како дел од нивните матични состави нижат признанија и награди во домашен и меѓународен контекст, и тоа: Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски. Месецов за ПМГ Џез, како 46 издание, излезе и првиот албум на „Macedonian Free Society“.
Веднаш потоа во 22 часот на истата локација, концерт на „Поетроника“. Еден од највозбудливите музички проекти во земјава, кој поставува нова парадигма во начинот на изведба на современа македонска поезија во форма на поетско-музички перформанс и во симбиоза со авторска електронска музика, изведена во живо. Заслужни за тоа се двајца врвни современи уметници, Оливер Митковски, еден до најголемите домашни актери, кој во изведбата го носи читачкиот (поетски, интерпретативен) дел и Андреја Ристески – Салпе, талентиран автор и продуцент, еден од водечките современи македонски електронски артисти, задолжен за музиката. Неочекувана, но благодарна комбинација, која дава силно модерен и динамичен поглед врз македонскиот поетски пишан збор.
Музиката на Андреја Салпе е квалитетна современа електронска продукција, со традиционални и џез одеци, која волшебно пронижена со искусниот вокал на Митковски фрла ново светло на познати и не толку познати стихови од нашето минато и сегашност од автори како: Ацо Караманов, Гого Ивановски, Игор Исаковски, па се до Горан Петрески, Владимир Лукаш, Оливера Ќорвезироска и Ѓоко Здравески. Квалитетот на изведбата во „Поетроника“ ги елевира песните на ново, неочекувано, неописливо атрактивно ниво и ги прави податни за ново толкување, приближувајќи ги до нова, млада публика.
Култура
Марко Бањоли во Чифте амам
На 23 април во 19 часот во Националната галерија на Македонија – Чифте амам, Скопје ќе се отвори мултимедијалната изложбата „Тркало на времето“ на истакнатиот италијански уметник Марко Бањоли.
„Со оваа изложба ја објавуваме одлуката на Советот на Остен „Земја во фокус“ на Остен Биеналето Скопје 2024 да биде Италија“, велат од Остен.
Изложбата е организирана во соработка со Зеринтија, Асоцијација за современа уметност, а со поддршка на Италијанска амбасада во Скопје и Италијанскиот културен институт во Белград.