Контакт

Култура

Министерката за култура Канческа-Милевска на состаноци во Словенија

Објавено пред

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во вторник и среда во Брдо кај Крањ, Република Словенија, ќе учествува и ќе има свои обраќања на два исклучително значајни министерски состаноци.

dobivaj vesti na viber

Канческа-Милевска во вторник ќе се обрати на состанокот на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа (КОМОКОСЕЕ) на кој Република Македонија и официјално ќе го преземе од Република Словенија претседавањето со ова значајно тело во период од една година.

Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, популарно рефериран како КОМОКОСЕЕ, е тело кое активно се залага за промоција на принципот на разбирање и добрососедски односи меѓу земјите од ЈИЕ, како и вмрежување на институциите и субјектите од нашите држави во регионални проекти од различни области. Во рамките на активната соработка со оваа значајна платформа, Република Македонија активно партиципира во повеќе проекти меѓу кои се „Љубљански процес II: рехабилитација на нашето заедничко наследство”, „Пилот-проектите за локален развој” и други проекти кои се во функција на заштита и унапредување на културното наследство во регионот.

На денешниот состанок во Брдо, министрите за култура, како и претставниците на УНЕСКО, Советот на Европа и на Европска Унија, меѓу другото, ќе ја усвојат и министерската Декларација со која ќе се обврзат на поинтензивна меѓусебна соработка.

Министерката за култура во среда, пак, ќе учестува и на состанокот на министри за култура на Форумот на словенски култури, тело кое ги промовира и афирмира особеностите на словенските култури.

Во рамките на состанокот, Канческа-Милевска ќе се обрати на темата „Словенски интерфејс – информатички технологии и мобилност на културната политика во словенскиот свет”.

По завршувањето на пленарната сесија на Форумот на словенски култури, министрите за култура на државите во кои словенските јазици се официјални – Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Црна Гора, Полска, Русија, Србија, Словачка, Словенија и Украина, ќе го усвојат и ќе го потпишат Меморандумот за соработка во областа на културата и за стимулација на соработката со европските и со другите меѓународни организации.

Република Македонија, меѓу другото, во рамките на Форумот на словенски култура партиципира во долгорочниот проект „100 словенски романи”, кој овозможува преводи на јазиците на словенските земји на најреномирани автори и писатели. Исто така, ќе биде реализирана и заедничка изложба на државните архиви на словенските држави насловена „Главните градови на славјанските земји преку архивски материјал”, која по повод одбележувањето на 1150 години од Моравската мисија на светите Кирил и Методиј ќе биде претставена во седиштето на УНЕСКО.

Во рамките на културната програма, пред почетокот на состанокот на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, министерката за култура Канческа-Милевска во понеделник вечер во Националниот музеј присуствуваше и на отворањето на изложбата „Замислувајќи го Балканот – идентитети, дијалог во долгиот 19-ти век”, на која се претставени експонати и документи за личности значајни за историските процеси во 19-тиот век.

На изложбата, која ја отворија генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, и министерот за култура на Словенија, Урош Грилц, претставени се важни експонати и од Репубилика Македонија, меѓу кои се раритетна икона од Дичо Зограф, Тријазичникот од Ѓорѓија Пулевски, три филма од богатиот опус на првите сниматели на Балканот, браќата Манаки, бајракот на Галичката свадба и многу други предмети кои беа селектирани од страна на Музејот на Македонија и Kинотеката на Македонија.

Оваа изложба, која е резултат на активната соработка на државите од југоисточна Европа со Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција, по прикажувањето во Љубљана, ќе биде претставена и во другите земји од Балканот, а во 2014 година домаќин на ова ликовно претставување ќе биде и Република Македонија. /крај/со/мф

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почина Кетрин О’Хара

Објавено пред

Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.

dobivaj vesti na viber

О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.

Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.

Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.

Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.

Фото: скриншот од филмот „Сам дома“

Прикажи повеќе...

Култура

Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски

Објавено пред

На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.

dobivaj vesti na viber

Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.

Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.

Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).

Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Локомотива на Canal 2026 во Витри-сир-Сен (Париз)

Објавено пред

Од

Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата (Северна Македонија) ќе учествува на Canal 2026, дводневна професионална платформа иницирана од CN D – Centre national de la danse.

dobivaj vesti na viber

Настанот обединува 10 француски танцови институции и 6 институции од Балканот (Грција, Словенија, Бугарија, Северна Македонија) и го претставува работењето на 32 уметнички тима преку извадоци/перформанси, разговори, работилници, дебати, проекции и презентации на проекти.

Canal 2026 се одвива во Витри-сир-Сен на три локации—La briqueterie CDCN, MAC VAL – Musée d’art contemporain du Val-de-Marne и Théâtre Jean Vilar, како и на cnd.fr, со онлајн издание што започнува од март 2026.

Локомотива ќе биде претставена од Биљана Тануровска-Ќулавковски, која ќе ја презентира работата на Локомотива и ќе ги претстави кореографките/танчерки од Северна Македонија поврзани со организацијата: Тереза Лазарев и Викторија Илиоска. Дополнително, Биљана Тануровска-Ќулавковски ќе учествува и на дискусија, во петок, 30 јануари (11:00–12:30, во MAC VAL) на тема: „Кои се специфичностите на кореографскиот екосистем на Балканот…?“

Уметнички презентации од Северна Македонија

Викторија Илиоска ќе ја претстави својата уметничка пракса, вклучувајќи ја досегашната работа како и Hope for the Best – Prepare for the Worst, перформативен тренинг што го третира телото како ресурс, а театарскиот диспозитив како заедничка инфраструктура. Развиена во услови на кратења во културата и екстрактивни економии, работата ја поставува публиката како активен материјал на ситуацијата, а не како набљудувач—каде вниманието, физичкото присуство и издржливоста циркулираат како заеднички ресурси. Делото прашува: За што треба да се тренираме како колективно тело за иднината што доаѓа?

Тереза Лазарев ќе ја претстави својата уметничка пракса, вклучувајќи ја досегашната работа како и Passionate Animal, кореографски истражувачки проект што ја истражува врската помеѓу колективната меморија и личната танцова меморија, и прашува како нестабилноста и колапсот го трансформираат телото. Како дел од истражувањето, таа ќе изведе краток танцов сегмент на музика од Александар Гроздановски.

Оваа активност е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд, CN D (Centre national de la danse) и Театроскоп – програма иницирана од Францускиот институт, Министерството за култура и Министерството за Европа и надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија17 часа

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија18 часа

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет20 часа

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија21 час

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија21 час

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија21 час

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет22 часа

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ23 часа

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет1 ден

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет1 ден

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет1 ден

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија1 ден

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа1 ден

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија2 дена

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија2 дена

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија2 дена

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија2 дена

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ2 дена

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...