Култура
Измислен асфалт што апсорбира смог

Асфалт кој апсорбира смог пронајдеиталијанската фирма „Global Engeneering“.
Асфалт кој апсорбира смог пронајдеиталијанската фирма „Global Engeneering“.
Работејќи на еколошки проект одсферата на асфалтната индустрија, компанијата открила дека тенок слој одкристален прав на титаниум диоксид, нанесен врз асфалт, има моќ да ги всмукуваиздувните гасови од ауспусите.
Тенок слој од соединението можегодишно да апсорбира 32 тони смог, или количина што ја испуштаат 15 000автомобили.
Пазарот на асфалт е втор по големинаво европа, поради што и постојано е обновуван со предлози за еколошки проекти.
Италија годишно произведува 40милиони тони асфалт, а профитот од овој бизнис е 3,5 милијарди евра на годишнониво.
/крај/бг/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти
Концерт во НОБ – „Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“

На 4 февруари 2023, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи концерт на нашиот тенор Благој Нацоски со наслов „Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“.
Гости на концертот се Наде Талевска, сопран, и Васко Здравков, баритон. Пијано придружба Јанинка Невчева, а режисер на концертот е Дејан Прошев.
Водител: Огнен Јанески.
На програмата ќе бидат изведени арии од композиторите: Џузепе Џордани, Жил Масне, Џоакино Росини, Џузепе Верди, Франческо Чилеа, Џакомо Пучини и др.
Култура
КИЦ „Битола“ – конкурс за „Ах, таа серенада – 2023“

Културниот и информативен центар – Битола објавува конкурс, со траење од 1.2.2023 до 31.3.2023, за 14 нови композиции за потребите на фестивалот на битолската серенада, „Ах, таа серенада – 2023“.
„Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање музика и пишување текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. Музичките дела ги очекуваме како демо-снимка во МП3-формат, аплициран текст и/или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на нашата електронска адреса [email protected] За изборот на композициите, неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ ‘Битола’. Ни избраните музички дела ќе им биде даден хонорар од 12.000 денари за текст, 12.000 денари за музика и 12.000 денари за аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари“, соопштуваат организаторите.
Додаваат дека во корист на квалитетот на фестивалот организаторот има право да нарача одреден број композиции кај докажани автори и ја задржува целосната контрола врз аранжманите поради тоа што музичкиот настан ќе се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари, кои имаат искуство и знаење да одговорат на предизвикот.
Фестивалот „Ах, таа серенада – 2023“ ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола (плато) во рамките на „Бит-фест 2023“.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 15.4.2023.
Култура
Изабела Новотни и Владимир Лазовски, актери на Театарот за деца и младинци, прославуваат 30-годишен јубилеј

На 1 февруари, 2023 (среда), со претставата „Зрното грашок и принцезата“, актерскиот тандем Изабела Новотни и Владимир Лазовски, ќе го одбележат тридеценискиот јубилеј од нивната плодна кариера како првовработени актери во ансамблот на НУ Театар за деца и младинци – Скопје (ТМД).
„Пред три децении кога се вработив, не бев свесна за авантурата во која се впуштам. Ентузијазмот што го имав тогаш сè уште ме држи и верувам дека ја оправдаме довербата како првовработени актери да креираме и создаваме квалитетни претстави во првиот и единствен државен театар за деца и младинци на македонски јазик, вели Изабела Новотни.
„Прекрасно е чувството да бидете дел од создавањето темели на едно сега веќе големо функционално семејство, кое неуморно соништата ги создава низ театарските претстави преку кои израснале многубројни генерации“, вели Владимир Лазовски.
Театарот за деца и младинци, со одлука на владата во 1990 година, е формиран како национална институција и во првите години од формирањето претставите биле играни на разни сцени во Скопје и земјата, но без официјално вработени актери.
Пред театарот да го формира својот уметнички ансамбл, во него, заедно со тогашниот директор Љ. Чадиковски, вработени како административни соработници и веќе имаат навршени 30 години во ТДМ, беа Виолета Димовска, која сè уште го дава својот придонес во ТДМ, и нешто подоцна Софија Георгиевска, која веќе е во пензија.
Во 1993 година, со претставата „Зрното грашок и принцезата“, од Атанaс Илков, а во режија на Срѓан Јанаќиевиќ, во која играат Владимир Лазовски и Изабела Новотни, се означува и формално создавањето уметнички ансамбл на театарот со вработени актери, како и вработување технички соработници. Премиерната изведба на претставата била изведена во Детската градинка „13 ноември“ во Скопје, а поради нејзината мобилност и камерен стил, таа многу бргу учествува на многубројни фестивали во Албанија, Бугарија, СР Југославија, Италија, Турција и освојува многубројни награди и признанија, меѓу кои се издвојуваат: наградата за претстава во целина на фестивалот „Буроборак“ во Смолен, Бугаријан 1994 година, наградата за естетско обликување на претставата на фестивалот во Суботица, 1995 година и други.
Заедно со вработувањето на првите актери, театарот ги бележи и вработувањата на Љубица Велкова, кројач што остава силни белези при реализација на сите раскошни костими за разните претстави во театарот, а исто толку години поминати во ТДМ оваа година ќе бележи и Ангеле Насковски, тон-мајстор.
На 6 февруари 1998 година Театарот за деца и младинци, конечно, добива свој дом. Поранешниот воен ресторан „Вардар“ станува адаптиран сценски простор од привремен карактер. Овој објект сè уште како привремено адаптиран театар е единствениот дом во кој вработените неуморно креираат и создаваат успешни претстави наменети за деца и младинци, и тоа цели 33 години и веруваат во сонот што трае.