Контакт

Култура

Тојота ги намали за половина прогнозите за профит

Објавено пред

Водечкиотјапонски автомобилски концерн „Тојота моторс“ денеска ги намали за 50%прогнозите за чиста добивка во текот на буџетската 2008-2009. година порадивлошување на состојбата на светскиот автомобилски пазар.

Водечкиотјапонски автомобилски концерн „Тојота моторс“ денеска ги намали за 50%прогнозите за чиста добивка во текот на буџетската 2008-2009. година порадивлошување на состојбата на светскиот автомобилски пазар.

Концернотпрогнозира дека ќе биде реализиран профит од околу 550 милијарди јени(4,4милијарди евра), наместо 1.250 милијарди јени, како што беше планиранопретходно. Компанијата драстично ги намали и прогнозите за обрт.

„Автомобилскитепазари, особено во развиениот свет, регистрираат брзо опаѓање. Тоа е ситуацијабез преседан“, коментира вицепретседателот на „Тојота“, Митсу Киношита.

Во прватаполовина на оваа година профитот на компанијата се намалил за 47,6% на годишнониво до 493,4 милијарди јени(3,9 милијарди евра), а обртот за 6,3% до 12.190милијарди јени(97,5 милијарди евра).

„Овие лоширезултати се должат главно на обезвреднувањето на јенот и на падот напродажбите на колите поради тешкотиите што ги задесија пазарите во Европа иСАД“, појаснува Киношита.

/крај/бг/ст

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Есенско издание на „Скопје синема сити“

Објавено пред

Од

Од 5 до 6 октомври, во Кинотека на Македонија ќе се одржи есенското издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Оваа година ССС влезе во својата четврта година откако се организира и по тој повод, во текот на годината се организираат 4 филмски настани. Централно место во програмата на „Синема сити“ зазема музиката и нејзиното филмско претставување.

За време на есенското издание ќе биде прикажан филмот за легендарната група ЕКВ, „Како да беше некогаш“ на режисерот и автор Душан Весиќ. На проекцијата на филмот ќе присуствува и режисерот Весиќ, кој ќе дојде од Белград и по проекцијата ќе се одржи разговор со него. Гостувањето на Душан Весиќ на ССС е во соработка со здружението „Спона“. Бидејќи оваа година тој ја објави биографијата на Маргита Стефановиќ, за време на неговиот престој ќе има и промоција  за книгата „Како таа да беше некогаш.“

Останатите филмови се „Звук и тишина: Патувања со Манфред Ајхер“, којшто е своевиден музички патепис со основачот на реномирана издавачка куќа за џез-музика од Минхен, ЕСМ, како патува по светот снимајќи музика. Потоа, следниот ден, на 6 октомври, ќе следи филмот за најпознатиот класичен пијанист на денешницата Ланг Ланг, којшто ја следи неговата животна приказна како едно дете од рурална Кина станува еден од најдобрите светски пијанисти. Ова издание на фестивалот ќе се затвори со филм за еден од најпознатите музички композитори, Стив Рајш, кој заедно со композиторите Филип Глас, Ла Монте Јанг и Тери Рајли, е познат како основоположник на минимализмот во класичната музика.

Фестивалот е организиран со поддршка од страна на Агенцијата за филм, а одделни компоненти се поддржани и од Министерството за култура на Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Претставата „Против демократијата“ на Големата сцена на велешкиот театар

Објавено пред

Од

На Големата сцена на велешкиот театар „Јордан Х.К-Џинот“, во вторник, на 25 септември, со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Против демократијата“ од Естев Солер, во режија на Дејана Николовска, а во продукција на Здружението на уметници „К.Ц. Медиа артес“.

Гостувањето на претставата е финансирано од Министерството за култура во рамките на културната манифестација „Нов културен бран“ 2018.

„Против демократијата“ е дел од трилогијата „против“ (прогрес, љубов и демократија) на современиот шпански писател од каталонско потекло Естев Солер и зборува за демократијата и демократските вредности во кои нашето западно општество денес се колне.

Преку седум смешни и истовремено застрашувачки сцени авторот се обидува да ја посочи воочливата разлика помеѓу „човечкиот напредок“ и „финансискиот напредок“ во рамките на демократското општество. Екстремната театарска форма, комбинација од комедија и хорор е избрана со цел да се разбудат сетилата на луѓето од непосредноста и рутината на секојдневието.

Во претставата настапуваат актерите Игор Ангелов, Јасмина Билаловиќ и Дениз Абдула. Автор на сценографијата и костимографијата е Милена Пантелеева, композитор на музиката е Гаро Ашикјан, тон-мајстор е Дарко Дарковски, а светло-мајстор е Борис Велјановски.

Билетите за претставата се веќе пуштени во продажба на билетарницата на театарот.

 

Прикажи повеќе...

Култура

„Исцелител“ е македонски кандидат за „Оскар“

Објавено пред

Од

„Исцелител“, во режија на Ѓорче Ставрески, е македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје.

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје при Друштвото на филмски работници на Македонија, во состав на Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актерка, Амернис Нокшиќи – актерка, Горан Трајковски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематограф, донесе одлука филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески да биде национален кандидат на Македонија за оваа награда во 2019 година.

Одлуката е прифатена и одобрена од американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатура беа и „Враќање“ на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши и „Здивот на агелот“ на Јани Бојаџци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија1 час

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија2 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија2 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија2 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет4 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија13 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија15 часа

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија16 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија19 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија19 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток22 часа

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ23 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија23 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 ден

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 ден

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 ден

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток1 ден

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести1 ден

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија1 ден

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Досие