Контакт

Култура

Најмалку 82 деца загинаа на Хаити

Објавено пред

Најмалку 82 ученицизагинаа, , а 107 се повредени кога Хаити се урна училишна зграда, соопштијаспасувачите.

Најмалку 82 ученицизагинаа, , а 107 се повредени кога Хаити се урна училишна зграда, соопштијаспасувачите.

Потрагата попреживеаните од вчерашната несреќа продолжува, како и извлекувањето на телатана жртвите.

Трикатната школсказграда во предградието на главниот град Порт-о-Пренс се урна вечера дека децатаимале настава./крај/б/ил

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Документарниот филм за актерката Анче Џамбазова – онлајн-премиера в сабота

Објавено пред

НУ Театар „Комедија“ заедно со Општина Аеродром го реализира во континуитет Фестивалот на комедијата „Гола месечина“. На последното издание на Фестивалот (септември 2019) првпат беше воведена и наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ во чест на една од најголемите наши актерки, која важеше и за мајстор на комедијата.

Управата на Театарот и Општина Аеродром донесоа одлука да биде снимен и документарен филм за Анче Џамбазова, кој имаше своја премиера во рамките на „Гола месечина 2019“.

Градоначалникот Златко Марин и директорот на Театар „Комедија“, по одржаниот работен состанок преку видеоврска, одлучија документарниот филм за Џамбазова да биде прикажан и пред пошироката јавност, односно да биде емитуван онлајн на 4 април, сабота, со почеток во 20 часот на јутјуб-каналот на кој се емитуваат претставите на Театар „Комедија“.

Филмот е финансиски поддржан од средствата наменети за одржување на Фестивалот (од страна на Општина Аеродром, предводена од градоначалникот Златко Марин). Режисер на документарниот филм е Миле Гроздановски, а сценарист и асистент на режија е Гоце Трајковски.

Прикажи повеќе...

Култура

Први април – Ден на формирањето на Државниот архив

Објавено пред

На 1 април годинава се навршуваат 69 години од формирањето на Државниот архив и тој ден се одбележува како Ден на сите архивски работници.

Државниот архив на НР Македонија, денес преименуван во Државен архив на Република Северна Македонија, е формиран во 1951 година.

„Чинот на основање на Државниот архив претставува еден од најзначајните настани во нашата понова историја, а Архивот за нашата држава и нашиот народ претставува изворно сведоштво за државното постоење и континуитет, како и за нашиот идентитет“, вели директорот на Архивот, Емил Крстески.

Во рамките на Државниот архив работат девет одделенија, и тоа во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Струмица и во Тетово, кои се формирани во периодот од 1951 до 1962 година.

Државниот архив денес е архивска институција со статус и ингеренции на државен орган со речиси 300 вработени.

Во Државниот архив се чуваат 7.769 архивски фондови, речиси 70.000 архивски книги, 382 збирки, мноштво микрофилмуван архивски материјал, а интензивно се работи и врз дигитализација на приоритетните историски фондови.

Најстариот документ што се чува во Архивот потекнува од 12 век, а тоа е Евангелието на свети апостол Лука.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Детскиот културен центар „Карпош“ организира онлајн-априлијада

Објавено пред

Детскиот културен центар „Карпош“ најавува дека и во услови на пандемија нема да дозволи најмладите да останат без прослава на најшарениот и најразигран ден во годината.

Имено, на 1 април, со почеток од 12 часот, на фејсбук-страницата на ДКЦ „Карпош“ ќе се одржи пренос во живо на градската априлијада со цел децата да може да бидат дел од неа и да не ги запостават своите грижливо избрани маски.

„Во овие услови кога ни е најпотребно смеење, првпат на несекојдневен начин ја организираме априлијадата. Смеењето е здравје, а во моментот здравјето ни е најпотребно“, се вели во соопштението на ДКЦ „Карпош“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија1 час

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија1 час

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет2 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа3 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа3 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет4 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет4 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион4 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет4 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Македонија5 часа

Забрана за камиони на Стража, Плетвар и на патот Маврово – Дебар

Од изутринава има забрана за движење тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, на Плетвар и на...

Регион16 часа

Косово ги укина таксите за Србија и БиХ

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија...

Македонија19 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија19 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија20 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија20 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија21 час

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија22 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија23 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет23 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Досие