Контакт

Култура

Италијанец стар 91 година бара развод од 60. годишната сопруга

Објавено пред

Италијанец на возраст од 91 годинапобарал развод од својата 60-годишна сопруга, која го обвинила дека имаљубовница.

Италијанец на возраст од 91 годинапобарал развод од својата 60-годишна сопруга, која го обвинила дека имаљубовница.

Старецот од островот Ишија,во близина на Неапол, кој бил вдовец и ова му е втор брак, на својата сегашнасопруга долго време и бил работодавец. Се занимавал со одгледување компири, аподоцна успеал да изгради хотел на островот и да стане акционер во другитамошни хотели.

Но, како што тврди сопругата,во текот на својот втор брак, започнал и трета љубовна врска.

Тој побара развод на штосопругата не се противи, но бара куќа и финансиски надомест за времето поминатово бракот. Првото сослушување беше одржано во понеделникот во неапол.

/крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Академскиот уметник Зоран Арсовски успешно ги промовира своите дела во Србија

Објавено пред

Академскиот уметник Зоран Арсовски – Бабата, по реализирањето на своите самостојни изложби, првата во престижната „Галерија – Белградска тврдина на Калемегдан“ во Белград со наслов „Тектонски пореметувања“, која наиде на одличен прием и оргомна посетеност, и втората во Домот на културата во Књажевац, продолжува со презентирање на своите уметнички слики во Србија, овој пат во културниот град Кучево во Галеријата за современи уметности во Центарот за култура „Вељко Дугошевиќ“, која е закажана за 23 септември во 19 часот, а пошироката јавност во наредните две недели ќе може да ја посети изложбата и да ужива во уметничките дела.

За сите овие проекти Арсовски конкурира самостојно и индивидуално на годишниот конкурс за 2019 година јавно објавен од нивна страна и беше избран од стручното уметничко жири да биде дел од годишната програма на овие национални установи.

Со оваа изложба уметникот ќе ги заокружи десетата самостојна изложба и своето претставување во Србија, а 11-тата ќе го добие своето финално меѓународно презентирање за 2019 година на 3 октомври во бугарскиот главен град Софија.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Филхармонијата почна со онлајн-продажба на билети за новата сезона

Објавено пред

Филхармонијата на РСМ со радост најавува дека од денеска почна онлајн-продажба на билети што директно може да се купат на веб-страницата www.filharmonija.mk.

Сите љубители на музиката, посетителите на настаните на Филхармонијата, може да купат билет преку веб-страницата на Филхармонијата, каде што и може да се информираат и за условите и за начините на купување.

Новата концертна сезона на Филхармонијата се отвора на 26 септември (четврток) во 20 часот со концерт на кој ќе биде изведена музичката поема „Така зборуваше Заратустра“, антологиско дело на Рихард Штраус.

На концертот со наслов „Моќта на Заратустра“ како солист ќе настапи врвниот руски пијанист Александар Мелников, кој ќе се претстави со изведба на Бетовениот Концерт за пијано и оркестар број 1, едно од раните дела на композиторот, во кое може да се почувствуваат никулци на музичката револуција што ќе ја иницираат неговите подоцнежни дела.

Со оркестарот ќе диригира Антони Вит, еден од највлијателните полски диригенти, добитник на наградата „Херберт вон Карајан“ во 1971 година.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Јолевски: „Бесачи“ е насилничка претстава работена во демократски амбиент

Објавено пред

Следната недела, 24 септември, во МНТ ќе се одржи премиерата на претставата „Бесачи“ од британско-ирскиот автор Мартин Мекдонa, во режија на бугарскиот режисер Јавор Грдев. Пред премиерата актерот Ѓорѓи Јолевски говореше за темата на претставата, соработката со режисерот и неговите очекувања за приемот на публиката.

„Бесачи“, според Јолевски, е исклучително возбудлива претстава полна со црн хумор. Текстот, како што рече, е современ, силен и актуелен, а режисерот Грдев направил претстава адекватна на висината на текстот.

„Претставата е за луѓето што се за смртната казна, луѓе преполни со предрасуди и насилство, агресија, ограничен ум… Секојдневно има вести како некој е убиен, уништен, претепан без никакви последици за извршителите на насилството. Ликовите во оваа претстава се токму тие, насилниците“, рече Јолевски.

Актерот посочи дека иако темата на претставата е смртната казна, контекстот не ја заобиколува и државава. „Светот во кој живееме станува агресивен, морбиден и фригиден… Македонија е извор на насилство и корпција“, рече Јолевски во интервјуто.

„Ова е едно од поубавите искуства што ги имав. Беше големо уживање. Се работеше насилничка претстава во исклучително демократски концепт. Јавор е неверојатен забавувач, исклучително интелигетен, многу фокусиран, паметен, методичен… Тој го користи актерот како извор во неговиот концепт, кој е доста херметичен, затворен… Потребно беше да се игра тајната, а да не се зборува за неа“, вели актерот за претставата.

„Бесачи“

Во „Бесачи“ игра веќе докажаната актерска екипа од ансамблот на МНТ: Никола Ристановски, Кире Ѓоревски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Ѓорѓи Јолевски, Славиша Кајевски, Владо Јовановски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Александар Михајловски, Нелко Нелковски, Трајче Ѓоргиев. Асистент на режисерот е актерката Звездана Ангеловска, драматург е Дејан Дуковски, а композитор на музиката е Калин Николов.

За бугарскиот режисер Јавор Грдев ова е прва соработка со МНТ. Тој е еден од најзначајните бугарски и современи европски театарски режисери. Досега поставил над 30 театарски претстави во повеќе земји низ Европа и добитник е на повеќе од 45 награди.

Авторот на текстот, Мартин Мекдона, е познат по своите црни комедии, кои се поставени во голем број театри во светот. „Сакатиот од Инишман“, „Поручникот од Инишмор“, „Човек перница“, „Убавицата од Линејн“, а за неколку од нив е и номиниран на престижните награди „Тони“ и „Лоренс Оливие“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ5 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија6 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија6 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет7 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет8 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет8 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет8 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа21 час

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет22 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија1 ден

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион1 ден

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ1 ден

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија1 ден

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ1 ден

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет1 ден

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет1 ден

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет1 ден

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Досие