Култура
Откриен нов сончев систем

Научниците воеден ден ги добиле првите снимки на друг сончев систем во целост и три неговипланети.
Научниците воеден ден ги добиле првите снимки на друг сончев систем во целост и три неговипланети.
Еден тим наамерикански астрономи соопшти дека достигнал нова етапа во истражувањето наВселената, така што успеал да ги сними првите непосредни фотографии на другсончев систем.
На фотографиитесе три планети околу една далечна ѕвезда, а објавени се во магазинот„Сајенс“(Наука).
Еден друг тимнаучници од САД, Канада и Британија, прв пат го снимил целокупниот сончевсистем.
Снименитепланети, големи топки од гас, изгледаат мали, нешто поголеми од белите дамкиоколу ѕвездата во констелацијата Пегаз.
Научниците велатдека ова достигнување е клучна отскочна даска кон крајната цел, а тоа ефотографирање на планети слични на Земјата во другите сончеви системи.
/крај/фо/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на книгата „Во потрага по Роберт Џонсон“ на Питер Гуралник

На 22 февруари, со почеток во 20 часот, во Клуб-ресторанот МКЦ ќе се одржи промоција на музичката биографија „Во потрага по Роберт Џонсон“ на американскиот автор Питер Гуралник, а во издание на издавачката куќа „Авант прес“ од Скопје.
Роберт Џонсон е еден од најпознатите и сигурно најславниот меѓу сите рурални блузери. Како што вели популарната легенда за него, тој си ја продал својата душа на ѓаволот една ноќ на некој крстопат во Мисисипи во замена за вештини за свирење гитара. Веројатно неговата музика и свирење им се чинеле толку недостижни и како да не се од овој свет, поради што за него се плеткале приказни за спогодбата што била направена. Џонсон бил фантом кој талкал по САД каде што настапувал по разни фарми, клубови, ресторани, веселби, без многу да се знае за него. За време на својот краток, но бурен и динамичен живот, сè што оставил зад себе се снимени 29 песни и многу митови и легенди.
За многумина, тој е најголемиот блузер на сите времиња, односно се смета за таков од страна на модерната популарна култура. Со самото тоа тој си обезбедил свое место во пантеонот на музичките легенди, но неговото влијание било огромно и не било ограничено на блузот, туку допрело до сите популарни жанрови денес, повеќе од која било друга блуз фигура. Од неговата музика, покрај блуз музичари кои ги свиреле неговите песни како Мади Вотерс, Елмор Џејмс, Хаулин Вулф и многу други, негови песни се снимени и од плејада популарни рок-музичари од Ролинг Стоунси, Ерик Клептон, Лед Цепелин, Ред хот чили пеперс, Боб Дилан, Питер Грин, Касандра Вилсон, Дорс, Вајт страјпс.
Од времето кога починал на 27 години во 1938 г., разни колекционери и луѓе трагале по информации и сведоштва за неговиот живот и музика. Питер Гуралник е еден од тие кои трагале по неговата оставштина и своите искуства ги ставил во оваа книга. Гуралник е еден од најпознатите американски музички автори и историчари со книги кaкo Last Train to Memphis: The Rise of Elvis Presley, Dream Boogie: The Triumph of Sam Cooke, Sweet Soul Music: Rhythm and Blues and the Southern Dream of Freedom и многу други. Соработувал и со режисерот Мартин Скорсезе на неговиот серијал документарни филмови за блуз музиката.
Преводот на книгата е на Ненад Георгиевски, а промотор на промоцијата ќе биде архитектот, фотограф и колекционер на музика, Ангел Ситновски. На промоцијата ќе настапи и познатото блуз дуо In the Mood во чиј репертоар се застапени многу од песните на Џонсон.
Култура
Почна снимањето на филмовите на втората генерација „Докуникулци“ на „Македокс“

На повеќе локации во Скопје деновиве се одвива снимањето на документарните филмови на втората генерација „Докуникулци“ на „Македокс“. Изборот на темите беше направен на минатогодишниот „пичинг“, што се одржа во рамките на Патувачкото кино на „Македокс“ во партнерство со фестивалот „Дрим ОН“ во Струга.
Филмовите опфаќаат теми што се поврзани со животот на младите, како музика, автостоп и урбани приказни. Во снимањето на филмовите се вклучени 12 докуникулци. Премиерата на филмовите ќе се одржи на десеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, од 21 до 28 август во Скопје.
Филмската работилница „Докуникулци“ е поддржана од НЕД (National Endowment for Democracy) од Вашингтон и Агенцијата за филм.
Резултат од работата на првата генерација „Докуникулци“ на „Македокс“ беа трите кратки документарни филмови „Адолесцензура“ (Македонија, 2018, 14 мин.) на Леа Димитрова, „Поглед во очите“ (Македонија, 2018, 24 мин.) на Јоана Арсовска и „Поинакви“ (Македонија, 2018, 24 мин.) на Розе Симоновска.
Покрај одличниот прием на филмовите на премиерите во рамки на минатогодишното издание на фестивалот „Македокс“, документарците беа прикажани и на фестивалите „Дрим шорт“ во Струга, „Слободна зона“ во Белград (Србија), во неколку средни училишта во Скопје, како и во рамки на проектот „Од 1 до 101“ на „Чекор по чекор“ во Охрид, Битола и Скопје.
Култура
Либералната партија се приклучи кон повикот „Не го чепкај МКЦ“

Либералната партија се придружува кон повикот на голем број уметници – „Не го чепкај МКЦ“.
Партијата смета дека МКЦ е бедем на културата кој подолго време работи беспрекорно, со специфична енергија и неверојатно квалитетна понуда на културни настани.
„Има фантастичен тим, одлично раководство и директор кој доаѓа од јадрото на креаторите на програмата на МКЦ – и тоа треба така да остане и понатаму. ВД директорот Русе Арсов е врвен професионалец кој долги години наназад е столб на културната политика и менаџирањето на таа институција, човек кој на кадровски план создаде тим на кој многумина би му завидувале. Дегутантно е во МКЦ да се поставува директор по партиски клуч – човек кој никогаш не стапнал во МКЦ. Смената на ова професионално раководство со партиско ризикува со дилетантизам, и ќе предизвика ненадоместлива штета за урбаната култура во Македонија и ќе се уништи една посебна енергија и мачно стекнато знаење“, велат од Либералната партија преку соопштение.
Додаваат дека не треба да се дозволи и она малку професионално и квалитетно во државата да се уништи.
„Апелираме власта мудро и храбро да се одважи и да овозможи овој раководен тим и понатаму беспрекорно да менаџира со МКЦ“, се вели во соопштението на Либералната партија.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал