Контакт

Култура

Индиските специјалци во акција за ослободување на заложниците

Објавено пред

Индискитеспецијалци се спуштија денеска од хеликоптер на покривот на индискиот центар воМумбаи, во кој, како што се претпоставува, исламските терористи заробиленајмалку 10 Израелци.

dobivaj vesti na viber

Индискитеспецијалци се спуштија денеска од хеликоптер на покривот на индискиот центар воМумбаи, во кој, како што се претпоставува, исламските терористи заробиленајмалку 10 Израелци.

Пред тоаприпадниците на специјалните единици отвориле оган врз зградата, со цел да имго одвлечат вниманието од акцијата на покривот.

Шефот нанационалната гарда изјави дека се надева оти акцијата на „чистење“ наскоро ќезаврши.

Повикувајќи се насведоци, агенциите јавуваат дека специјалците упаднале во хотелот„Оберој-Тридент“, во кој терористите исто држат заложници.

Локалнатаполиција наведува дека грабнувачите со непознат број заложници сè наоѓаат и во блискиот хотел „Таџ Махал“.

Во обраќањето донацијата, индискиот премиер Манмоан Синг изјави дека терористичките напади воМумбаи најверојатно се планирани во странство.

Во Мумбаи, спореддосегашните податоци, загинале 125 лица, а повеќе од 300 се ранети.

/крај/хи/ст

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

По успехот на „Санденс“ македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји

Објавено пред

Огромен успех доживеа македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски кој ја имаше светската премиера на престижниот филмски фестивал Санденс, каде што ги освои Специјалната награда на жирито за креативна визија и наградата од публиката.

dobivaj vesti na viber

Филмот веќе е продаден во Канада, Австралија, Нов Зеланд, Белгија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија, Израел и цела поранешна Југославија, објави „Варајати“, дополнувајќи дека во тек се преговори и за други територии.

Џулиен Разафиндранали, одговорен за продажба во „Films Boutique“, рече: „Особено сме му благодарни на ‘Санденс’ што  одично го лансира филмот“.

„Диџеј Ахмет“ е драма во која станува збор за 15-годишно момче од јуручко село во источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска.

Филмот беше поддржан од Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Квентин Тарантино откри кој филм го инспирирал да стане режисер

Објавено пред

Квентин Тарантино е еден од највлијателните режисери на модерното кино, познат по уникатната комбинација на динамична нарација, привлечни ликови и препознатливиот дијалог кој стана негов заштитен знак.

dobivaj vesti na viber

Од раните 1990-ти, неговата работа го редефинира жанровскиот филм, црпејќи инспирација од различни извори – од самурајски филмови и криминални приказни од Хонг Конг до италијански вестерн класици.

Според него, „само неколку режисери успеале да земат стар жанр и да создадат сосема нов свет од него“, пишува Far Out Magazine.

Тарантино го гледа филмот како жив организам – нешто што мора постојано да се обновува за да преживее.

За разлика од многу негови колеги, неговото филмско образование не се одвиваше во академските кругови, туку во кината и видео продавниците, каде што работеше како тинејџер. Таму го стекнал своето легендарно енциклопедиско знаење за филмот и го развил чувството за стил што подоцна ќе го направи еден од највлијателните режисери во неговото време.

Посебно се истакнува неговата фасцинација со европските вестерни, особено делата на италијанските режисери како Серџо Корбучи, Дучио Тесари и Франко Жиралди. Сепак, еден филм имаше пресудно влијание врз неговата одлука да стане режисер.

„Филмот што ме натера да размислувам за режијата, кој ми покажа како режисер ја обликува приказната преку камерата и како може да контролира филм, беше „Беше еднаш на дивиот Запад“  (Once Upon a Time in the West), откри Тарантино.

Оваа епска вестерн сага на Серџо Леоне за него беше како филмско училиште – дело што му ги отвори очите кон авторскиот печат и начинот на кој режисерот може да остави свој личен белег на филмот.

„Бев апсолутно фасциниран и мислев: „Така е направено“, сподели Тарантино. Според него, овој филм го обликувал неговиот визуелен стил и начинот на кој размислува за филмот, оставајќи неизбришливо влијание врз неговата работа.

Прикажи повеќе...

Култура

Конститутивна седница на координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

Објавено пред

Денеска, во Порта „Македонија“ се одржа конститутивен состанок на координативното тело за изготвување на програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.

dobivaj vesti na viber

На првата конститутивна седница министерот Љутков се заблагодари за присуството и за посветеноста да бидат дел од оваа значајна и одговорна работа, со која се означи почетокот на подготовките за одбележување на еден многу важен и значаен јубилеј за нашата земја и за нашиот народ.

„Конституирањето на ова координативно тело е многу важен чекор за организирање на сите активности што ќе го одбележат овој значаен јубилеј. Со вашата експертиза, посветеност и соработка сигурен сум дека ќе создадеме програма што ќе ја истакне важноста на македонскиот литературен јазик, ќе го прослави неговото наследство и ќе ја промовира неговата современа употреба“, рече Љутков.

Наша задача е, како што рече, да организираме настани, изложби, конференции, издавање публикации и други културни активности што ќе го истакнат значењето на македонскиот јазик како носител на културната и националната меморија, но и како живо средство за комуникација, за образование и креативност во денешно време.

„Како министер за култура, сметам дека овој јубилеј не е само повод за славење на минатото, туку и важен момент за размена на идеи за иднината на македонскиот литературен јазик. Во текот на овие 80 години нашиот јазик се развива и осовременува, а ние, како носители на културната политика, имаме одговорност да го негуваме, да го штитиме и да го пренесуваме на идните генерации“, рече Љутков.

Тој порача овој јубилеј да биде поттик за нови размислувања за иднината на македонскиот литературен јазик, за неговото место во глобалниот контекст, но и за неговото место и развој во сите сфери на животот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ22 минути

Брендирана роба без документација пронајдена во товарно возило: приведен струмичанец

Вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни...

Македонија25 минути

(Видео) Паѓа снег во Скопје, врнежи се очекуваат и во наредните денови

Во Скопје утрово паѓа снег. Според прогнозата во главниот град денеска повремено ќе има врнежи од снег, а температурата се...

Свет2 часа

Орбан: Украина може да стане Авганистан за ЕУ

Украина може да се претвори во „верзија на европски Авганистан“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп не може да обезбеди мировен...

Свет3 часа

Трамп сака мир во Украина до Велигден, пишува Блумберг

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, кој...

Свет3 часа

(Видео) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа девет луѓе

Најмалку девет лица ги загубија животите во текот на викендот бидејќи обилните дождови предизвикаа поплави во југоисточниот дел на САД,...

Свет4 часа

Трамп: Средбата со Путин ќе биде наскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата очекувана средба со рускиот колега Владимир Путин во Саудиска Арабија „може да се...

Европа4 часа

Стармер е подготвен да испрати војници во Украина доколку е потребно

Британскиот премиер Кир Стармер изјави вчера дека е подготвен да испрати војници во Украина доколку се покаже дека е неопходно...

Европа4 часа

(Видео) Украинците нападнаа руски регион со дронови, погодена рафинерија

Во напад на украинско беспилотно летало врз рускиот регион Краснодар е повредено едно лице, а оштетени се најмалку 12 куќи,...

Македонија15 часа

„Валкани пари – смртни последици“ – во Скопје нов потестен марш по смртта на Фросина Кулакова

Голем број граѓани и денес, по трет пат, се собраа на протест на кој се бараше правда за Фросина Кулакова,...

Топ20 часа

Во полиција задржан тинејџерот од Косово кој прегази пешаци на улица во Скопје, МВР поднесе кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа околу 22 часот удри пешаци во Скопје на улицата Дринска. Седумнаесетгодишникот од...

Македонија22 часа

Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот, Христијан Мицкоски, истакна...

Македонија23 часа

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори, откри Таравари

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на...

Македонија24 часа

(Видео) Изгоре магацин за полиестер во Врапчиште, пожарникар падна од скали и се повреди

Изгоре магацин за  производство на полиестер во општина Врапчиште. Магацинот се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека...

Свет1 ден

Првиот човек на НАТО: Путин не би се осмелил да нападне наша членка

Рускиот претседател Владимир Путин не би се осмелил да нападне земја-членка на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте...

Свет1 ден

Зеленски: Работиме на посебен договор со САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека успехот „веќе се чини можен“ откако неговата администрација почна да соработува со тимот на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија,...

Свет1 ден

„Не сме сите такви“ – Алхалаби е херојот од Сирија кој го совлада својот сонародник за време на нападот во Австрија

Сириец вчера избоде со нож пет минувачи по случаен избор во Вилах, Австрија пришто загина 14-годишно момче. Медиумите денес се...

Свет1 ден

ЕУ се подготвува за итен состанок за Украина

Франција разговара со своите сојузници за можноста за одржување неформален состанок на европските лидери за Украина, а четворица европски дипломати...

Македонија2 дена

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . Премиерот...

Македонија2 дена

Вклучувањето на Бугарите во Уставот е само првиот чекор и ќе овозможи почеток на преговорите, му рекол бугарскиот министер на Муцунски

Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ. Ваква порака испратил бугарскиот министер...