Култура
Годишно загинуваат 830 илјади деца во светот

Околу 830 илјадидеца годишно во светот ги губат животите во автомобилски несреќи, давење вовода и други слични несреќи.
Околу 830 илјадидеца годишно во светот ги губат животите во автомобилски несреќи, давење вовода и други слични несреќи.
Тоа претставува изненадувачки големабројка која што е растечки, но често занемарлив проблем, соопшти денескаСветската здравствена организација (СЗО).
Извештајот на СЗО, составен врзоснова на информации од 200 експерти ширум светот е прв од глобален карактер.Неговата цел е да ги поттикне организациите за подобрување на јавното здравствои развојот.
Според извештајот, сообраќајнитенесреќи се водечка причина за смртта во несреќни случаи, така што восообраќајни несреќи годишно животот го губат 260 илјади деца, додека со повредисе стекнуваат 10 милиони.
Покрај сообраќајните несреќи, меѓупрвите пет водечки причини за смртност кај децата се и давење во вода,изгореници, падови и ненамерно труење.
Африка има најголем степен наслучајна смртност, односно десет пати поголема отколку во богатите држави какошто се Австралија, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Обединетото Кралство, кадеспоред извештајот има најниска стапка на повредување на деца.
Според СЗО и Фондот за деца приОбединетите нации, околу половина од тие несреќи можат да се спречат соупотреба на автомобилски седишта за деца, покривање на базените во чија близинаима деца, подигање огради кои би го спречиле пристапот на децата доградилиштата и други веќе проверени мерки.
/крај/хи/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“од Јохан Штраус II

На 25 октомври со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, во 20 часот.
Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска.
Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.
„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. „Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и музичката магија.
Култура
Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ на големата сцена на Националната опера и Балет

На 25 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, 20.00 ч.
Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска.
Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.
„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. „Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и музичката магија.
Култура
Признание од Европа за македонската анимација – „Златната пеперутка“ со Биби и Боби триумфира на MIA Market

Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната пеперутка“, базиран на ликовите од популарната анимирана серија „Светот на Биби“, го освои престижното признание MIA Development Award for Outstanding Animation Project на филмскиот и телевизискиот маркет MIA Market 2025 во Рим, кој се одржа од 6 до 10 октомври.
Наградата, во вредност од 5.000 евра, беше доделена на 10 октомври во силна меѓународна конкуренција, од страна на стручно жири составено од истакнати професионалци од европската и светската анимациска сцена. Ова признание претставува значаен успех за македонската анимација и потврда за креативниот потенцијал на домашните автори и студија.
Во образложението на жирито се наведува:
„Наградата МИА за развој на најдобар анимациски проект ја добива Златната Пеперутка на Гоце Цветановски, затоа што ја прикажува моќта на оригиналните брендови како „Светот на Биби“ да донесат свежи, регионално инспирирани приказни на светската анимациска сцена преку различни формати, и како охрабрување за понатамошен развој на визуелниот и анимацискиот стил.“
MIA Market претставува еден од водечките европски настани за филм, телевизија, анимација и документаристика, со повеќе од 2.800 акредитирани професионалци од 64 земји. Годинава, во рамките на 11. издание, беа пријавени над 500 проекти, од кои по околу 15 беа селектирани во секоја од четирите категории: Анимација, Филм, Драма и Документарен филм. Во категоријата Анимација учествуваа седум долгометражни филмови и девет серии.
Листата на наградени проекти беше објавена во повеќе меѓународни медиуми, меѓу кои Variety, Deadline, Prensario International и Cinemaitaliano.info.
„Ова е голем чекор и признание не само за нашиот проект, туку и за целата нова македонска анимациска сцена,“ изјави Гоце Цветановски, режисер и сценарист на „Златната пеперутка“, при примањето на наградата.
За филмот „Златната пеперутка“
„Златната пеперутка“ е еколошка авантура за целото семејство. Биби, Боби, Зази, Зина и роботчето Р-1 патуваат во Колумбија кај нивниот пријател Пепе и неговото милениче, морското прасе Пико. Веселата дружина тргнува во потрага по ретката и мистериозна златна пеперутка, за која Пепе тврди дека ја видел во Амазонската прашума. Нивната мисија ќе ги однесе до легендарниот златен град Ел Дорадо, каде ќе се соочат со бројни предизвици и ќе мора да ги здружат своите сили за да ги совладаат темните сили што демнат во џунглата.
Сценариото го потпишуваат Бруно Велјановски и Гоце Цветановски, режијата е на Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а илустрациите за презентацијата ги изработи Иванчо Николовски.
Македонски продуценти се Македонска Крепост, Светот на Биби и Toon Motions Studio, во копродукција со Blurr Studios (Аргентина), Blurr Rojo (Шпанија), The G Seven (Колумбија) и Technoscop Films (Бразил).