Контакт

Култура

Лига на Шампиони – Три италијанско – англиски пресметки

Објавено пред

Челзи – Јувентус,Реал Мадрид – Ливерпул и Интер – Манчестер јунајтед се најинтересните пресметкишто ги донесе денешната жрепка за осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Челзи – Јувентус,Реал Мадрид – Ливерпул и Интер – Манчестер јунајтед се најинтересните пресметкишто ги донесе денешната жрепка за осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Од вкупно осумте пресметки, во три ќе се сретнат клубови од Италија иАнглија.

Европскиот првак Манчестер јунајтедима тежок испит против италијанскиот Интер. Тоа, воедно ќе биде и пресметкамеѓу двата тренерски великани, Алекс Фергусон и Жозе Мурињо.

Финалистот од минатата сезона во ЛШ,Челзи за противник го доби најтрофејниот италијански клуб Јувентус, предвиденод поранешниот тренер на лондонскиот клуб, Клаудио Раниери.

Арсенал, кој минатата сезона во осминафиналето го исфрли Милан, запротивник повторно доби италијански противник, екипата на Рома.

Во пресметката меѓу најтрофејните европски гиганти,Реал Мадрид, кој има девет титули европски првак се среќава со Ливерпул, којима пет европски титули.

Германски Баерн е голем фаворит водвомечот со Спортинг од Лисабон, а истото важи и за Барселона против францускиЛион.

Двојки за осминафиналето во ЛШ:

Челзи – Јувентус

Виљареал – Панатинаикос

Спортинг – Баерн Минхен

Атлетико Мадрид – Порто

Лион – Барселона

Реал Мадрид – Ливерпул

Арсенал – Рома

Интер – Манчестер јунајтед

Првите натпревари се играат на 24 и25 февруари 2009 година, а реваншите на 10 и 11 март.

/крај/х/ег/

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Објавен антологиски избор од младата македонска поезија во Словенија

Објавено пред

Минативе денови во издание на Македонското културно друштво Македонија од Љубљана од печат излезе збирката (Не)пар / (Ne)par: Dvojezični izbor sveže makedonske literature, антологиски избор на младата македонска поезија.

Во изборот се вклучени вкупно 22 песни заедно со био-библиографски белешки од македонските поети: Јосип Коцев, Маријана Јанческа, Снежана Стојчевска, Катерина Гогова и Стефан Марковски.

Изборот е во превод на група преведувачи под менторство на Намита Субиото, македонистка од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и Лара Миховиловиќ, професорка по македонски јазик, поетеса и преведувач. Промоцијата на изборот (Не)пар… ќе се случи на почетокот од декември во рамки на манифестацијата „Прешерново оро“ во Крањ, Словенија.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на карикатури на Божидар Поп-Антоски

Објавено пред

Во 19.30 часот во Кинотека ќе биде отворена Самостојна изложба на карикатури на Божидар Поп-Антоски со наслов „Позиција:Опозоција“. Авторот Божидар Поп-Антоски како постојан набљудувач на општествено-политичките прилики и неприлики преку 21 карикатура дава свој осврт на стварноста со една препознатлива горчливо-духовита нота на своите цртежи.

Божидар Поп-Антоски е роден 1951 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Со свои цртежи, карикатури, се јавил прв пат во 1969 година на страниците на нашето национално гласило за хумор и сатира – весникот Остен. Објавил голем број цртежи и карикатури во Македонија и во Југославија, тн.пр. Остен, Студентски Збор, Нова Македонија, Млад борец, Екран, Комунист, Борба, Нин, Павлиха и други. Препечатуван е и во странство: Рохач (Чешка), Крокодил (Русија), Стршел (Бугарија)…

Со свои самостојни изложби се претставил во Скопје, Кавадарци, Струмица и Куманово. Учесник е на повеќе конкурси, изложби и галерии: Светска галерија на карикатури – Скопје, Југословенска изложба – Славонски брод, Меѓународно Биенале на карикатура Нови Сад, Конкурс за воздухопловна карикатура – Земун, Меѓународен салон на каракатурата – Монтреал, Интернационален натпревар на карикатури – Атина, Интернационален фестивал „Насрадин Хоџа“ – Акшехир. Учесник е на повеќе годишни изложби на Здружението на карикатуристите на Македонија, дома и во странство (Италија, Романија), како и изложбите организирани од весници и списанија. Застапен е со свои цртежи во збирката карикатури на македонски каракатуристи, група „Кикс“ со наслов „Тушот не е вода“. Во 1980 објавил своја прва збирка карикатури со наслов „Песни“, а во 2010 е објавена неговата втора збирка карикатури со наслов „Времето-Цртеж“. Застапен е и во публикацијата „Македонската карикатура“ во издание на Здружението на карикатуристи“ – Скопје. Жевее и работи во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Второ издание на манифестацијата „Демир Хисар сака рокенрол”

Објавено пред

Овој петок и сабота (18 и 19 октомври) во Демир Хисар ќе се одржи манифестацијата насловена „Демир Хисар сака рокенрол”, која втора година по ред се одржува во Домот на културата „Илинден“.

Првата вечер е планирано дебатно кино со проекција на филмот „Hype“, а дебатата ќе ја води професор Александар Талевски, професор по гитара во Државното музичко училиште во Битола и активен музичар, член на бендот Supernova.

Втората вечер е резервирана за рок-концерт на кој ќе настапат бендовите Revelation, Supernova, Зашо така и Jam & Jelly.

Зад организацијата на дводневната манифестација „Демир Хисар сака рокенрол 2“ стои демирхисарскиот рок бенд Revelation, а истата е поддржана од Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Најново

Дијаспора37 минути

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија57 минути

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа1 час

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион2 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија2 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт13 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија15 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија16 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија16 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ18 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија18 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија18 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија19 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија22 часа

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет23 часа

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ23 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ24 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија24 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија1 ден

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа1 ден

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Досие