Контакт

Култура

Уапсени тројца пакистански милитанти во Индија

Објавено пред

Индијскатаполиција соопшти денеска дека уапсила тројца милитанти, меѓу кои и еденприпадник на пакистанската војска во северната држава Џаму Кашмир.

Индијскатаполиција соопшти денеска дека уапсила тројца милитанти, меѓу кои и еденприпадник на пакистанската војска во северната држава Џаму Кашмир.

Милитантите, кои биле уапсени вонеделата во еден хотел, планирале големи самоубиствени напади, јавија индискитемедиуми, пренесувајќи ја изјавата на шефот на полицијата Кулдеепа Кода.

Според него, сите тројца милитантисе од пакистанска националност и се членови на исламската организација Џаиш – е- Мохамед со седиште во Пакистан.

/крај/хи/амп

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Европски денови на културното наследство од 1 до 7 октомври

Објавено пред

Во периодот од 1 до 7 октомври ќе се одржи централното одбележување на Еврпските денови на културното наследство, коишто во нашата земја годинава се фокусирани на темата „Културното наследство и училиштата“.

Во тие рамки, повеќе музеи и други институции што делуваат на полето на културното наследство најавија организирање на настани со физичко присуство на посетители,  со почитување на протоколите за социјална дистанца.

Во организација на Националната галерија на Република Северна Македонија веќе се одржаа две креативни работилници насловени „Детски фасцинации 20“, инспирирани од изложбата „Пејсажни фасцинации 20“ на уметникот Атанас Атанасоски. Музејот Куманово организира посета на локалитетот Камени кукли во с. Куклица и едукативна работилница насловена ”Легенди и преданија во современото живеење“. Во согласност со темата, Музејот Демир Капија ќе ја реализира креативната работилница „Традиција, сегашност, иднина“, со ученици од локалното основно училиште.

Во Музеј и галерија Кавадарци, на 2 октомври во 12 часот, ќе биде отворена изложбата „Културното наследство на Кавадаречко“. Најмалиот етнолошки музеј во светот од с. Џепчиште, Тетово, се вклучува во манифестацијата со поставување на изложбата „Верски реликвии и стари дипломи на заборавени занаети“ и со организирање на Дебата околу издавањето на книгата „Македонски етнолошки буквар“ на 3 октомври.

На 6 октомври, Музејот на град Неготино ќе ја отвори меѓународната изложба на ликовни дела на Александра Кокотовиќ од Сараево, Босна и Херцеговина. Изложбата насловена „Уметноста како катализатор за социјални промени“ ќе биде поставена на отворен простор, во Лапидариумот пред музејот. Истиот ден, со почеток во 13 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде промовирана илустрираната публикација за деца „Музејска сликовница“.

Прикажи повеќе...

Култура

Основачот на „Џифони“, Губитози: Важно е да ја следите вашата интуиција

Објавено пред

„Имав 17 години кога почнав да размислував што сакам да правам, на 18 почнав да ставам сѐ на едно место, а на 19 години веќе го организирав првото издание на „Џифони Италија“. Кога имате 17 години, имате огромни очекувања и честопати очекувањата ги надминуваат сите логики. Од почетокот бев поврзан со идејата за фестивал за деца и, да, многу сум горд на тоа што го создадов, но секогаш сум по малку незадоволен бидејќи секогаш може да се направи повеќе. Имаме 50 години искуство, но живееме во сегашноста и мораме да размислуваме за иднината“, вака Клаудио Губитози, извршен директор и основач на „Џифони филм фестивал“, го почна своето предавање со „џифонците“ од Македонија. Тој се осврна на 50-те години посветеност кон доближување на вистинските вредности на децата преку филмската уметност.

Македонските „џифонци“ покажаа голем интерес да му постават прашање на Губитози, кој покажа голема почит кон секого од нив. На прашањето зошто е важен „Џифони“, тој вели:

„На ‘Џифони’ имате слобода да бидете она што сте. Доаѓаат деца од 55 земји од целиот свет, но на беџовите не пишува од која националност се децата, туку само името, бидејќи не ве прашуваме од каде доаѓате, туку што сакате да бидете. Децата доаѓаат на ‘Џифони’ бидејќи тука може слободно да ги изразат своите мислења, да бидат слушнати, да израснат и да ги развијат своите емоции. Тука се зборува и се размислува на многу теми од животот, не можеме сите да ги наброиме, но сите тие ве поттикнуваат да размислувате. Има деца што велат дека биле многу срамежливи кога дошле првпат, па им било срам да зборуваат, но по првите јавни настапи тоа се менува. ‘Џифони’ е место каде што се раѓа мислата, место каде што можете подобро да ги спознаете или да ги препознаете вашиот идентитет и вашата личност“, вели Губитози.

На прашањето дали се плаши дали сѐ ќе биде во ред додека трае фестивалот, а и дури се организира, Губитози одговори: „Секогаш ми е страв. Никогаш не се случило да не ми е страв. И по многу години, јас сум секогаш исплашен и пред и за време и по завршениот настан зашто носам голема одговорност. Но, стравот нѐ движи напред. Држам предавања и на факултети и секогаш се подготвувам за тоа. „Џифони“ се роди од една интуиција, која, ете, случајно ми се појави токму мене. Ја почувствував и решив да ја следам и оттогаш не сум ја напуштил. Треба да ги препознаете добрите идеи: идејата може да се појави, да стои во вас неколку дена или неколку месеци, а потоа да ве напушти. Ако интуицијата ви вели дека идејата е добра, не чекајте, почнете да работите на нејзино остварување и со тек на време таа ќе ја добие својата форма.

Вчера се одржа и дискусија на тема женски права откако беше прикажана епизода од француската серија „Бестрашни“.

Данскиот филм „Хакер“ во режија на Пол Берг, синхронизиран на македонски јазик, ќе биде премиерно прикажан вечерва во 19 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката. Гласовите ги позајмуваат: Стефонатор, Гораст Цветковски, Кристина Христова-Николова, а за синхронизацијата се погрижи „Катавеј“ од Скопје. Во 18 часот на дигиталната платформа youth.mk и на фејсбук-страницата на фестивалот обожавателите на јутјуберот Стефонатор ќе може да се дружат со него на работилницата што се организира по повод премиерата на филмот „Хакер“, во кој познатиот јутјубер го позајмува гласот на главниот лик.

На дискусијата во 16 часот кадетите ќе имаат можност да поразговараат со Лаура Жоу, режисер на филмот „Животот без Сара Амат“.

Учесниците на „Џифони Македонија“ денеска во 17 часот преку платформата youth.mk ќе може да се сретнат со Ана Андонова, авторка на краткиот филм „Малечка“.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Објавено пред

Од вечерва до 3 октомври ќе се одржува фестивалот на комедијата „Гола месечина“, кој е во продукција и организација на НУ Театар „Комедија“, а под генерално покровителство на Општина Аеродром.

„Годинешното издание на фестивалот е малку поинакво од досегашните. Пандемијата ни ги промени секојдневието и начинот на работа и функционирање, но не дозволивме да нè сопре во нашата цел – животот на театарот, животот на комедијата. Затоа сите заедно и солидарно смогнавме сили за да го одржиме нашиот традиционален фестивал. Долго размислувавме дали годинава да имаме гости од соседството, но сепак на крајот одлучивме да им отстапиме максимален простор на македонските театарски работници и да го избереме најдоброто“, велат организаторите на настанот.

Во текот на шесте фестивалски вечери публиката ќе може да гледа пет претстави од домашни продукции и еден стендап-настап. Влезот за публиката и годинава е бесплатен, со тоа што ќе може да се влезе само со приложување билет поради ограничениот број седишта, а бесплатните билети ќе може да се подигнат од билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром.

Фестивалот ќе се одржува под посебни протоколи за одржување настани на отворено, на сцена поставена на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонскиот центар – Аеродром.

Претставите почнуваат во 20 часот, а влезот за посетителите, кои ќе мора да носат заштитна маска, ќе биде отворен од 19 часот.

„И оваа година, во рамките на последната фестивалска вечер, ќе доделиме признанија и награди, меѓу кои и наградата за животно дело ‘Анче Џамбазова’, која ја воведовме од минатата година. Се надеваме дека временските услови ќе ни излезат во пресрет и дека Фестивалот на комедијата и годинава ќе помине успешно и ќе внесе доза позитивност и смеа во нашето секојдневие и ќе го збогати културниот живот во Скопје“, изјавија од управата на НУ Театар „Комедија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

ЕУ со предупредување до Турција: Сите опции се на маса

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел предурпеди дека сите опции се на маса во одбрана на интересите на ЕУ, ако...

Свет19 минути

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет28 минути

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет14 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија15 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија15 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија16 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија18 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет18 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија19 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија20 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија20 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија21 час

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет21 час

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија22 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ23 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија23 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет24 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет1 ден

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Досие