Контакт

Култура

Москва го потпиша договор за гас, на потег е Киев

Објавено пред

Русија го потпиша договорот со Европската унија со кој дозволува пристап напосматрачи од ЕУ и од Украина до објектите за транзит на гас на својатериторија.

dobivaj vesti na viber

Русија го потпиша договорот со Европската унија со кој дозволува пристап напосматрачи од ЕУ и од Украина до објектите за транзит на гас на својатериторија.

Сега на потег е Киев, кој восогласност со усмениот договор од петок треба да дозволи присуство на руски иевропски посматрачи на своја територија, со што ќе биде овозможен повторендоток на гас кон Европа.

Тристраниот договор меѓу ЕУ, Русијаи Украина, кој е чекор за завршување на енергетската криза, што доведе донедостиг на гас во 18 европски држави, во името на ЕУ го потпиша чешкиотминистер за индустрија и трговија Мартин Риман, а од руска страна потписставија потпретседателот на руската влада Игор Сетчин и првиот човек на ГазпромАлексеј Милер.

Договорот сега треба да го потпише иУкраина, која Русија ја обвини за одолговлекување, со што ја загрозуванормализацијата на состојбите за европските потрошувачи.

Чешкиот премиер Мирек Тополанеквечерав во Киев треба да се сретне со украинската премиерка Јулија Тимошенко.

Русија ќе пушти гас, кога ќепрофункционира посматрачкиот механизам, рече шефот на руската држава ВладимирПутин, додавајќи дека ќе се мери количеството гас што влегува и излегува одУкраина, а доколку биде забележана кражба Москва повторно ќе го намали количеството.

Газпром ги затвори вентилите кон Украинана први јануари, а кога забележа кражби на гасот сосема ја прекина испораката.Низ Украина тече 80 насто од целокупниот гас наменет за Европа.

Со недостиг се соочи и Македонија.Со работа престанаа Макстил и фабриката 11 октомври од Куманово, а скопскатоплификација премина на работа со мазут, со што потрошувачите непреченодобиваа греење./крај/ста/мп

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Ако сум жена, не сум коњ“ – урнебесна комедија за љубовта, очекувањата и реалноста на 13 април во Скопје

Објавено пред

На 13 април, сцената на „Македонската опера и балет“ ќе биде сведок на премиерната изведба на театарската комедија „Ако сум жена, не сум коњ“, претстава која низ хумор и емоција ги истражува љубовните предизвици со кои се соочуваат жените во модерното општество.

dobivaj vesti na viber

Комедија за силни жени и храбри мажи. Урнебесна и искрена приказна за една паметна, амбициозна и љубопитна жена која, во потрага по „вистинскиот“, се соочува со серија комични и емотивни предизвици. Од првата љубов, преку разочарувањата, до зрелите години, таа поминува низ живот исполнет со среќни, но и апсурдни моменти. Приказна за една паметна девојка која прави глупави работи. Поради љубовта. Поради биолошкиот часовник. Поради баба и која ја тера да се омажи. За мажите кои не сакаат да се оженат. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која секоја жена ќе ја разбере… Дали постојат среќни краеви во љубовта или нас, како што вели главната хероина, нѐ „излажал Холивуд“?

Преку силен и провокативен текст, оваа претстава нуди уникатен пристап кон темите за родовата еднаквост, менталното здравје, стереотипите и борбата за сопствено место во светот. „Ако сум жена, не сум коњ“ ја рефлектира вистината на многу жени, но и ја пренесува универзалната порака за храброст и упорност, која допира до секого. Погледнете ја оваа монодрама која ќе ве насмее до солзи, но и ќе ве натера да размислите за вечното прашање на секоја жена – дали сум нормална?

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од ова незаборавно театарско искуство! Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta, Розе Веро 2 и Јк травел во Бисер.

Прикажи повеќе...

Култура

Џијан Емин продолжува со европскиот музички поход: Патување низ епохите, од Бах до електроника со Тристано и Филхармонијата на Луксембург

Објавено пред

Џијан Емин продолжува со европскиот музички поход: Патување низ епохите, од Бах до електроника со Тристано и Филхармонијата на Луксембург. Ова музичко доживување ќе започне со концертот за пијано и оркестар во Д мол од Ј.С.Бах, а ќе заврши со современа музика, вклучително авторски дела на Емин и Тристано, која ќе биде надополнета со користење на електроника и звучен дизајн. 

dobivaj vesti na viber

Несекојдневно патување низ музичките епохи е најавено на концертот во Луксембург, под диригентско водство на нашиот Џијан Емин, со светски познатиот пијанист Франческо Тристано и Филхармонијата на Луксембург на 25 јануари во 19.30 часот. Ова музичко доживување ќе започне со концертот за пијано и оркестар во Д мол од Ј.С.Бах, а ќе заврши со современа музика, вклучително авторски дела на Емин и Тристано, која ќе биде надополнета со користење на електроника и звучен дизајн. 

Концертот на Луксембург е уште еден од низата на Емин на европската сцена, по успешниот настап во Португалија на Џез фестивалот во Гимараеш, каде имаше авторски концерт на затворањето на престижниот фестивал заедно со симфонискиот оркестар на Гимараеш. На фестивалот  во Гимараеш настапија  светски имиња од џез сцената како Марија Шнајдер, Лео Вадада Смит, Крејт Таборн, Џеф Балард и др.

За Џијан Емин:

Џијан Емин е роден во Скопје. Тој е сестран музичар со големо музичко искуство. Од водач на хорнистите во Македонската филхармонија, до вешто свирење импровизирана музика или џез (на еден од многуте инструменти што ги владее), од диригирање на меѓународни оркестри до компонирање и аранжирање партитури за филм и театар, до свирење на гитара или клавијатури со рок групи, до продуцирање албуми и како уметнички директор на фестивали, Џијан блеска до крај, секогаш додавајќи скапоцен изворен глас и неспоредлива музикалност.

Како еден од водечките современи музичари од Македонија и регионот, Џијан исто така стекна голем авторитет низ целиот свет, како природен след кога станува збор за толку високо ниво на музицирање. Неговите соработници вклучуваат светски познати музичари како Дерик Меј, Хуан Аткинс, Џеф Милс, Франческо Тристано, а исто така и уметници добитници на Оскар и Греми како А.Р. Рахман, Курт Елинг, Френк Лондон, Малколм Бурн, Јан Банг, Арве Хенриксен Луис Бонила, Вилијам Паркер, Боб Стјуарт, Франческо Беарцати, Лука Акино, Џанлука Петрела, Фурплеј, Питер Херберт, Дамо Сузуки, „Ер“, Глорија Естефан, Рико Волшебникот (Дафт Панк), Рамбо Амадеус, Дарко Рундек, Кирил Џајковски, Архангел, Феми Кути, Влатко Стефановски…

Како диригент/продуцент на различни проекти неговата работа е претставена и изведена со Симфонискиот оркестар на Детроит, Симфонискиот оркестар на Мелбурн, Оркестарот L’amoureux – Париз, Симфонискиот оркестар Фландрија – Белгија, Македонската филхармонија, Оркестарот Регионален де Кан, Грузискиот Национален оркестар, Национален оркестар на Лорен, Белградска симфонија Оркестар, Симфониски оркестар Гимараеш и неодамна како главен диригент на Новиот џез оркестар од Скопје.

Тој беше витален дел од многу оркестри, вклучително и Белградската филхармонија, оркестарот No Borders, East West World Orchestra, F.A.M.E.S. Оркестар (како оркестратор и диригент) и многу други. Се појавува на десетици албуми, од кои на десетина како лидер. Има компонирано, оркестрирано и снимено музика за многу играни филмови, театарски претстави и безброј дела за реклами и слично.

За Франческо Тристано:
Додека беше во престижната њујоршка школа Џулијард, Франческо ги постави темелите на своите амбиции како толкувач на музиката на Бах: свиреше и ги сними концертите за пијано со неговиот ансамбл The New Bach Players. , како и снимените варијации Голдберг (кои се наоѓаат под малата етикета Accord). Набргу потоа, тој беше потпишан од француската издавачка куќа Infiné, каде што ги објави своите први плочи во комбинација со електроника и пијано: Not for Piano (2007), каде што создаде верзии на техно химни како The Bells на Џеф Милс или Strings of Life на Дерик Меј на пијаното; Auricle Bio On (2008), каде пијаното е замислено како семплер; и Idiosynkrasia (2010), во кои тој беспрекорно ја спои својата виртуозност на копчињата и неговата програмска вештина, усовршувајќи го својот концепт на „Piano 2.0“, каде што инструментот достигнува нова текстурална итерација преку употреба на компјутери.

Големиот скок на Тристано се случи во 2011 година, кога беше потпишан од Дојче Грамофон, со кој сними три програми инспирирани од неговото искачување како концертен пијанист со меѓународно признание. Првиот беше Бах/Кејџ (2011) – истражување на звучниот простор каде што музиката на Јохан Себастијан Бах и Џон Кејџ коегзистираа и покрај растојанието од три века: интерпункцијата на емоциите, потрагата по необични текстури, изненадувачкиот квалитет на серендипитниот. Снимено во студиото Planet E во Детроит – референтна точка за современото техно – Бах/Кејџ се обиде да создаде нова звучност за двајцата композитори од акустичната употреба на просторот.

На неговата трета плоча за Deutsche Grammophon, Scandale (2014), која ја сними со Алис Сара От, програмата беше заснована на пијано изведби на дела компонирани од Морис Равел, Николај Римски-Корсаков и Игор Стравински за легендарните (и некои можеби велат контроверзни) руски балети.

Во 2017 година, Франческо Тристано ја започна својата соработка со Sony Classical, фокусирајќи ги своите напори на издавање на сопственото дело во нова фаза како изведувач на снимање. Во неговиот најнов албум, Tokyo Stories (2019), тој и оддава почит на Јапонија и ги доловува атмосферите и искуствата акумулирани низ годините кога ја посетува земјата како уметник и се потопува во нејзината култура.

За Филхармонијата во Луксембург:
Луксембуршката филхармонија е основана во 1933 година како дел од радиодифузните активности на Радио Луксембург (РТЛ) и е јавно управувана од 1996 година.

Субвенционирана од Министерството за култура на Големото Војводство и финансиски поддржана од Градот Луксембург. Оркестарот е спонзориран од Banque de Luxembourg, BGL BNP Paribas и Mercedes-Benz. Од 2010 година, виолончелото „Le Luxembourgeois“, изградено од Матео Гофрилер е на располагање на оркестарот, благодарение на дарежливата поддршка од BGL BNP Paribas. Од сезоната 2022/23, една виолина од Џузепе Гуарнери филиус Андреае и една од Џенаро Гаљано се свири во оркестарот, великодушно позајмени од фондацијата Розмари и Хартмут Швиеринг.

Прикажи повеќе...

Култура

Оскаровска Гала вечер со безвременски филмски хитови

Објавено пред

По огромниот успех на првата Оскаровска Гала вечер минатата година и одличниот прием кај публиката, на 22. февруари, сабота во Македонскиот Народен Театар ќе се случи незаборавно филмско музичко патување, концерт во чест на Оскарите.

dobivaj vesti na viber

Безвременските хитови номинирани и наградени со Оскар ќе ги исполнат реномирани македонски пејачи, меѓу кои се Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect и Полифонија. Низ филмската историја публиката ќе ја води Миланка Рашиќ.

Во манирот на најблескавата филмска ноќ, посетителите ќе пристигнуваат на Црвениот тепих од 19.30., а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20 часот.

Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.

Влезници за Оскаровската Гала вечер може да се купат на билетарницата на МНТ и онлајн на www.mnt.mk

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Тошковски: Неоспорно е дека полицаецот не погледнува во мониторот и му дозволува на Груби да излезе, се води постапка дали има други вмешани

Бегалецот Артан Груби, поранешен министер и вицепремиер, сè уште не е достапен за македонската полиција. Министерот за внатрешни работи Панче...

Македонија4 часа

СДСМ: Мицкоски немал ниту официјална покана за инаугурацијата на Трамп, ниту бил дел од неа

Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР...

Македонија7 часа

„’Влен’ не се залага за внуци“: Дрин Ахмети бил повикан од Обвинителството

„Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освенна злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за...

Македонија7 часа

Покрај унифицирани регистарски таблички, потребни се и санкции за оние што ги злоупотребуваат службените возила за приватни цели, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП), во август минатата година предложи сите службени возила да бидат видливо и јасно обележани со иста боја,...

Македонија8 часа

Кичево загадено два дена по ред: се забранува горење на отворено, порепорака за ослободување од работа на ризичните групи

Воведени се мерки во Кичево поради загадувањето на воздухот, откако во изминатите два дена беше надминат прагот на алармирање на суспендирани...

Македонија8 часа

Финансиската полиција поднесе кривична против бизнисмен, го оштетил буџетот на државата за 11 милиони денари

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител...

Македонија10 часа

„Срамен чин на манипулација со државни пари, Обвинителството да реагира“, бара ДУИ

„Во чин без преседан на манипулација и измама, претставниците на коалиција Вреди повторно покажаа дека суштината на целата коалиција е...

Европа10 часа

(Видео) Зеленски ги критикува европските лидери: „Дали Трамп воопшто ќе ве забележи?“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди европските лидери дека Доналд Трамп ќе ги игнорира доколку континентот не се грижи повеќе...

Свет10 часа

На поздравот на Маск реагира германскиот канцелар, Маск одговори: Срам да ти е, Оаф Шиц

Бројни јавни личности ширум Европа изразија гнев поради гестот на Илон Маск, кој потсетуваше на нацистички поздрав. Додека некои го...

Свет11 часа

Трамп: Ќе воведам царини за ЕУ ​​и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската унија. Трамп рече дека ЕУ и другите земји имаат...

Свет11 часа

Гувернерот на Флорида во официјален документ Мексиканскиот Залив го нарече Американски Залив

Според иницијативата на новиот претседател Доналд Трамп, гувернерот на американската сојузна држава Флорида го нарече Мексиканскиот Залив „Американскиот Залив“ во...

Македонија1 ден

Веднаш по враќањето од Вашингтон, Мицкоски ќе преговара за зголемување на платите на административците што протестираа, вели Трендафилов

Владата ја прифати подадената рака од Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), кој побара...

Економија1 ден

И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар, за преживување на четворица потребни се 62.861 денар

Вредноста на минималната синдикална кошничка што ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за јануари изнесува 63.252 денара или...

Македонија1 ден

Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат за 1.000 евра за квадрат

На денешната владина седница донесена е одлука со која становите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор...

Македонија1 ден

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173,...

Топ1 ден

Ученик од шесто одделение паднал од третиот кат од прозорец во прилепско училиште

Ученик во шесто одделение се здобил со повреди при пад преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во...

Македонија1 ден

Пациентите на Онкологија останаа без биолошката терапија, СДСМ повика итно да бидат преземени мерки

Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаа без биолошката терапија. По тој повод се огласи опозицискиот СДСМ, од каде...

Свет1 ден

Трамп нареди да им се одземе државјанството на децата на илегалните имигранти; активистите го тужеа

Застапниците за правата на имигрантите и застапниците на граѓанските права, вклучително и Американската унија за граѓански слободи, поднесоа тужба со...

Свет1 ден

Кина за повлекувањето на Трамп од СЗО: Оваа организација треба да се зајакне, а не да се ослабува

Улогата на Светската здравствена организација (СЗО) треба само да се зајакне, а не да се ослабне, соопшти денеска кинеското Министерство...

Свет1 ден

Првите одлуки на Трамп: Помилувани 1.500 напаѓачи на Конгресот, преименуван Мексиканскиот Залив

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет извршни наредби на крајот од неговата церемонија на полагање заклетва во...