Култура
ПЕН: Скопје да биде Европска престолнина на културата

Македонскиот ПЕН центар покрена иницијатива Скопје да биде номинирано за Европска престолнина на културата
Македонскиот ПЕН центар покрена иницијатива Скопје да биде номинирано за Европска престолнина на културата.
Македонскиот ПЕН, во денешното соопштение ги повика другите уметнички, граѓански, и невладини здруженија да се вклучат кон иницијативата.
Главниот град на Република Македонија ги исполнува сите услови да се вброи меѓу европските градов, кои секоја година се прогласуваат за престолнини на културата, смета ПЕН./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Бесплатен концерт под отворено небо „Од MOБ за Скопје“

На 5 јули, 2025 во 21 часот, ќе се одржи гала концертот „Од MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет.
Концертот ќе се одржи по повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Настанот е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1, но регистрацијата е задолжителна.
„Единствена можност да уживате во врвна музика под отворено небо, во срцето на Скопје. Под диригентство на маестро Винценц Праксмарер, културно поврзување помеѓу Виена и Скопје!“, велат од МОВ.
Регистрирација на линкот: https://t.ly/OdMobZaSkopje0507.
Култура
Концертна промоција на албумот „Маглота“ на Јордан Костов во Македонска филхармонија

На 30 јуни во Македонска филхармонија, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концертна промоција на албумот „Маглота“ на Јордан Костов. Составот на музичари кои ќе го придружуваат Костов е целосно меѓународен: ќе има музичари од Бразил, Кина, Виетнам и Русија.
Јордан Костов, македонски хармоникаш, композитор и немирен музички патник, со години гради еден таков звук: звук којшто не произлегува толку од територии, колку од движење низ нив, притоа без да преферира една наспроти друга, трета итн. Музика која извира од скитништво, од отвореност кон другоста, без стереотипизирани претпоставки. И ако досегашните негови албуми – повеќе од 40 – нѐ навикнаа на неговата способност да импровизира низ јазикот на јапонскиот ориентален микс, да препознае џез фраза во глас на народна песна или да го пресоздаде специфичниот импулс на бразилската перкусија низ филтерот на афро-американската авангарда, тогаш албумот Maglota го претставува неговото досега најконцентрирано, најинтегрирано и најпоетско сведоштво за тоа каде сето тоа води.
Албумот, а со тоа и претсточекиот концерт на 30 јуни во Македонската филхармонија, не нуди наративна структура или некаков конкретен музички концепт. Тоа е дневник на една длабоко интимизирана географија. Токму затоа и неговиот наслов – Maglota – не значи ништо конкретно. Тоа е збор без дефиниција, но со импулс. Звучи како нешто што сме го чуле, но не можеме да го лоцираме. Како збор од јазик што можеби се измислува додека се музицира на повеќе јазици истовремено.
Во живата поставка на овој проект, интеркултурниот обем на музиката станува маркантен. Од Бразил до Кина, од Македонија до Виетнам, преку Русија и Јапонија – звучниот универзум на Маглота го сочинуваат не само инструментите, туку и личните биографии, музичките сензибилитети и искуството на секој од учесниците. На сцената ќе се појават: бразилската перкусионистка Бренда Охана и басистот Бруно Дози Теза, кинескиот тапанар Фенг Хао, виетнамската мултиинструменталистка Минх-Транг Нгујен, рускиот пијано импровизатор Роман Столјар, македонскиот хор „Св. Злата Мегленска“, предводен од Летка Димовска–Полизова, и вокалот на Сузана Спасовска.
Централниот фактор, хармониката на Јордан Костов, не е само музички инструмент. Таа е подвижна лабораторија. Во нејзините тонови – честопати искршени, понекогаш на раб на тишина, а друг пат масивни како оркестар – се одвива целата фузија. Костов успева од сите составни елементи да создаде звук кој е истовремено урбан и архаичен, структуриран и отворен, технички прецизен и лирски слободен. Музиката на Maglota е агенс на звучна дезориентација – не за да се загубиме во неа, туку за да се ослободиме од очекувањето дека музиката „мора“ да биде јасна, препознатлива, локална или жанровски припитомена.
Култура
Во Охрид се одбележува Денот на Охридското езеро

Трите крајезерски општини: Орид, Струга и Поградец, заедно со националните асоцијации на Здруженијата на ветераните од одбраната ии заштитата на Албанија и Македонија, со низа манифесдтациои, го одбележуваат “Денот на Охридското Езеро”.
Трите езерски, соседни општини, во 2000-та година потпишаа меморандум за разбирање и заштита на езерото и на 21-ви јуни со различни активности, наизменично, секоја година, да го одбележуваат овој ден.
Целта на одбележувањето е да се подигне јавната свест и да се покаже грижата за заштита на езерото од македонска и од албанска страна, но и да се покаже дека туризмот е базиран врз ендемизмот и еколошките услови што ги нуди охридскиот регион.
Одбележувањата започна уште вчера, со изложба на фотографии од Охридското Езеро, денеска продолжува со еколошка акција, презентација на нуркачка опрема и изложба на подводни фотографии, регата „Заедно за иднината на езерото“, поетско читање „Слушни го езерото“, со поети од Охрид, Поградец и Струга.
Денес, напладне, ќе се одржи музичкиот фестивал Balkan Music Square со настапи на Дамјан Пејчиноски, Николче Мицевски, група „Љубојна“ и Алба Дајлани од Албанија.
Одбележувањето ќе трае и утре, кога, ќе се одржи втората регата „Заедно за иднината на езерото“.
Како дел од заедничката програма Здруженијата на ветераните од одбраната ии заштитата на Албанија и Македонија, исто така, со низа манифесдтациои, го одбележуваат “Денот на Охридското Езеро”.
Албанската делегација ја предводи претседателот на националната асоцијација генерал, Тома Кондури, заедно со потпретседателот Енвер Ајдари, а во истата, покрај од Тирана, се и членови на локалните секции од Берат, Корча и Поградец.
Во името на македонска асоцијација, за Денот ќе говори претседателот на Сојузот, професор д-р Темелко Ристески.
Сојузот на Здруженијата на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, активностите ги нспроведува, преку Секцијата со седиште во Охрид, во која делуваат и ветераните од општините: Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар, Гостивар, Ресен и Битола.
-На овој начин, ја покажуваме грижата кон нашето слатководно море, нашиот балкански бисер, што го делиме со пријателите од соседна Албанија, нагласува полковник Добре Вељаноски.
Во светот има само неколку езера чија старост би можела да се споредува со Охридското Езеро. Можеби, единствено Тангањика во Африка и Титикака во Јужна Америка, настанале во ист геолошки период.
Охридското Езеро, со право се споредува и со најдлабокото на светот, Бајкалско, во Сибир, Русија, кое е стотина пати поголемо од Охридското Езеро,но водите на двете езера ги населува сличен ендемичен растителен и животински свет.
Поради неговите посебности, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство.
Веле Митаноски