Култура
Слика од Пикасо невидена од 1967, продадена за 13 млн долари
Ремек дело на Пикасо кое не е видено од јавноста повеќе од четири децении, се продаде на аукција за 13 милиони долари, за два пати повеќе од очекуваната цена.
Ремек дело на Пикасо кое не е видено од јавноста повеќе од четири децении, се продаде на аукција за 13 милиони долари, за два пати повеќе од очекуваната цена.„Tete de Femme (Jackueline)“, е портрет на втората жена на шпанскиот уметник и се очекуваше да достигне цена до 6 милиони долари, изјавиле од аукционерската фирма „Кристис“.Сликата од 1963-та година никогаш претходно не била на аукција и била дел од истата колекција од 1981 година.Жената на Пикасо, Jackueline, имала краток врат и сликарот често пати претерувал со неговата должина во портретите.Продажбата испрати сигнал дека „побарувачката е висока и дека купувачите од целиот свет се посветени на купување на извонредни уметнички дела“, рече Џована Бертацони, директорот на „Кристис“. /крај/бг/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“ во Куманово

Фото клуб Куманово со гордост ја претставува 12-тата Национална изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“, традиционален настан кој ја слави креативноста, талентот и визијата на жените во светот на фотографијата. Изложбата, која секоја година се одржува во чест на 8-ми март – Светскиот ден на жената, станува сѐ поважна платформа за афирмација и поддршка на женското фотографско творештво во Македонија.
Фотографијата отсекогаш била медиум преку кој жените ги раскажуваат своите приказни, го изразуваат својот глас и ја споделуваат својата перспектива за светот. Од првите денови на оваа уметност, па сѐ до денес, жените фотографи успеваат да внесат длабочина, емотивност и уникатност во своите дела, надминувајќи ги бариерите и градејќи своја историја.
Оваа година, изложбата привлече учеснички од бројни фото клубови низ земјата, со повеќе од 250 пријавени фотографии. Стручниот селектор направи избор на 80 најдобри дела кои го претставуваат богатството на женската фотографска визија. Овие фотографии не само што сведочат за мајсторството на авторките, туку и ја потенцираат нивната способност да доловат емоции, светлина и моменти кои остануваат запаметени.
„Жените и фотографијата“ не е само изложба – тоа е симбол на борбата за рамноправност, за еднакви можности и за признание на жените во фотографската уметност. Затоа, ве покануваме да ја прославиме оваа приказна заедно, да оддадеме признание на талентот и трудот на жените-фотографи и да уживаме во нивните дела.
Свеченото отворање на изложбата ќе се одржи на 6-tи март ( четврток) во 19:00 часот во Изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово Ве покануваме да бидете дел од оваа уметничка вечер и да ја почувствувате моќта на женската фотографија.
Изложбата ќе биде поставена во наредните 14 дена.
Култура
Изведба на раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ на 7 март на сцената на Националната опера и балет

На 7 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе впечатливата балетска претстава „Дамата со камелии“. Оваа драматична и раскошна претстава е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Претставата ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.
Во главните улоги на Маргарита и Арманд ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија) заедно солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
„Не е првпат тажната приказна во „Дамата со камелии“ да ги инспирира кореографите. Заедно со костимографот и сценограф, Павол Јураш, сакав претставата да ја направиме класична, традиционална, но и наша оригинална, различна од другите.“ – Василиј Медведев, кореограф.
Култура
Почина актерот Самоил Стојановски

На 55-годишна возраст почина актерот Самоил Стојановски, кој беше дел од македонската актерска сцена повеќе децении.
Од 2003 па до неговиот последен аплауз во декември годинава беше вработен во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.
„До семејството, колегите и пријателите на Самоил упатуваме најискрено сочувство во овие тешки моменти. Неговата посветеност и топлина што ги споделуваше со сите што го познаваа ќе останат засекогаш во сеќавањата. Нека спомените за него бидат утеха, а неговото дело сведоштво за неговиот живот и љубовта кон театарот“, велат од велешкиот театар.
На сцената на велешкиот театар создаде ролји во многубројни претстави, меѓу кои: „Будење“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“, „Четвртата сестра“, „Орест“, „Жени во народното собрание“, „Сомнително лице“, „Враќање“, „Железно пиле“, „Дом за птици“, „Да се заборави Херострат“, „Х-Хамлет“, „Птици“, „Џинот, учителот“, „Веселите жени од Виндзор“, „Тероризам“, „Баханалии“, „Злосторство на островот на козите“, „ММЕ кој прв почна“, „Онегин“, „Шашардисани времиња“, „Принцезата и Гускарот“, „Последниот Балкански вампир“, „Крал Лир“, „Тартиф“, „Најважната работа на светот“, „Приказни од шестиот кат“, „Класен непријател“, „Добрата надеж“, „Мачорот во чизми“, „Ана Комнена“, „Синиот портокал“, „Лисистрата“, „Елешник“, „Креонт и Антигона“ и други.
Стојановски оствари улоги и во филмската и телевизиската продукција, учествувајќи во проекти како што се: „Трст виа Скопје“ (1987 – 1990), „Погрешно време“ (2000), „Вампирџија“ (2002), „Крајот на играта“ (2002), „Крчма на патот кон Европа“ (2005), „Ова не е американски филм“ (2011), „Старо купуем“ (2013), „Приказни од животот“ (2014), „Ослободување на Скопје“ (2016), „Преспав“ (2016), „Македонски народни приказни“ (2017) и „Црвениот поет“ (2024) и други.