Контакт

Култура

Министерката за култура се сретна со Елена Стевковска

Објавено пред

Елена Стевковска, вокален солист на Ансамблот на народни игри и песни „Танец”, денеска беше примена на средба од страна на Министерката за култура Елизабета Канческа – Милеска.

dobivaj vesti na viber

Елена Стевковска, вокален солист на Ансамблот на народни игри и песни „Танец”, денеска беше примена на средба од страна на Министерката за култура Елизабета Канческа – Милеска.

Вокалистката Елена Стевковска на меѓународниот фолклорен фестивал „Зимна походка“ во Прага, Чешка, одржан минатиот месец, ја освои првата награда за традиционално пеење.

Министерката за култура, во присуство на директорот на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, Бошко Тренески, и го честиташе високото признание и истакна дека успесите и многубројните награди на Стевковска се и признание за македонската традиционална музика и култура воопшто.

Оваа млада вокалистка првата награда за традиционално пеење ја освои во конкуренција од 300 учесници од повеќе земји, меѓу кои и Русија, Молдавија, Украина и Турција.

Овој фестивал беше организиран од страна на фондацијата „Надежен фонд на меѓународен форум за млади“ поддржан од Европската Унија.

Првата награда на Стевковска и ја донесе и можноста, со поддршка на Министерството за култура, македонската традиционална музика годинава да ја претстави и во Дрезден, Германија и во Париз, Франција.  На средбата министерката за култура и директорот на „Танец“ разговараа и за идните активности на оваа реномирана установа. Тренески се заблагодари за досегашната поддршка на Министерството за култура и истакна дека и во 2010 година „Танец“ ќе продолжи да ги реализира проектите преку кои се негува, обработува и презентира македонската фолклорна традиција и уметност кај нас и во светот./крај/ин



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Изложба на Сашо Блажес „Нурни во мене“ во Куќата на Робевци

Објавено пред

Од

Самостојна изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ ќе биде отворена на 01 август со почеток во 20 часот, во Куќата на Робевци.

dobivaj vesti na viber

После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а на 01 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид.

Изложбата го носи насловот „Нурни во мене“, а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната Галерија од Скопје.Критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана, куратор од Париз и Маја Чанкуловска.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германиј, Романија и Австрија.

Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Приказната на Електра“ од Дејан Пројковски премиерно изведена во Јужна Кореја

Објавено пред

Од

Дејан Пројковски е првиот македонски режисер што поставил театарска претстава во соработка со национални институции во Јужна Кореја. Двете премиерни изведби, публиката во Инчеон ја испрати со стоечки овации.

dobivaj vesti na viber

На 26 јули во Инчеон, Јужна Кореа, се случи премиерата на театарската претстава „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски. Претставата беше дел од програмата на Националниот театарски фестивал и привлече големо внимание на корејската културна јавност.

Станува збор за современа интерпретација на античкиот мит за Електра, во која јазикот на телото, минималните дијалози и прецизната визуелна естетика создаваат универзален сценски израз. Темите за семејството, насилството, меморијата и судбината се обработени низ емотивно концентрирана и визуелно изниансирана форма, својствена за естетиката на Пројковски и Димоски, веќе докажана на неколку меѓународни театарски проекти.

„Работата со корејски уметници беше вистински предизвик – не само поради јазикот, туку и поради нивниот прецизен и визуелно рафиниран пристап кон театарот. Но токму затоа, кога ќе успееш да се разбереш без зборови, сфаќаш дека темите што ги носи оваа претстава се навистина универзални. Тука престануваат да важат сите бариери и ограничувања што ни се наметнуваат во животот,“ – вели режисерот Дејан Пројковски.

Продукцијата е резултат на соработка помеѓу Театарската асоцијација на Јужна Кореја, Националниот театарски фестивал Инчеон и Артема – театарска лабораторија. Овој формат на копродукција овозможи вклучување на целосна корејска актерска екипа, селектирана преку национален кастинг, во која настапуваат признати имиња на локалната сцена: Ким Чоин, Ким Сеонг-ми, Чои Минхјок, Јанг Мин Ки и Ха Џин.

Авторскиот тим зад претставата е главно македонски: автор на текстот и драматург е Сашо Димовски, Сашко Костов (музика), Сергеј Светозарев (сценографија и видео-дизајн), Раде Василев (костимографија). Кореографијата е на Кјонг Џаеми Рјуи, дизајнот на светло на Џеонгсу Ли, а продукциското водство го потпишуваат Џинион Јун и Хје Јеонг Чунг. Асистент на режисерот е Мари Шин, а уметнички директор Џеонг Ву Сон.

„Ми значи што една ваква соработка и продукција покажува дека и во глобален контекст, македонските културни професионалци можат да бидат препознаени како партнери со висока естетика и став. Тоа не е чест случај, и токму затоа секоја ваква можност носи вредност и остава простор за идни соработки“, додава Пројковски.

Инаку, Дејан Пројковски е еден од нашите најнаградувани и најактивни театарски режисери. Неговите претстави „Ана Каренина“ и „Ричард Трети“ беа дел од јубилејната Театарска олимпијада во Унгарија. „Ана Каренина“ досега има освоено над 40 награди, а „Ричард Трети“ доби Гран при на Фестивалот во Кишварда. Во неговото портфолио се вбројуваат и „Дон Жуан“ (награда за најдобра претстава во Хрватска), „Ромео и Јулија“ (највисока театарска награда во Турција), „Скупљачи перја“ во Српско народно позориште, „Мајка Храброст“ во Нови Сад, како и „Падот на Масада“, „Инферно“ и „Нема струја за електричниот стол“ во македонските театри.

„Приказната на Електра“ ќе гостува и во Македонија на 20 август, на свеченото затворање на фестивалот „Охридско лето“. По одекот што го постигна во Кореја, ова гостување претставува ретка можност домашната публика да ја доживее претставата во нејзината полна сценска и емотивна сила – токму онаква каква што беше препознаена и надвор од нашите граници.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на македонскиот виолинист Емир Имеров и на израелскиот пијанист Ваг Папиjан на Охридско лето

Објавено пред

Од

Репертоарот на класична музика на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со концерт на македонскиот виолинист Емир Имеров и израелскиот пијанист Ваг Папиан.

dobivaj vesti na viber

Извонредните музичари ноќта ја започнаа со „Скерцо“ од Јоханес Брамс, а ја продолжија со композицијата „Фантазија во C-dur D934“ од Франц Шуберт. Репертоарот беше заокружен со прекрасна изведба на Бетовеновата „Соната бр.9 A-dur оп.47 „Кројцер“.

Емир Имеров е роден во Скопје, а живее во Германија од 1991 година. Студира на Музичката академија во Вурцбург со професорот Г. Жислин во чија класа дипломира во 2000 година. За време на студиите освојува прва награда на натпреварот „Ф. Менделсон“ и добива двегодишна стипендија. Долг период настапува со квартетот „Виртуози на Санкт Петербург“ на турнеи во САД, Австралија, поранешен СССР и Германија. Во 1998 година со неговото клавирско трио освојува прва награда на натпреварот во Тулуз, а истата година тој е добитник на втора награда на натпреварот за виолинисти во Ташкент. Од 2004 година е концерт-мајстор на Симфонискиот оркестар на театарот во Крефелд-Минхенглајдбах и од 2010 година на ансамблот „Европски солисти“ во Луксембург. Член е на клавирското трио „Бенџамин“ заедно со Ваг Папиан и Александар Кагановски.

-Ова е мој трети пат настап на фестивалот „Охридско лето“, еднаш со виолинистот Максим Венгеров, вториот пат со нашето трио „Бенџамин“, и еве, вечерва повторно ќе свирам за одличната публика. Многу ми значи овој подиум затоа што „Охридско лето“ е еден од најреномираните фестивали во Европа и пошироко. Со колегата Папиан често настапуваме со нашето трио, но и како дуо, рече виолинистот Имеров.

Реномираниот пијанист и диригент Ваг Папиан кариерата ја започнува во 1979 година по победата на Меѓународниот натпревар „Виана да Мота“. Дипломира пијано на Московскиот конзерваториум, а потоа студира и диригирање во класата на Иља Мусин на Конзерваториумот во Санкт Петербург. Во 1984 година станува асистент диригент на Ерменската филхармонија, а подоцна станува и уметнички раководител и шеф диригент на овој оркестар. Откако емигрира во Израел во 1990 година, како диригент работи со оркестарот во Бир Шива и со Симфонискиот оркестар во Ерусалим. Диригира со бројни оркестри низ светот, настапува на престижни фестивали, а како камерен партнер на виолинистот Максим Венгеров остварува бројни снимки за Еми Класикс. Во сферата на операта диригира продукции на „Кармен“, „Дон Џовани“ и „Норма“, а во моментот е гостин диригент во Националната опера во Ерменија и професор на академијата „Самуел Рубин“ во Тел Авив, а е гостин предавач на високи музички школи во неколку европски земји. Член е на клавирското трио „Бенџамин“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета...

Македонија4 часа

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според...

Свет6 часа

„Дедо, работи прво на Америка “: Медведев по ултиматумот на Трамп

Откако поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Доналд Трамп не може да му поставува ултиматуми на Владимир Путин,...

Македонија9 часа

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани...

Македонија10 часа

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија12 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија12 часа

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија13 часа

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...

Македонија14 часа

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија14 часа

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г. С. (45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење...

Македонија15 часа

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма што не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија,...

Македонија16 часа

Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира...

Свет17 часа

Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер...

Регион17 часа

(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот. Снимка од...

Свет18 часа

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија1 ден

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет1 ден

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион1 ден

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија1 ден

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...