Контакт

Актуелно

Годинешната награда „Св. Климент Охридски“ за драмскиот писател Зоран Пејковски

Објавено пред

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола на македонскиот драмски писател Зоран Пејковски му ја додели наградата „Св. Климент Охридски“ за придонес во литературата и културата.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за една многу значајна, вредна и престижна награда што ја доделува оваа Национална установа на автори кои оставаат длабок печат во литературата и културата. Таков овој пат е Зоран Пејковски кој само оваа 2016-та година објавил четири книги.

Награда следува за збирките песни „Да не ми е сон“ во издание на издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје, кој целосно е препеана на романски јазик, а на 22-ри ноември промовирана беше во Букурешт. Потоа збирката песни „Златна прашина“ за која ја доби и наградата „Јован Котевски“, па книгата „Избор драми-трагедии“, која ја приреди проф.д-р Димитар Пандев, кој во насловот од предговорот ќе напише: „Драмите на Зоран Пејковски – врв на македонскиот и светскиот натурализам“, со што го потврдува фактот дека Пејковски е единствениот натуралист во македонската литература. И сценско-драмскиот рецитал со пролог и епилог „Херувимите на Самуиловата круна“ кој беше одигран во 2014-та година по повод 1.000-годишнината од смртта на царот Самуил од актерите на Народниот театар од Битола.

Но 2016 година, на книжевен и творечки план за Пејковски ќе остане запаметена и по одигрувањето на адаптацијата на драмскиот текст во стих „Апостолска чудотворност“ по повод 1.100 години од упокојувањето на „Св. Климент Охридски“, а неа ја одиграа актерите на Народниот театар од Прилеп, по повод отворањето на Демирхисарско културно лето -Топол културен бран, во организација и со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Општината Демир Хисар, потоа таа е одиграна и на отворањето на шестата по ред Меѓународна книжевна манифестација „Битолски книжевни паметења“ во организација и со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, потоа во Општината Могила, исто така во рамките на Топлиот културен бран во организација и со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Општината Могила, а посебно беше одиграна на главната манифестација на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола во рамките на одбележувањето на патрониот празник на библиотеката.

Исто така, Зоран Пејковски во 2016-та година назначен е за почесен амбасадор на мирот, титула доделена од Швајцарија и Франција, која им се доделува на големите книжевни и уметнички имиња како нивен придонес за човештвото во Европа и светот, со што се докажува дека Пејковски, не само што е македонски писател, туку и европски и светски.

Инаку, Зоран Пејковски автор е на повеќе книжевни и драмските дела, и тоа: „Атомско време“ (трагедија, 1987), „Тесно небо“ (поезија, 1993), „Последниот чин на комедијата на смртта“ (трагикомедија, 1994), „Реликвија на светлината“ (поезија, 1996), „Облак во пантолони“ (препев на В.В. Мајаковски, 1997), „Relic of the light“ (поезија, 1998), „Филозофија на смртта“ (поезија, 1999), „Љубов на вересија“, (љубовно-еротска комедија, 2000), „Театарот е ритам и стил“ (публицистика, 2002), „За животот, љубовта и смртта“ (монодрама, 2011), одиграна на сцената на Народниот театар од Битола, во театарската сезона 2001-2002 година, „Театарот е фабрика за соништа“ (публицистика, 2012), „Сон“ (трагедија, 2013), „Сега знам“ (поезија, 2014), „Сите наши кодоши“, (македонска национална трагедија, 2014), „Самуилово распетие“ (драма во стих со пролог и епилог, 2014), потоа сценско-драмскиот рецитал „Херувимите на Самуиловата круна“, па следат: „Градот на јужното море“ (роман, 2015), и сценско-драмскиот рецитал „Со љубов кон Свети Климент Охридски“ (сценско – драмски рецитал, 2015), одиграна од актерите на Народниот театар од Прилеп, по повод отворањето на Демирхисарско културно лето – Летен културен бран во организација со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Општината Демир Хисар. А пак во 2016 год, ги објавува: „Да не ми е сон“ (поезија, 2016), „Златна прашина“ (поезија, 2016) и „Избор драми – трагедии“ направен од проф. д-р Димитар Пандев (избор драми-трагедии, 2016). Меѓу другото тој е и автор на драмскиот текст „Мали детски разговори“ (пиеса за деца, 2016), итн.

Зоран Пејковски од 1995 год. е член на Друштвото на писатели на Македонија, потоа, член на Собранискиот одбор на Друштвото на писатели на Македонија, па претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ од Битола. Тој е и член на Македонското научно друштво од Битола, и член на Управниот одбор на Македонското научно друштво, а бил и раководител на Центарот за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво, кој работи во рамките на Македонското научно друштво, потоа тој е и главен и одговорен уредник на регионалниот информативен неделник „Јавност“, а е главен и одговорен уредник на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, кое излегува во рамките на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ од Битола. До неодамна тој беше и главен и одговорен уредник на списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“, кое излегува во рамките на Македонското научно друштво од Битола.

Пејковски, е преведуван и препејуван на повеќе странски јазици: англиски, француски, српски, словенечки, хрватски, босански, руски, бугарски, грчки, албански, португалски, шпански, романски, полски, влашки, итн. За својот книжевен и публицистички опус има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои: Наградата „За серија информации во популаризација на книгата“ на Културно просветната заедница на Македонија; Наградата „Празник на липите“, која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, на истоимената Меѓународна книжевна манифестација; Наградата „Медијала“ на „Македонија презент“ за збирката песни „Сега знам“; Наградата „4-ти Ноември“ на Општината Битола за книжевност и литература за збирката песни „Сега знам“ и за драмскиот текст „Сите наши кодоши“; Наградата „Јован Котевски“ за збирката песни „Златна прашина“; Наградата „ЕРГО СУМ“ за популаризација и афирмација на театарскиот израз; Наградата „Прозни мајстори“ за романот „Градот на Јужното Море“; Наградата „Св. Климент Охридски“ за придонес во литературата и културата./крај/мф/аш

Актуелно

Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК

Објавено пред

Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено пред

Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство

Објавено пред

Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

dobivaj vesti na viber

„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.

Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.

Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.

„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.

Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.

Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.

Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет12 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија14 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија15 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија17 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија18 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет18 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ19 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа22 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет22 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет23 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет23 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет23 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет1 ден

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија2 дена

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија2 дена

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија2 дена

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија2 дена

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ2 дена

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија2 дена

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...