Контакт

Актуелно

Грчките археолози не исклучуваат дека во Амфиполис е погребан Александар Македонски

Објавено пред

До крајот на истражувањата не ќе биде можно точно да се утврди кој е закопан под тумбата Каста крај древниот град Амфиполис, недалеку од Солун, но не може да се исклучи ниедна од верзиите, дури и онаа дека таму се наоѓа гробницата на славниот војсководец Александар Македонски, изјави раководителката на истражувањата на споменатиот археолошки локалитет Катерина Перистери, претставувајќи ги во саботата во грчкото министерство за култура резултатите од ископувањата во периодот 2012 до 2014 година.

dobivaj vesti na viber

Откривањето на големата гробница кај Амфиполис се смета за најголемото археолошко откритие последните децении. Комплексот со дијаметар од 158,4 метри, опкружен со мермерен ѕид во должина од 497 метри, е украсен со мозаици, каријатиди и неговиот влез го чуваат две сфинги. Истражувањата започнаа во 2012 година, но од август 2014 година откако стана јасно дека станува збор за последното почивалиште на некоја важна личност од периодот и најверојатно од непосредното опкружување на најпрославениот цар на древните Македонци, грчката јавноста секојдневно е информирана за откритијата.

Во текот на ископувањата и откритијата, во саботата зборуваа Перистери, археологот Михалис Лефантзис и инженерот Димитрис Енлгезос, кој го претставуваше техничкиот аспект на работите на наоѓалиштето.

Дискусијата, којашто предизвика огромен интерес поради што биле преполнета салата за состаноци на министерството за култура, траеше цели четири ипол часа, иако првично не биле претпоставени толку прашања за археолозите.

Сепак, според оцената на медиумите, Перистери даде главно општи одговори и претпазливо ги избегнуваше конкретни податоци кои би можеле да доведат барем до некаква главна верзија, што би можело да предизвика бурни реакции од колегите.

„Вие знаете дека најтешко од се’ е самиот почеток. Овие истражувања ќе ни дадат увид во она што сите го очекуваме“, изјави Перистери.

Минатата сабота грчкиот министер за култура Костас Тасулас изјави дека во најголемата древна гробница откриена кога и да е на територијата на денешна Грција, се откриени прикази од секојдневниот живот се откриени на колонади. Прецизираше дека во текот на чистењето на столбовите, откриени се прикази на луѓе, предмети и садови, откако во август годинава археолозите влегоа во овој голем тумул со опсег од 500 метри.

Тие слики би можеле да помогнат во утврдувањето на идентитетот на таинствениот покојник кој е погребан во оваа гробница, а чии останки беа пронајдени на почетокот од ноември. Коските на покојникот се испратени на анализа која првично треба да го утврди неговиот пол и возраста, додаде Тасулас.

Кон половината на ноември, светските медиуми посветија големо внимание на откритијата во таинствената гробница од времето на Александар Македонски, чиешто откритие пред неколку месеци ги предизвика шпекулирањата дека станува збор за почивалиштето на славниот владетел.

Според нив, пронајдените останки се на црвенокос маж, кој според археолозите, сигурно бил славен воен командант. Раскошната градба на некрополата упатува на заклучокот дека станува збор за славна личност која уживала голем углед во заедницата, бидејќи градењето морало да чини толку многу, што не можел да го финансира секој.

Првичните анализи на коските откриени минатата седмица во подземната крипта покажуваат дека станува збор за маж со средна височина, светол тен и црвеникава коса, што остава можност дека се во прашање можеби останки на голем војсководец. Според историските записи, Александар Македонски имал сини очи и црвеникаво-златеста коса. Археолозите во изјавите за медиумите велат дека од досегашните ископувања покажуваат дека едно е сигурно – оти покојникот бил многу важен војсководец.

Натамошните ископување ќе треба да покажат дали лицето чии останки се пронајдени во гробницата во Амфиполис потекнува од Тракија којашто опфаќа и дел од денешната североисточна територија на грчката држава, а тестот на ДНК може да покаже дека бил член на кралско семејство, бидејќи ќе биде споредена со ДНК-та од коските на таткото на Александар, Филип Втори Македонски. Тие анализи ќе траат осум месеци и резултатите не се извесни поради лошата состојба на коските на Филип Втори.

Во гробницата во Амфиполис, стотина километри од Солун, која датира од IV век пред Христа, се пронајдени симболи од Александар Македонски и досега е најголемата од тој период. Телото било положено во ковчег кој низ вековите се распаднал. Коските биле пронајдени во и надвор од гробот сместен во најдлабоката комора од гробницата. Наоколу биле расфрлани и разни украсни предмети од тој период. Покрај коските во криптата биле пронајдени и остатоци од примитивни завртки кои го зацврстувале дрвениот ковчег, како и стаклените делови украсите од ковчегот.

Гробницата во Амфиполис ги подгреа страстите на тамошната јавност дека станува збор за почивалиштето на Александар Македонски или некој член на неговото семејство. Според преданието, Александар Македонски умрел во Вавилон, денешен Ирак, 323 година пред Христа, но не е утврдено каде е погребан. Грчкото министерство за култура ја отфрли пред извесно време таквата можност, но убедува дека нема сомнение оти станува збор за гробница на некој влијателен, како што наведува – Македонец.

Некои од светските научници, пак, сметаат дека во гробницата може да се погребан еден од најблиски луѓе на Александар – Неарх, кој ги водел неговите војски назад од Индија во денешен Ирак, а бил роден според преданијата во Амгиполис.

Точната локација на гробот на Александар е една од најголемите мистерии на светската археологија. Некои сметаат дека најверојатно е погребан во Александрија. Неговата жена Роксана и синот Александар по неговата смрт биле протерани во Амфиполис и таму убиени заедно со неговата мајка и братот, велат преданијата, што според некои грчки археолози укажува на тоа дека во споменатата гробница се наоѓаат нивните останки.

Коските откриени во Амфиполис се испратени на анализа. Телото било положено во ковчег кој низ вековите се распаднал. Коските биле пронајдени во и надвор од гробот сместен во најдлабоката комора од гробницата. Наоколу биле расфрлани и разни украсни предмети од тој период.

Ископувањата во ова место, стотина километри од Солун, започнаа во 2012 година, а две години подоцна грчките археолози објавија дека утврдиле оти станува збор за голем комплекс кого го чуваат две безглави сфинги со височина од 1,5 метар и е обиколена со 500-метарски мермерен ѕид.

Од почетокот на ископувањата во гробницата се пронајдени и две мермерни каријатиди. Тие го потпирале внатрешниот влез во гробницата и се во истата скулпторска техника како и сфингите пронајдени на главниот влез. Двете имаат испружени раце во симболичен гест да го одбутнат оној кој би се обидел да ја сквернави гробницата, толкуваат археолозите. Во внатрешноста е откриен мозаик, кој го прикажува грабнувањето на Персефона, ќерката на Зевс.

Ископувањето на наоѓалиштето грчките медиуми го следеа дури и со секојдневни телевизиски извештаи. Археолозите продолжуваат да го истражуваат ридот на кој е откриена гробницата, бидејќи веруваат дека таму се наоѓаат и други тајни и можни гробници./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Актуелно

Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК

Објавено пред

Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено пред

Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство

Објавено пред

Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

dobivaj vesti na viber

„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.

Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.

Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.

„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.

Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.

Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.

Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа48 минути

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет2 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет2 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија2 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија3 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија6 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија6 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија6 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија6 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија7 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија11 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ12 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет12 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет12 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет12 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет12 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија23 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ1 ден

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија1 ден

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...