Контакт

Актуелно

Почина Лепша Пиперковска, основоположник на македонската пијанистичка педагогија

Објавено пред

 Во својата 83 година во саботата почина Лепша Пиперковска, основоположникот на македонската пијанистичка педагогија, во чијашто чест Факултетот за музичка уметност од Скопје ќе одржи комеморативна седница на 22 февруари (понеделник) во Концертната сала на ФМУ со почеток во 11 часот. 

dobivaj vesti na viber

Во рамките на страницата на Архивот Бужаровски (http://buzar.mk) денес е поставена и радио емисијата која Трена Јорданоска ја сними со Лепша Пиперковска на 2 ноември 2006 година.

Лепша Пиперковска е родена на 1-ви ноември 1932 година, во Скопје. Првиот јавен настап на пијано го има уше на осумгодишна возраст. Со објективот на фотографот Благоја Дрнков, еден од малкуте визуелни хроничари на настаните во повоениот период, е документиран настапот на Лепша Бојаџиева на еден од завршните годишни концерти на класата по пијано на Нада Органџиева во салата на Средната музичка школа во Скопје.

Во 1951 година станува дел од генерацијата македонски музичари кои своето академско образование го изведуваат во еден од главните музички центри на тогашната југословенска музичка култура – Музичката академија во Загреб во класата на проф. Надежда Матовиновиќ. Во 1954 година започнува да предава пијано во Нижата и Средната музичка школа во Скопје. Истовремено таа станува корепетитор на останатите класи, а продолжува и со својата изведувачка дејност и учествува во емисии во живо на програмата на Радио Скопје.

Во 1956 година Лепша Бојаџиева стапува во брак со познатиот доктор гинеколог Христо Пиперковски. Во овој период таа ги завршува и двогодишните студии за наставници за општо музичко образование на Вишата педагошка школа во Скопје, а во 1959 година таа ќе биде назначена за хонорарен предавач по пијано на Вишата педагошка школа во Скопје. Во 1965 година дипломира и во Музичката академија во Белград во класата по пијано на проф. Станка Врињанин.

Првите ученици од класата по пијано на Лепша Пиперковска кои постигнуваат значајни резултати се пијанистките Стела Слејанска и Султана Марковска, подоцна и Евушка Трпкова (Елезовиќ), Валери Стефановски и Димитрије Бужаровски. Истакнатите педагошки резултати придонесуваат Лепша Пиперковска да биде избрана за наставник по пијано во првиот наставнички колегиум на новоформираната Висока музичка школа во Скопје во 1966 година која подоцна (1978/1979 година) e преименувана во Факултет за музичка уметност, каде ќе работи се до пензионирањето.

По повод нејзиниот прв реизбор за наставник по пијано и методика на наставата по пијано, пијанистот и професор по пијано Ладислав Палфи, ќе напише: „…Лепша Пиперковска постави своевиден рекорд во Македонија на полето на концертната активност преку својата класа. Посебно ги издвојувам целовечерните концерти на нејзините ученици уште за време на трета и четврта година во Средно музичко училиште, со концертни настапи кои одговараат на програмата на дипломските испити на Музичките академии, односно Високите музички школи. Зачудувачки е бројот на таквите концерти, како и концертите на нејзините ученици со оркестар… пет ученици од нејзината класа настапиле со концерти за пијано и оркестар во придружба на Скопската филхармонија, четворица од нив изведоа четири различни концерти – од две различни стилски епохи. Ова е секако линија на најголем отпор… Доследна на својата традиција на исклучителна концертна активност преку својата класа – Лепша Пиперковска во својство на педагог на Високата музичка школа, прва меѓу наставниците по пијано, и воопшто прва на оваа институција доведе свој студент до целовечерен концерт (солистичкиот концерт на Димитрије Бужаровски во Скопје и Битола и тоа со репертоар кој не е идентичен со програмата на годишните испити)…“

Македонскиот композитор и долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност Властимир Николовски уметничко-педагошкиот профил на Лепша Пиперковска го осветлува на овој начин: „..Факт е дека од 15-те студенти на отсекот по пијано на Високата музичка школа, 9 студенти се нејзини поранешни ученици. Тоа се резултати кои ретко кој наш педагог во Македонија би можел да ги има во својата педагошка актива…“.

Во 1975 година заедно со професорката по пијано Наталија Конева го издаваат првиот македонски учебник од областа на пијанистичката педагогија Школа за пијано за студентите на Вишата педагошка школа. Покрај наставата по главен предмет пијано и наставата по методика на пијано и теорија и историја на пијанистичката литература на ФМУ, Лепша Пиперковска предава пијано и на голем број студенти од одделот за музичка теорија и педагогија. Повеќето од нејзините студенти образувани во овој период денес се стожери на средните музички училишта и факултетите за музичка уметност низ Македонија. Во нејзината класа по пијано биле: Евушка Трпкова-Елезовиќ, Стела Слејанска, Валери Стефановски, Султана Марковска, Димитрије Бужаровски, Лепа Христова-Мрмевска, Јелица Митревска, Драги Апостолов, Катерина Гајдова, Маргарита Јосифовска-Татарчевска, Нешка Шаламанова, Валентина Гушевска-Нолчева итн. Во нејзината класа по методика на музичка настава магистрирале Милица Шкариќ и Слаѓана Јовановиќ.

Лепша Пиперковска е автор на осум учебници за наставата по пијано наменети за основното музичко училиште, средното музичко образование по предметот пијано-облигат и предметот пијано на Педагошкиот факултет во Скопје. Таа воедно е автор на повеќе стручни трудови од областа на пијанистичката педагогија, теорија и практика. Професор Станка Врињанин за овие трудови пишува: „Школа за пијано, Клавишно жичани инструменти како и Развој на пијанистичката педагогија се плодови на големата ерудиција, како и на аналитичкиот дух, кој не може да се задоволи со шаблони, туку ги бара најдобрите патишта и решенија во современите достигнувања на пијанистичко-педагошката теорија и практика“.

Покрај претставувањето на бројните семинари во музичките училишта во Република Македонија учебниците по пијано на Лепша Пиперковска се претставени и на музичките установи низ Европа. Забележано е нејзиното учество со предавања и работилници на меѓународниот семинар на Европската асоцијација на педагозите по пијано кој се одржал во Бехиње, Чешка во 1997 година, a воо 1998 година, одржува предавање по покана на стручниот совет за музичка педагогија на Високата школа за музика и театар во Хамбург./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Актуелно

Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК

Објавено пред

Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено пред

Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство

Објавено пред

Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

dobivaj vesti na viber

„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.

Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.

Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.

„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.

Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.

Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.

Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија12 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија16 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија17 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија17 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија18 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија19 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија19 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија19 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет22 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа22 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа22 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет22 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија1 ден

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија1 ден

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија1 ден

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија1 ден

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...