Контакт

Актуелно

Продолжува конзервацијата и ревитализацијата на комплексот „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане

Објавено пред

Интензивно и согласно предвидената динамика течат активностите во рамки на проектот за конзервација и ревитализирање на црковно-туристичкиот комплекс „Св. Ѓорѓи” во Старо Нагоричане, Куманово, оцени во четврток министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска во рамки на посетата на комплексот.

Таа информираше дека проектот ќе трае до 2015 година и опфаќа неколку фази во кои се вклучени пет тимови, а еден од нив е археолошкиот. 

„Наодите се значајни и големи, можеме да видиме голем број гробови кои се пронајдени околу црквата. Ме информираа дека пронајдени се темели на друг објект каде што претпоставуваат дека е некоја црква, но точно не можат да се дадат потребни информации, откриени се голем број на предмети, монети“, рече министерката.

 

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Виктор Лилчиќ информираше дека ќе продолжат археолошките истражувања поради наодите пронајдени кај црквата „Св. Ѓорѓи“ и дека е можно да се открие постара градба. 

Вториот тим во овој проект работи на фрескоживописот во црквата, а третиот на иконостасот. Тимови работат и на партерното уредување на целиот овој комплекс како, на старото училиште кое ќе биде пренаменето во музеј, на партерно уредување на старата чешма која постои околу комлпексот како и на целосно затворање со патеки, простор за паркинг и инфраструктура на комплексот.

Црквата „Св. Ѓорѓи”  во Старо Нагоричане е црква од многу значаен период со уникатен фреско-живопис кој што, потенцира министерката, преставува едно светско културно наследство и со целосната реставрација, конзервација и ревитализација на целиот овој проект ќе придонесе за туристичка промоција на Македонија, Куманово и општината Старо Нагоричане 

Проектот „Конзервација и ревитализација на културно-туристичкиот комплекс „Св.Ѓорѓи“ – Старо Нагоричане” беше промовиран во ноември, а се реализира со ИПА средства од Европската унија и партиципација на Министерството за култура.крај/мф/сд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Почина Димитар Ќорнаков, припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност

Објавено пред

Во Скопје, на 92-годишна возраст, почина проф. д-р Димитар Ќорнаков, македонски историчар на уметноста и публицист, припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност.

Ќорнаков (роден во 1927, Стојаково, Богданечко) најголем дел од својата истражувачка и научна работа ѝ посветил на уметноста на копаничарството.

Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и наградите „Свети Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата и „13 Ноември“ на Град Скопје.

Повеќе од 35 години работел во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата како историчар на уметноста, а последните години од работниот стаж бил во Институтот за старословенска култура во Прилеп.

Бил повеќегодишен директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, а како стипендист на италијанската влада бил на специјализација во Рим, во Централниот институт за реставрација, во 1962 и 1963 година.

Темелно го проучува творештвото на мијачките резбари (копаничари) во црквите и манастирите на Балканскиот Полуостров. Учествувал на повеќе конгреси и симпозиуми во земјата и странство.

Автор е на монографските книги: Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 век, Македонска резба, Македонски манастири, Резбарски центри во Македонија, Полошки манастир, Соборните храмови во Македонија, Царски двери, Слимнички манастир, Копаничарот Димитар Станишев од Крушево, Копаничарот Макариј од Галичник, Цркви и манастири во Тиквешијата и други.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Извештај го вклучи алармот за клаузулата за различности на европската спогодба за културно наследство

Објавено пред

Италијански весник предупредува дека клаузулата за различност во Спогодбата за културно наследство на Советот на Европа може да го избрише вистинскиот идентитет на Италија бидејќи бара почитување на различноста на толкувањата.

Рамковната конвенција на Советот на Европа за вредноста на културното наследство за општеството првично беше донесена во 2005 година, но досега само десет нации го ратификуваа договорот во националното законодавство. Италија не е една од нив, заедно со Франција, Шведска, Германија и Шпанија, пренесува „Ил џорнале“.

Договорот, познат и како Конвенцијата од Фаро, набргу ќе биде ставен на гласање во италијанскиот парламент, според „Ил џорнале“, кој предупредува дека одредена клаузула за различност може да влијае на културата на Италија.

Весникот пишува за дел 2, член 7 од договорот, конкретно за изјавата да се поттикне размислувањето за етиката и методите за презентирање на културното наследство, како и почитувањето на различноста на толкувањата.

Членот 7 продолжува велејќи дека исто така ќе се воспостават процеси за помирување за да се справат со ситуации кога на истото културно наследство му се припишуваат контрадикторни вредности од разни заедници.

Пример за контрадикторни вредности, понуден од весникот, е посетата во Рим од 2016 година од страна на иранскиот претседател Хасан Рохани, што предизвика контроверзии кога владата, тогаш предводена од Матео Ренци, покри многу италијански ремек-дела за да не го навреди иранскиот претседател.

Во 2019 година гробиштата во градот Болоња отидоа уште подалеку инсталирајќи моторизирани завеси за да го блокираат погледот кон христијанските симболи за време на услугите за другите верски заедници.

Навредливите статуи се тема на фокус во последните неколку недели на протестите на „Блек лајвс медр“, кои го зафатија светот по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Само во Велика Британија статуа на филозофистот на Бристол, Едвард Колстон, кој профитирал од ропството, беше соборена и фрлена во блиската река, а претходно неделава градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нареди отстранување на 207-годишната статуа на Роберт Милиган поради неговата поврзаност со трговијата со робови.

Активистите на екстремната левица оттогаш објавија список за отстрел на статуи во Велика Британија, кои би сакале да бидат отстранети или соборени, список што вклучува поранешни кралеви, па дури и поранешниот премиер Чарлс Ерл Греј, кој помогна за укинување на трговијата со робови на Атлантикот.

Неколку статуи во Шкотска се исто така на списокот. И покрај објавувањето на плановите на екстремистите, шкотската полиција изјави дека немаат намера да ги чуваат или заштитат статуите.

Прикажи повеќе...

Актуелно

(Видео) Исмаили: Во овие тешки времиња не заборавивме на културните работници

Објавено пред

Во целиот период од почетокот на епидемијата на коронавирусот, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците, кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто, вели во видео порака министерот за култура Хусни Исмаили.

Почитувани,Дозволете да ве информирам дека Министерството за култура и јас како министер, во ова време кога целиот свет се справува со последиците од пандемијата од КОВИД 19, во целиот овој период, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците од коронавирусот кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто. За таа цел, континуирано се залагавме и успеавме во нашите напори преку Министерството за култура , а со поддршка на нашите институции, да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза. Убеден сум дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе успееме да ги ублажиме последиците од состојбата во која се најдоа уметниците и културните и филмските работници и дека со заеднички сили и во иднина ќе продолжиме културата да биде онаа која го обединува светот и ја промовира нашата зејмја во светски рамки.

Posted by Hysni Ismaili on Петок, 29 мај 2020

Тој во обраќањето до уметниците и културните работници ги нагласува напорите на министерството за обезбедување на финансиска поддршка за време на кризата.

„Успеавме во наштите напори да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза“, нагласува министерот.

Исмаили изразува надеж дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе се ублажат последиците од состојбата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа1 час

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија1 час

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ2 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија3 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет4 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија5 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија5 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион5 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа5 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет6 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија7 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет7 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија8 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион8 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија19 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет21 час

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт22 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија22 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Досие