Контакт

Актуелно

Се конзервираат фреските во црквата „Свети Никола“ во Косел

Објавено пред

Министерството за култура во неделата соопшти дека во тек е реализацијата на шестата фаза од проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и на фрескоживописот на црквата „Свети Никола“ во охридското село Косел.

 

 

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид интензивно работат во внатрешноста на црквата на конзервацијата на вредниот фрескоживопис. Се конзервираат оштетените фрески од ѓакониконот ( стариот слој),  а паралелно се врши опшивање на нестабилните делови од новооткриениот живопис и ињектирање.

 

Во рамките на претходните фази беше извршена конзервација на архитектурата на црквата, која  беше целосно распадната и за која постоеше опасност од рушење. Објектот статички е зајакната, направено е целосно препокривање, фугирање на отпадните делови, беше расчистен околниот простор, а старите  врати на западната и на јужната фасада се заменети со нови, изработени од храстов материјал и соодветно декорирани.

 

Црквата „Свети Никола“, која е значаен споменик на културата, датира од 15-от век и има специфична архитектура со мали димензии и со својот облик е сродна на повеќе еднокорабни цркви од околината на Охрид. Токму поради вредноста на нејзината архитектура и на нејзиниот фрескоживопис, таа е особено интересна за посетителите. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Министерство за култура: Со наменските сметки се добива попрецизно следење на трансакциите

Објавено пред

Министерството за култура, за корисниците кои ги склучуваат договорите за поддржаните проекти на Годишните конкурси за 2021 година, појаснува дека во договорите за учество на Министерството за култура во финансирањето на проекти од национален интерес во културата е содржана нова обврска – корисниците да отворат посебна наменска сметка преку која ќе се реализираат сите трансакции поврзани со поддржаниот проект.

Од Министерството наведуваат дека наменската сметка овозможува прецизно и законито следење на користењето на буџетските средства и е во насока на отчетно работење на корисниците при реализација на проектите.

Отворањето на наменската смека е задолжитено само за правните лица, а не и за физичките лица, кои се корисници на буџетските средства.

„Министерството за култура е должно континуирано да ја следи финансиската реализација на секој проект поддржан на Годишните конкурси и да врши контрола над законитото, наменското и економичното користење на средствата Министерството за култура изразува уверување дека дефинирањето на попрецизни обврски во делот на следењето на финансиските трансакации во голем дел ќе придонесе за поефикасна реализација на проектите поддржани во Годишната програма“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Актуелно

76 години МНТ испишува историја

Објавено пред

Театарот е место каде што се случува нешто исклучително, тука се преплетуваат режисерските идеи со актерското срце, место каде што се создава магија, а публиката ја восприема со отворена душа.

Токму тоа се случи на 3 април 1945 година, се случи празник на македонскиот театар, завесата се крена, а во свечена тишина се изговори и првата реплика. Некогаш во Скопје — ѕидовите, тарабите и бандерите беа облепени со плакати на кои се објави радосната вест – „Денес се отвори Народниот театар“.

Од тој април до денеска веќе 76 години Македонскиот народен театар неуморно патува низ времето, го чува и го негува театарскиот идентитет, израз, јазик и вредности. Веќе 76 години театар во кои на сцената „живеат“ љубовта, среќата и болката, вистината и соништата, радоста и страста! Точно 76 години на креативност и творечка дејност низ кои на сцената, почнувајќи од првата, се поставени 405 претстави од 239 автори и драматурзи, а одиграни од 582 актери, поставени од 119 режисери и соработници, 115 сценографи, 75 костимографи, 31 кореограф, 102 композитори и избор на музика, огромен број луѓе позади сцената, дизајнери на плакати и програмки, одговорни за промоција, техничка служба, администрација и илјадници и илјадници вљубеници во театарот!

Ова е не само фантастична бројка туку и доказ за посветеноста и страста кон театарот! Сево ова е делот што го придвижува и го оживува МНТ!

Прикажи повеќе...

Актуелно

Државниот архив слави 70 години постоење

Објавено пред

Државниот архив на Република Северна Македонија (ДАРСМ), денеска (1 април), го слави своето 70-годишно постоење.

Свечената академија по повод овој јубулеј ќе се одржи во Музејот на македонската борба.

На настанот обраќање ќе имаат покровителот, премиерот Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив, Емил Крстески, а со видеопорака ќе има обраќање Дејвид Фрикер, претседател на Меѓународниот архивски совет и директор на националниот архив на Австралија.

„Со оглед на условите во кои се наоѓаме, овој јубилеј ќе биде скромно одбележан, но сметаме дека е од особено значење ваквите јубилеи да ги искористиме за уште еднаш да го потенцираме исклучителното значење на архивите и на архивските работници како во нашата земја така и во целиот свет“, се вели во соопштението за настанот.

На свеченоста ќе биде промовирана и монографијата „Печат на времето – 70 години Државен архив (1951-2021)“, во која ќе биде презентиран историскиот развој на Државниот архив преку најзначајни фотографии и документи со кои располага Архивот, а ќе биде промовиран и зборникот „Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)“.

По завршувањето на официјалниот дел на настанот, гостите ќе може да ја видат изложбата „Скопската градска општина“, посветена на градоначалниците на град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Се бара прогласување на кризна состојба на целата територија на државата

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека дека Групата за процена попладнево одржала седница на која поради зголемениот обем на...

Македонија6 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија7 часа

Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад. Ова...

Македонија8 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија8 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија9 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија12 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ15 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион17 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа17 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија17 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија17 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион17 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет18 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ1 ден

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија1 ден

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 дена

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија2 дена

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Досие