Контакт

Актуелно

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ на Светските хорски игри во Рига

Објавено пред

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ во четврток ќе настапи на 8. Светски хорски игри што се одржуваат во Рига, Литванија.

Со поддршка од Министерството за култура, Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, како единствен претставник од Република Македонија, ќе учествува на 8. Светски хорски игри што се одржуваат од 9-ти до 19-ти јули во Рига, Латвија. На Светските хорски игри оваа година ќе се претстават хорови од над 60 земји од целиот свет, кои ќе  се натпреваруваат во вкупно 28 различни категории.

 

Нашите претставници ќе се натпреваруваат во три категории, и тоа: световна музика, црковна а-капела и фолклор.

 

Хорот „Света Злата Мегленска“ својот прв настап ќе го има на 17-ти јули, во категоријата световна музика, во Летонската музичка академија, која е една од најстарите образовни институции во земјата, лоцирани во стариот град на Рига. Покрај хорот „Св. Злата Мегленска“, во оваа категорија ќе учествуваат и хорови од Кина, Русија, Шведска, Финска, Германија, Венецуела, Индонезија, Италија и од други земји.

 

Натпреварот во црковна а-капелна музика ќе се одржи во црквата „Свети Петар“, која е еден од најдобрите примери на средновековната (готска) црковна архитектура, како и една од најубавите цркви во балтичкиот регион изградена во 13 век. На овој натпревар, хорот „Света Злата Мегленска“ ќе се натпреварува со хорови од: САД, Јужна Африка, Венецуела, Романија, Швајцарија, Канада, Хрватска и др.

 

Во третата категорија натпревари – фолклор, кои ќе се одржат на 18-ти јули во „Riga Stradins University“, покрај хорот „Св. Злата Мегленска“, ќе учествуваат и хорови од Нигерија, Кореја, Белорусија, Естонија, Австрија, Латвија, Филипини , Италија , САД и др.

 

Со организирањето на овој светски културен настан се потврдува дека Рига не е само европска престолнина на културата, туку и светска престолнина на хорската музика. Светските хорски игри во Рига се 8-ми натпревар во организација на „Музика мунди и интеркултур“ (Musica Mundi I Interkultur) и се, несомнено, најзначајна манифестација од овој вид во светот, велат од Министерството за култура.крај/мф/сд

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Почина Димитар Ќорнаков, припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност

Објавено пред

Во Скопје, на 92-годишна возраст, почина проф. д-р Димитар Ќорнаков, македонски историчар на уметноста и публицист, припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност.

Ќорнаков (роден во 1927, Стојаково, Богданечко) најголем дел од својата истражувачка и научна работа ѝ посветил на уметноста на копаничарството.

Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и наградите „Свети Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата и „13 Ноември“ на Град Скопје.

Повеќе од 35 години работел во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата како историчар на уметноста, а последните години од работниот стаж бил во Институтот за старословенска култура во Прилеп.

Бил повеќегодишен директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, а како стипендист на италијанската влада бил на специјализација во Рим, во Централниот институт за реставрација, во 1962 и 1963 година.

Темелно го проучува творештвото на мијачките резбари (копаничари) во црквите и манастирите на Балканскиот Полуостров. Учествувал на повеќе конгреси и симпозиуми во земјата и странство.

Автор е на монографските книги: Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 век, Македонска резба, Македонски манастири, Резбарски центри во Македонија, Полошки манастир, Соборните храмови во Македонија, Царски двери, Слимнички манастир, Копаничарот Димитар Станишев од Крушево, Копаничарот Макариј од Галичник, Цркви и манастири во Тиквешијата и други.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Извештај го вклучи алармот за клаузулата за различности на европската спогодба за културно наследство

Објавено пред

Италијански весник предупредува дека клаузулата за различност во Спогодбата за културно наследство на Советот на Европа може да го избрише вистинскиот идентитет на Италија бидејќи бара почитување на различноста на толкувањата.

Рамковната конвенција на Советот на Европа за вредноста на културното наследство за општеството првично беше донесена во 2005 година, но досега само десет нации го ратификуваа договорот во националното законодавство. Италија не е една од нив, заедно со Франција, Шведска, Германија и Шпанија, пренесува „Ил џорнале“.

Договорот, познат и како Конвенцијата од Фаро, набргу ќе биде ставен на гласање во италијанскиот парламент, според „Ил џорнале“, кој предупредува дека одредена клаузула за различност може да влијае на културата на Италија.

Весникот пишува за дел 2, член 7 од договорот, конкретно за изјавата да се поттикне размислувањето за етиката и методите за презентирање на културното наследство, како и почитувањето на различноста на толкувањата.

Членот 7 продолжува велејќи дека исто така ќе се воспостават процеси за помирување за да се справат со ситуации кога на истото културно наследство му се припишуваат контрадикторни вредности од разни заедници.

Пример за контрадикторни вредности, понуден од весникот, е посетата во Рим од 2016 година од страна на иранскиот претседател Хасан Рохани, што предизвика контроверзии кога владата, тогаш предводена од Матео Ренци, покри многу италијански ремек-дела за да не го навреди иранскиот претседател.

Во 2019 година гробиштата во градот Болоња отидоа уште подалеку инсталирајќи моторизирани завеси за да го блокираат погледот кон христијанските симболи за време на услугите за другите верски заедници.

Навредливите статуи се тема на фокус во последните неколку недели на протестите на „Блек лајвс медр“, кои го зафатија светот по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Само во Велика Британија статуа на филозофистот на Бристол, Едвард Колстон, кој профитирал од ропството, беше соборена и фрлена во блиската река, а претходно неделава градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нареди отстранување на 207-годишната статуа на Роберт Милиган поради неговата поврзаност со трговијата со робови.

Активистите на екстремната левица оттогаш објавија список за отстрел на статуи во Велика Британија, кои би сакале да бидат отстранети или соборени, список што вклучува поранешни кралеви, па дури и поранешниот премиер Чарлс Ерл Греј, кој помогна за укинување на трговијата со робови на Атлантикот.

Неколку статуи во Шкотска се исто така на списокот. И покрај објавувањето на плановите на екстремистите, шкотската полиција изјави дека немаат намера да ги чуваат или заштитат статуите.

Прикажи повеќе...

Актуелно

(Видео) Исмаили: Во овие тешки времиња не заборавивме на културните работници

Објавено пред

Во целиот период од почетокот на епидемијата на коронавирусот, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците, кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто, вели во видео порака министерот за култура Хусни Исмаили.

Почитувани,Дозволете да ве информирам дека Министерството за култура и јас како министер, во ова време кога целиот свет се справува со последиците од пандемијата од КОВИД 19, во целиот овој период, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците од коронавирусот кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто. За таа цел, континуирано се залагавме и успеавме во нашите напори преку Министерството за култура , а со поддршка на нашите институции, да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза. Убеден сум дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе успееме да ги ублажиме последиците од состојбата во која се најдоа уметниците и културните и филмските работници и дека со заеднички сили и во иднина ќе продолжиме културата да биде онаа која го обединува светот и ја промовира нашата зејмја во светски рамки.

Posted by Hysni Ismaili on Петок, 29 мај 2020

Тој во обраќањето до уметниците и културните работници ги нагласува напорите на министерството за обезбедување на финансиска поддршка за време на кризата.

„Успеавме во наштите напори да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза“, нагласува министерот.

Исмаили изразува надеж дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе се ублажат последиците од состојбата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ24 минути

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион1 час

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ1 час

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет1 час

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет2 часа

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет2 часа

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија3 часа

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион15 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија17 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија19 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ20 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион20 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија21 час

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион21 час

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија1 ден

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија1 ден

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија1 ден

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија1 ден

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија1 ден

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија1 ден

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Досие