Филм
Македонскиот филм 'Пресвета Богородице спаси нé' го отвори рускиот фестивал Радонеж
Откако триумфално пред руската публика со спектаклот „Ромео и Јулија“, се претставија македонските сценски творци , во саботата во Русија документарно-играниот филм „Пресвета Богородице спаси нé“ ја имаше својата меѓународна промоција.
Она што ја прави оваа информација посебна е факт што на македонскиот филм му припадна честа да го отвори 16-то издание на фестивалот „Радонеж“.
За режисерката на филмот Весна Димитровска, којашто воедно го толкува ликот на Мајката Божја, ова преставува голема чест, затоа што токму тој е првиот македонски филм кој учествува на овој престижен фестивал.
„Првпат учествувам на толку ‘специфичен’ филмски фестивал каде сé почнува со молебен, каде прес конференциите се одржуваат во црква , каде се почнува со благослов и молитва. Јас како уметник и верник, ова го разбирам и длабоко силно ме допира. Овие денови тука во Русија многупати се споменува Македонија , многупати беше благословено делото ‘Пресвета Богородице спаси нé’, и тоа токму во земјата на православието и уметноста. На фестивалот сме пријавени со уставното име, Република Македонија, Македонска Православна Црква, Епархија Повадрарска, Општина Велес, тоа за мене и за МПЦ е од огромно значење. Ова е достојно за почит, задоволни сме и благодарни на Бога и зарем ова не е Божја волја“, рече Весна Димитровска, режисер на филмот.
Пред поаѓањето за Русија, Димитровска и ѓакон Влатко Стоименов рекоа дека со промоцијата на фимот во Русија започнува една поинаква мисија „во светот моќно да оддекне Словото Божјо од Библиска Македонија“, но и да се потсети на вековната верба во Христа и верноста на македонскиот народ во неговата единствена црква.
За Повардарската Епархија учеството на овој филм на фестивалот „Радонеж“ е од исклучително значење, бидејки доаѓа во момент кога повторно се проблематизира и актуелизира афтокефално живеење на Македонската Православна Црква./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Бруталистот“ и „Емилија Перез“ доминираа на Златните глобуси – над 10 милиони луѓе го следеа емитувањето
Овогодинешната церемонија на доделување на Златните глобуси привлече повеќе од 10 милиони гледачи на телевизиските екрани, што е благ пораст на гледаноста во споредба со претходната година, изјавија во понеделникот продуцентите на настанот, на кој доминираа филмовите Бруталист и Емилија Перез во однос на наградите.
Зголемувањето на гледаноста на неделната гала во последниве години покажува благ нагорен тренд кога станува збор за интересот за слични настани, бидејќи Холивуд се обидува да се оддалечи од влијанието на штрајковите и пандемијата, а наградите Глобус постепено се опоравуваат од сопствените контроверзи и скандали.
Просечната бројка од 10,1 милиони гледачи кои го гледале шоуто е зголемување од 7 отсто во споредба со галата во 2024 година и значителен скок од едвај шест милиони гледачи една година порано.
Златните глобуси, холивудски филмски и телевизиски награди, кое некогаш беше второ по популарност по Оскарите, беше во криза во последниве години. Во 2022 година, гала настанот не се ни емитуваше. Поранешната телевизија Ен-Би-Си ја донесе ваквата одлука затоа што нејзиното раководство беше огорчено од недостатокот на различност и етички пропусти на групата новинари кои претходно ги организираа наградите.
Церемонијата на доделување на престижните награди беше повторно лансирана минатата година под нов приватен сопственик, а беше емитувана на „Си-Би-Ес“ во неделата навечер. Исто така, вреди да се напомене дека наградите им беа доделени на холивудските ѕвезди од А-листата во блескавата сала за бал во Беверли Хилс. На овогодинешните награди доминираа мјузиклот Емилија Перез и епската имигрантска драма Бруталист.
Мексиканскиот филм Емилија Перез на францускиот режисер Жак Аудиар освои четири награди, вклучително и за најдобра комедија или мјузикл, додека „Бруталистот“ беше прогласен за најдобра драма, а наградата за најдобар актер му припадна на главниот лик на филмот Адриен Броди, кој го игра архитектот Ласло Тот, Евреин којшто го преживеал холокауст.
Култура
„Бруталистот“ ги воодушеви гледачите и критичарите: „Ремек-дело, ќе размислувате за филмот“
На 82. доделување на наградата Златен глобус, големиот победник беше Бруталистот (The Brutalist).
Филмот освои три награди, вклучувајќи за најдобар филм, најдобар режисер (Брејди Корбет) и најдобар актер во драма (Адриен Броди).
#TheBrutalist director Brady Corbet and star Adrien Brody share a moment during the film’s 12-minute Venice standing ovation. pic.twitter.com/V6Rqd0N3DW
— Variety (@Variety) September 1, 2024
Епската историска драма беше премиерно прикажана на филмскиот фестивал во Венеција, каде што беше проследен со 12-минутни овации. Корбет беше награден со Сребрен лав за најдобар режисер на фестивалот.
Драмата која трае повеќе од три часа го следи архитектот визионер Ласло Тот (Броди) и неговата сопруга Ерзебет (Џонс).
Тот е Унгарец со еврејско потекло кој успеал да го преживее Холокаустот, а по Втората светска војна се преселил во САД со неговата сопруга Ерзебет (Фелисити Џонс). Иако на почетокот страда од сиромаштија, неговиот живот се менува откако ќе запознае богат индустријалец…
Режисерот Корбет претходно изјави дека дебатата за должината на филмот била прилично глупава.
„Овој филм прави сè што ни беше кажано да не правиме. Мислам дека всушност е прилично глупаво да се зборува за должината бидејќи тоа е како да критикувате книга бидејќи има 700 страници наместо 100“, рече режисерот за време на прес-конференција.
„Бруталистот“ моментално има 93% на „Ротен Томатос“ врз основа на 170 критики од критичарите. Има оцена 8,1 на ИМДБ.
„Невозможно е да не се препознае ‘Бруталист’ како ништо друго освен филмски триумф“, напиша критичарот Том Дејвидсон.
„Ремек дело кое ќе ве воодушеви. Ќе размислувате за ова дело”, додал критичарот Даг Џејмисон.
„Бруталист ви дозволува да почувствувате како нечиј живот поминува пред вашите очи“
Филмскиот критичар на Ролинг Стоун, Дејвид Фер, напиша за филмот: „Не е само тоа што веќе не снимаат вакви филмови – се разбира дека не прават. Тоа е што малку луѓе деновиве се мачат да раскажуваат толку опсежни приказни со ова ниво на раскажување приказни кое бара вештина, храброст и енергија“.
Драмата беше позитивно оценета и од критичарот на Варајати, Овен Глајберман, кој напиша: „Јасно е дека Корбет го направи овој филм со намера да има големо значење. Дали тој навистина ќе го постигне тоа е во окото на гледачот. Бруталист ви дозволува да почувствувате како нечиј живот поминува пред вашите очи. Можеби тоа е доволно значење.
Друга позитивна рецензија беше напишана од Бен Крол од TheWrap: „Земено како целина, Бруталист истовремено тагува и ги слави американските амбиции – амбициите на имигрантската класа која бара нов живот без гаранции за успех, како и амбициите на режисерот кој го исполнува платното со животни опсесии“.
Посебни пофалби за својата изведба доби Адриен Броди.
Некои критичари особено го пофалија Адриен Броди, кој веќе импресионираше многумина со неговата изведба во потресната воена драма „Пијанист“ од 2002 година.
„Броди внесува огромна тежина на ликот, но и болка што го нагризува гордото чувство за идентитет, цел и судбина на Ласло. Тоа е монументална изведба; гледањето на овој архитект третиран како ѓубре е едноставно поразително“, напиша критичарот Дејвид Руни од Холивуд рипортер.
Се чини дека филмот не им се допадна само на критичарите. Гледачите веќе напишаа дека „Бруталист“ ќе биде еден од најдобрите филмови на годината.
„Никогаш не сум сакал да гледам филм толку брзо откако го видов трејлерот како што направив со овој. Дефинитивно мора да се види“. „Го видов филмот и верувајте ми, вреди. Дефинитивно најдобриот филм на годината“, се дел од коментарите.
Култура
Ана Василевска во Битола ќе ја промовира книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“
„Дискретниот шарм на македонскиот филм“ – книгата на македонската филмска критичарка, Ана Василевска, со капучино и пладневна дружба пристигнува во Битола.
Промоцијата на нејзиното дело ќе се одржи денеска во 12 часот во кафулето „Порта џез“, а промотор е критичарот Влатко Галевски.
Книгата којашто е во издание на „Македоника“ е сублимиран приказ на состојбите во нашата кинематографија од осамостојувањето на Македонија до 2021 година, односно опфаќа три децении македонска продукција.
Ана Василевска, родена во Скопје во 1975 година е новинар, филмски теоретичар, критичар. Формалното образование го стекнува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како дипломиран филолог по македонски јазик со општа и компаративна книжевност, а магистерските студии по филмска и телевизиска режија, на Факултетот за аудиовизуелна уметност „ЕСРА“, Скопје.
Со професионално новинарство, насочено кон културата, со посебен фокус кон филмот се занимава од 1998 година. Автор е на стотици објави на рецензии, осврти, интервјуа, анализи и критики поврзани со филмот, пласирани во бројни печатени и електронски медиуми. Била уредник на ревијата за филм на првото електронско списание во Македонија, „Блесок“. Селектор и модератор на ревијалната програма „Мак поинт“ на ИФФК „Браќа Манаки“ во периодот од 2016 до 2019 година. Работела и како лице задолжено за односи со јавноста на бројни филмски проекти во македонска продукција.
Иницирала, организирала и модерирала низа тематски трибини за македонскиот филм. Уметнички координатор е на првата манифестација за преглед на годишната филмска продукција, „Златна рамка“, денови на македонски филм 2019- 2023 година. Медиуми во кои работела: Македонска телевизија, Дневник, Форум, Макфакс, Радио Равел, А1 он, Нова ТВ веб и други. „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е нејзина прва објавена книга.