Контакт

Филм

Дарко Митревски: 'Трето полувреме' е против омраза

Објавено пред

Приказна за љубовта, војната, холокаустот и фудбалот – го опишува филмот „Трето полувреме“ во неколку зборови неговиот режисер Дарко Митревски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот во Палм Спрингс ги прикажува филмовите кои учествувале во оскаровската трка, нуди пресек на најдоброто од светската продукција, од новиот бран на автори, вели Митревски за Гласот на Америка на македонски, на прашањето зошто токму Палм Спрингс за официјалната северноамериканска промоција на „Трето полувреме“.

Ова не е филм што испраќа политички пораки, додава Митревски, но „во секој случај, зборува за еден период од македонската историја кога се формирале, меѓу другото, и некои политички идеи. Тоа биле идеи „коишто ќе дадат резултат долги години подоцна“.

Филмот повлече политичка напнатост на релација Бугарија-Македонија за темата – депортацијата на македонските Евреи за време на Втората светска војна, кога Македонија била под бугарска окупација. Бугарскиот премиер Бојко Борисов беше цитиран во медиумите дека Бугарија не заслужува филм против неа, затоа што земјата спасила 50 илјади Евреи.

Митревски, пак, за Гласот на Америка на македонски го изнесува својот став дека „… овој филм не е проблем на Македонија. Никаков. Ова е македонски филм, но не е наш проблем. Дали е тоа проблем на Бугарија? Веројатно да, доколку Бугарија не може да се соочи со сопственото минато и со некои темни дамки во него. И, секако, е проблем на Европската унија. Ако ЕУ себеси се смета за федерација во којашто е можно попречување на цела една земја и цела нација поради уметничко дело, коешто, меѓу другото, кажува стопроцентно потврдени, проверени факти – не од македонски и бугарски, туку од светски – американски и европски авторитети – тогаш Македонија не е таа што има проблем, туку ЕУ“.

Кога веќе е приказна за љубовта, војната, холокаустот и фудбалот, дали, автоматски е и против нешто? „Трето полувреме е против омраза, против идеологии кои проповедаат нетолеранција, против идеологии кои проповедаат исклучивост. Трето полувреме, исто како и неговиот автор, е филм којшто е против секој оној кој може да помисли дека човек заради својата припадност, било верска, било национална, било политичка, било сексуална, каква и да е негова определба, може да биде понижуван и некој има право да го понижува, да го одземе неговиот имот, да го загрози неговиот живот, или воопшто, на било кој начин негативно да влијае на неговата иднина. Трето полувреме е филм против сите такви идеологии, без оглед на нивниот предзнак“, вели Митревски.

Веќе е склучен договор за прикажување по Австралија, а во тек се преговори за дистрибуција во САД и Канада, открива режисероот. Митревски најавува дека веќе паралелно работи на неколку други проекти, за аферата Мис Стон, за детството на Мајка Тереза и на еден американски трилер, за кој во моментов пишува сценарио./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

(Видео) Објавен првиот трејлер за контроверзниот биографски филм за Мајкл Џексон

Објавено пред

По бројните извештаи за проблематичната продукција, студиото „Лајонсгејт“ го објави првиот трејлер за биографскиот филм „Мајкл“, кој го режира Антоан Фукуа и го следи животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон.

dobivaj vesti na viber

Трејлерот започнува со сцена во студио каде Џексон снима со Квинси Џонс (го игра Кендрик Семпсон), кој вели:

„Знам дека долго го чекавте ова. Песните се снимени, подготвени се. Да почнеме од почеток.“

Следуваат кадри од детството на Џексон, неговите легендарни настапи и видеа, меѓу кои и „Трилер“, додека во позадина свири хитот „Вана би стартин самтинг’“ од 1982 година.

Филмот го прикажува патот на Џексон од детска ѕвезда до светска икона, со „интимен поглед во животот и наследството на еден од највлијателните уметници на сите времиња“, стои во синопсисот.

Снимањето завршило во мај 2024 година, но поради дополнителни снимања во јуни, премиерата беше одложена за 24 април 2026 година.

Иако се шпекулираше дека проектот ќе биде поделен на два дела, трејлерот покажува дека сепак станува збор за еден филм.

Режисер е Антоан Фукуа, познат по акциските хитови „Training Day“, „The Equalizer“ и „Olympus Has Fallen“. Сценариото го напиша Џон Логан, автор на „Gladiator“, „The Aviator“ и „Hugo“.

Главната улога ја толкува Џафар Џексон, вистинскиот внук на Мајкл Џексон.

Продуцентот Греам Кинг изјави дека филмот ќе го прикаже Џексон со човечка страна, без да се „исчисти“ неговата биографија:

„Мајкл имаше сложен живот. Сакам да ја прикажам највозбудливата и најнепристрасна приказна што можам, а публиката сама нека одлучи како ќе се чувствува по филмот.“

Контроверзии повторно се појавија поради обвинувањата за сексуално злоупотребување на деца, кои беа обновени во документарецот „Leaving Neverland“ (2019) на Ден Рид.

Рид изјави дека сценариото за „Michael“ било „изненадувачки неискрено“ бидејќи, според него, ги игнорирало обвиненијата и тужителите.

Филмот ќе добие ново финале, бидејќи режисерот Фукуа мора повторно да сними делови поврзани со контроверзните обвинувања за злоупотреба на деца.

Како што пренесува „Анадолија“, првичната верзија на филмот прикажувала Џексон како се грижи за болни деца, што предизвикало реакции и притисок врз продукцијата да направи измени.

Прикажи повеќе...

Култура

Холивуд се збогува со Редфорд: „Замина еден гениј“

Објавено пред

Веста за смртта на Роберт Редфорд го потресе филмскиот свет. Холивудската икона и основач на филмскиот фестивал Санденс почина денес, а бројни реакции од колеги и соработници продолжуваат да пристигнуваат.

dobivaj vesti na viber

Актерката Марли Матлин ја истакна неговата клучна улога во независниот филм. „Нашиот филм, CODA, го привлече вниманието на сите поради Sundance. А Sundance се случи поради Роберт Редфорд. Почина еден гениј“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.

Film at Lincoln Center, исто така, му оддаде почит на легендата, нарекувајќи го „вистинска икона на големото платно, неуморен застапник на филмските режисери во подем“.

Новинарот Пирс Морган се потсети на некои од неговите најпознати улоги. „Почивај во мир Роберт Редфорд, 89. Една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња. Вистинска холивудска легенда која глумеше во толку многу од моите омилени филмови: Butch Cassidy and the Sundance Kid, The Sting, The Way We Were, All The President’s Men. Каква кариера, каков актер, каква тажна загуба“, рече тој.

Писателот Стивен Кинг го нагласи неговото влијание врз филмската индустрија: „Роберт Редфорд почина. Тој беше дел од новиот и возбудлив Холивуд од 70-тите и 80-тите години. Тешко е да се поверува дека имаше 89 години.“

Маријана Вилијамсон се осврна на неговите пошироки општествени придонеси. „Малкумина во својот живот направиле повеќе за да придонесат за американското општество од Роберт Редфорд. Во области од филмот до екологијата и политиката, тој ја користеше својата огромна моќ за да помогне во создавањето подобар свет“, напиша таа.

Бројни други познати личности, вклучувајќи ја и Роузи О’Донел, му оддадоа почит на социјалните медиуми.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина Роберт Редфорд

Објавено пред

Почина актерот и режисер Роберт Редфорд. Имаше 89 години.

dobivaj vesti na viber

Редфорд, кој е најпознат по своите улоги во класици како што се „Butch Cassidy and the Sundance Kid“ и „President’s Men“ и кој ја оживеа американската независна кинематографија како член-основач на Филмскиот фестивал Санденс, почина во вторник наутро во својот дом во Јута.

Синди Бергер, извршен директор на фирмата за односи со јавноста „Rogers & Cowan PMK“, ја сподели веста во изјава за „Њујорк тајмс“. Таа рече дека Редфорд починал во сон, но не наведе конкретна причина.

Роберт Редфорд, роден како Чарлс Роберт Редфорд помладиот на 18 август 1936 година, во Санта Моника, Калифорнија, беше еден од најважните и најразновидните американски филмски уметници од втората половина на 20 век. Тој беше познат како актер, режисер, продуцент и основач на филмскиот фестивал Санденс, а неговата кариера траеше повеќе од шест децении.

Пораснал во семејство од средната класа – неговиот татко Чарлс бил сметководител, а неговата мајка Марта починала кога Роберт имал 18 години, што оставило длабок белег врз него. Како млад човек, бил склонен кон бељи и често запаѓал во неволји, но откако добил стипендија за студирање уметност на Универзитетот во Колорадо, почнал посериозно да размислува за својата иднина. Се откажал, патувал низ Европа и живеел некое време како млад уметник во Париз и Фиренца. По враќањето во Соединетите Држави, се запишал на часови по глума на Американската академија за драмски уметности во Њујорк, што го означило почетокот на неговата актерска кариера.

Најпрво, Редфорд се појавуваше на телевизија и во театарски претстави, а привлече пошироко внимание со својата улога во бродвејската претстава Sunday in New York. Својот прв значаен филмски успех го постигна со улога во комедијата Barefoot in the Park (1967) со Џејн Фонда, а светска слава стекна со вестернот Butch Cassidy and the Sundance Kid (1969), во кој глумеше заедно со Пол Њуман. Филмот стана култен класик и му ги отвори вратите кон светот на најголемите холивудски продукции.

Нивниот втор заеднички филм, криминалистичкиот трилер The Sting (1973), му донесе номинација за Оскар и го потврди неговиот статус на ѕвезда.

Врв на кариерата
1970-тите и 1980-тите беа врвот на неговата актерска кариера. Редфорд глумеше во филмови како што се The Candidate (1972), All the President’s Men (1976), кој следеше по скандалот Вотергејт, и Out of Africa (1985) со Мерил Стрип, кој ја освои наградата Оскар за најдобар филм.

Покрај глумата, тој почнал и да режира – неговото режисерско деби Ordinary People (1980) му донесе Оскар за најдобар режисер и го потврди како автор со одлично разбирање на човечката психологија и сложените семејни односи.

Покрај неговата филмска работа, Редфорд беше познат по своите придонеси во независното кино. Тој го основа Институтот Санденс и го лансираше Филмскиот фестивал Санденс, кој стана најважната платформа за млади и независни филмски режисери во Соединетите Американски Држави. Неговиот активизам се прошири и на областите на екологијата и човековите права – со години се залагаше за зачувување на животната средина и поддржуваше прогресивни социјални иницијативи.

Својот приватен живот го држеше што подалеку од јавноста. Беше во брак со Лола Ван Вагенен од 1958 до 1985 година и имаа четири деца, иако изгубија едно дете на рана возраст. Во 2009 година, се ожени со Сибил Сагарс, германска уметница.

Се смета за еден од последните големи актери од „златната ера“ на Холивуд, кој успеа да ги комбинира комерцијалниот успех и уметничкиот интегритет, оставајќи зад себе неизбришлив белег како актер, режисер и културен визионер.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија2 часа

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа3 часа

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија3 часа

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа4 часа

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...

Свет4 часа

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет5 часа

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет5 часа

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа5 часа

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...

Македонија24 часа

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија1 ден

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ1 ден

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ1 ден

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија1 ден

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...

Македонија1 ден

Јанкулоска: Судот во Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против мене

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично...

Македонија1 ден

„Кацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев,...

Топ1 ден

Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот

57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград. Според српски Телеграф, на патникот му...

Македонија2 дена

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не...

Македонија2 дена

Четириесет дена откако почина Панчо од „ДНК“, колегите од македонската сцена со трогателни пораки

Четириесет дена по смртта на Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо од хип-хоп дуото „ДНК“, социјалните мрежи повторно се исполнети со неговото име....

Македонија2 дена

11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди, Владата додели над 33.000 ваучери

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари....