Контакт

Филм

„Самрак сага" освои најмногу Златни малини

Објавено пред

Последното продолжение на популарната тинејџерска сага за вампирите „Самрак сага: Разденување 2″, „триумфираше” на годинешното доделување на Златните малини, антинаграда која секоја година се доделува непосредно пред церемонијата на најпрестижните филмски награди Оскарите, а се доделува за најлошите филмови и актерски остварувања изминатата годината.

dobivaj vesti na viber

Откако претходно беше номиниран дури во 11 категории филмот „Самрак сага: Разденување 2″, доби „награди” во седум категории, а меѓу другите Златни малини добија и главната ѕвезда на филмот Кристен Стјуарт, нејзиниот млад партнер Тејлор Литнер и режисерот Бил Кондон.

На тинејџерскиот идол Роберт Патисон му успеа „не скине” Златна малина за најлоша главна машка улога, бидејќи неа ја доби Адам Сандлер за комедијата „That’s My Boy”, но затоа, пак, заедно со колегите од „Самрак сагата…” ја подели „наградата” за „најлоша актерска постава”.

Меѓутоа, без оглед на исмејувањето на кое беа изложени од 650-те членови на Фондацијата Златна малина и 70-те илјади гласачи на интернет страницата Rotten Tomatoes, протагонистите на оваа приказничка за љубовта меѓу вампир и тинејџерка, можат да бидат и тоа колку задоволни со остварената заработак, бидејќи само последниот дел од серијалот прокнижил заработка од 829 милиони долари на кино благајните низ светот.

Освен нив, годинава на Златните малини „успех” постигна и комичарот Адам Сандлер, кој е прогласен за најлош актер и сценарист, но ниту приближно како минатата 2012 година кога ги освои сите десет Златни малини за комедијата „Џек и Џил”, во која ги толкуваше и главната машка и главната женска улога.

Својата прва Златна малина во кариерата ја заработи и поп пејачката Риана, која е прогласен аза најлоша споредна актерка за нејзината дебитантска улога во акцискиот научно-фантастичен филм „ Battleship”.

Златните малини беа востановени во 1980 година, како антинаграда на Оскарите и обично се доделуваат ден пред гламурозната церемонија за доделувањето на Оскарите. Годинава овој настан се одвиваше во хотелот „Hollywood” во близина на „Dolby Theatre” каде се одржува доделувањето на Оскарите./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Објавено пред

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.

dobivaj vesti na viber

Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.

Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8

Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.

„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.

„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk

Прикажи повеќе...

Култура

„Бруталистот“ и „Емилија Перез“ доминираа на Златните глобуси – над 10 милиони луѓе го следеа емитувањето

Објавено пред

Овогодинешната церемонија на доделување на Златните глобуси привлече повеќе од 10 милиони гледачи на телевизиските екрани, што е благ пораст на гледаноста во споредба со претходната година, изјавија во понеделникот продуцентите на настанот, на кој доминираа филмовите Бруталист и Емилија Перез во однос на наградите.

dobivaj vesti na viber

Зголемувањето на гледаноста на неделната гала во последниве години покажува благ нагорен тренд кога станува збор за интересот за слични настани, бидејќи Холивуд се обидува да се оддалечи од влијанието на штрајковите и пандемијата, а наградите Глобус постепено се опоравуваат од сопствените контроверзи и скандали.

Просечната бројка од 10,1 милиони гледачи кои го гледале шоуто е зголемување од 7 отсто во споредба со галата во 2024 година и значителен скок од едвај шест милиони гледачи една година порано.

Златните глобуси, холивудски филмски и телевизиски награди, кое некогаш беше второ по популарност по Оскарите, беше во криза во последниве години. Во 2022 година, гала настанот не се ни емитуваше. Поранешната телевизија Ен-Би-Си ја донесе ваквата одлука затоа што нејзиното раководство беше огорчено од недостатокот на различност и етички пропусти на групата новинари кои претходно ги организираа наградите.

Церемонијата на доделување на престижните награди беше повторно лансирана минатата година под нов приватен сопственик, а беше емитувана на „Си-Би-Ес“ во неделата навечер. Исто така, вреди да се напомене дека наградите им беа доделени на холивудските ѕвезди од А-листата во блескавата сала за бал во Беверли Хилс. На овогодинешните награди доминираа мјузиклот Емилија Перез и епската имигрантска драма Бруталист.

Мексиканскиот филм Емилија Перез на францускиот режисер Жак Аудиар освои четири награди, вклучително и за најдобра комедија или мјузикл, додека „Бруталистот“ беше прогласен за најдобра драма, а наградата за најдобар актер му припадна на главниот лик на филмот Адриен Броди, кој го игра архитектот Ласло Тот, Евреин којшто го преживеал холокауст.

Прикажи повеќе...

Култура

„Бруталистот“ ги воодушеви гледачите и критичарите: „Ремек-дело, ќе размислувате за филмот“

Објавено пред

На 82. доделување на наградата Златен глобус, големиот победник беше Бруталистот (The Brutalist).

dobivaj vesti na viber

Филмот освои три награди, вклучувајќи за најдобар филм, најдобар режисер (Брејди Корбет) и најдобар актер во драма (Адриен Броди).

Епската историска драма беше премиерно прикажана на филмскиот фестивал во Венеција, каде што беше проследен со 12-минутни овации. Корбет беше награден со Сребрен лав за најдобар режисер на фестивалот.

Драмата која трае повеќе од три часа го следи архитектот визионер Ласло Тот (Броди) и неговата сопруга Ерзебет (Џонс).

Тот е Унгарец со еврејско потекло кој успеал да го преживее Холокаустот, а по Втората светска војна се преселил во САД со неговата сопруга Ерзебет (Фелисити Џонс). Иако на почетокот страда од сиромаштија, неговиот живот се менува откако ќе запознае богат индустријалец…

Режисерот Корбет претходно изјави дека дебатата за должината на филмот била прилично глупава.

„Овој филм прави сè што ни беше кажано да не правиме. Мислам дека всушност е прилично глупаво да се зборува за должината бидејќи тоа е како да критикувате книга бидејќи има 700 страници наместо 100“, рече режисерот за време на прес-конференција.

„Бруталистот“ моментално има 93% на „Ротен Томатос“ врз основа на 170 критики од критичарите. Има оцена 8,1 на ИМДБ.

„Невозможно е да не се препознае ‘Бруталист’ како ништо друго освен филмски триумф“, напиша критичарот Том Дејвидсон.

„Ремек дело кое ќе ве воодушеви. Ќе размислувате за ова дело”, додал критичарот Даг Џејмисон.

„Бруталист ви дозволува да почувствувате како нечиј живот поминува пред вашите очи“

Филмскиот критичар на Ролинг Стоун, Дејвид Фер, напиша за филмот: „Не е само тоа што веќе не снимаат вакви филмови – се разбира дека не прават. Тоа е што малку луѓе деновиве се мачат да раскажуваат толку опсежни приказни со ова ниво на раскажување приказни кое бара вештина, храброст и енергија“.

Драмата беше позитивно оценета и од критичарот на Варајати, Овен Глајберман, кој напиша: „Јасно е дека Корбет го направи овој филм со намера да има големо значење. Дали тој навистина ќе го постигне тоа е во окото на гледачот. Бруталист ви дозволува да почувствувате како нечиј живот поминува пред вашите очи. Можеби тоа е доволно значење.

Друга позитивна рецензија беше напишана од Бен Крол од TheWrap: „Земено како целина, Бруталист истовремено тагува и ги слави американските амбиции – амбициите на имигрантската класа која бара нов живот без гаранции за успех, како и амбициите на режисерот кој го исполнува платното со животни опсесии“.

Посебни пофалби за својата изведба доби Адриен Броди.

Некои критичари особено го пофалија Адриен Броди, кој веќе импресионираше многумина со неговата изведба во потресната воена драма „Пијанист“ од 2002 година.

„Броди внесува огромна тежина на ликот, но и болка што го нагризува гордото чувство за идентитет, цел и судбина на Ласло. Тоа е монументална изведба; гледањето на овој архитект третиран како ѓубре е едноставно поразително“, напиша критичарот Дејвид Руни од Холивуд рипортер.

Се чини дека филмот не им се допадна само на критичарите. Гледачите веќе напишаа дека „Бруталист“ ќе биде еден од најдобрите филмови на годината.

„Никогаш не сум сакал да гледам филм толку брзо откако го видов трејлерот како што направив со овој. Дефинитивно мора да се види“. „Го видов филмот и верувајте ми, вреди. Дефинитивно најдобриот филм на годината“, се дел од коментарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Ниту еден обвинител не се повлекол од истрагата за Кочани, велат од ЈОРМ

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната...

Македонија36 минути

Обвинителството бара построга казна за возачот кој ја усмрти Теодора: вложена жалба на пресудата

Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 07.04.2025 година со која обвинетиот М.П....

Македонија2 часа

Да се извинат Филипче и СДС што го лажеa народот дека Бугари во Уставот се единствениот услов за напредок на државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави „уставните измени не се единствениот услов, тогаш допрва почнува процесот”. Оваа негова...

Македонија2 часа

„Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија, која е стратешки интерес на државата“, велат од партијата Левица

„Министерот Таравари продолжува да ја крие сопствената одговорност позади некаква стручна комисија, која треба да утврди дали имало пропусти од...

Македонија2 часа

Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор, без доволно докази, прашуваат од ДУИ по трагедијата во Кочани

Демократската Унија за Интеграција со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој...

Свет4 часа

Мелони денеска кај Трамп: Ова е можеби единствената шанса на ЕУ

Во текот на денешниот состанок во Вашингтон, италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе се обиде да го спречи американскиот претседател Доналд...

Македонија4 часа

Привремена измена на сообраќајот на автопатот А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до...

Европа5 часа

Русите го нападнаа Днепар со дронови: двајца загинати, меѓу повредените и деца

Русија синоќа изврши масовен напад со дрон врз градот Днепар во југоисточна Украина, при што загинаа две лица. Серхиј Лисак,...

Свет5 часа

Израел: Ќе ги задржиме безбедносните зони во Газа и по војната

Израелскиот министер за одбрана изјави дека и по завршувањето на војната армијата ќе остане во таканаречените „безбедносни зони“ кои беа...

Македонија17 часа

Таравари тајно преговарал со Ахмети, Меџити вели дека не го исклучиле од коалицијата туку тој се самоисклучил

Не е веќе тајна бидејќи коалицијата „Вреди“ одамна забележа дека постојат преговори меѓу Таравари и Ахмети со вмешаност на одредени...

Македонија20 часа

Се’ уште се прибираат докази во изгорениот „Пулс“, се вештачат телефони и лаптопи

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок...

Економија22 часа

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што...

Македонија23 часа

„Влен“ денес на средба ќе ја разгледа одлуката на Таравари да настапи на изборите со свои кандидати за советници

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“ по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата...

Македонија23 часа

Десет полицајци под истрага за несреќата во Кочани

Десет полицајци од Штип и од Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Според Обвинителството, тие се...

Македонија1 ден

(Видео) Спречен обид за шверц на 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари....

Македонија1 ден

Одложено рочиштето за убиството на Вања

Рочиштето за убиството на Вања, на кое обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо требаше да даде исказ, е одложено. Судењето е одложено поради...

Топ1 ден

Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Доцна синоќа во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полицијата го приведе 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение...

Македонија1 ден

Алијансата за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници....

Свет1 ден

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор по напуштањето на напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,...

Европа1 ден

Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски...