Контакт

Филм

‘Големата убавина' на Сорентино најдобар европски филм во 2013-та

Објавено пред

Наградата EFA за најдобар европски филм, европски пандан на американскиот Оскар, на свеченото доделување во саботата навечер во Берлин ѝ беше доделена на италијанско-француската црна комедија „Големата убавина“ на режисерот Паоло Сорентино, а најдобри актер и актерки се Италијанецот Тони Сервило и Белгијката Веерле Баетенс.

dobivaj vesti na viber

Филмот „Големата убавина“ во кој Соренто ја поставува вртоглавата морална безживотност на неговите протагонисти наспроти безвременската и индиферентна убавина на Рим преку лето, на режисерот му го донесе на и признанието за најдобар европски режисер, наградата за најдобар актер на стариот континент за Тони Сервило, а на Кристиано Траваљоли за најдобра монтажа.

Наградата за најдобра актерка, пак, ѝ припадна на фламанската глумица Веерле Баетенс за ролјата во филмот „Крахот на скршениот круг“ на Феликс ван Гронинген.

Според мислењето на жирито, во кое беа финскиот режисер Туомас Кантелонен, режисерот и продуцент од Италија Франческо Раниери Мартиноти, организаторот на меѓународниот филмски фестивал во Карлови вари, Карел Оч, шпанскиот продуцент Сомон де Сантјаго Ареизага, францускиот новински уредник Ерве Шнеид, шведскиот филмски работник Марек Септимус Вјесер и режисерката од БиХ Јасмила Жбанич, најдоброто европско сценарио го напишал Франсоа Озон за филмот што го режираше „Во домот“.

Француската актерска дива Кетрин Денев ја доби наградата на Европската академија за животно дело, додека наградата за придонес на европскиот филм кон светската кинематографија му е доделена на шпанскиот режисер Педро Аломовар. Наградата за најдобра филмска музика му припадна на легендарниот Енио Мориконе за музиката во филмот „Најдобрата понуда“ на Џузепе Торнаторе.

Најдобра филмска комедија е „Љубовта е сѐ што ти треба“, на данската режисерка Сузан Биер. Најголемото откритие на годината во европската кинематографија, според жирито, е филмот „О Бој“ на Жан Оле Герстер, додека за најдобра костимографија е прогласена онаа на Пако Делгадо за шпанската црно-бела верзија на Снежана – „Blancanieves“ во режија на Пабло Берхер, Сара Гринвуд ја доби наградата за продукција во „Ана Каренина“, а продуцентката Ада Соломон е наградена за најдобрата европска копроукција. Наградата, пак, што ја доделуваат гледачите е доделена на француско-португалската копродукција „Златен кафез“,на режисерот Рубен Алвеш.

Свеченоста на доделувањето на 26-ти европски филмски награди во „Haus der Berliner Festspiele“, присуствуваа многу филмски работници, членовите на Европската филмска академија, како и двесте гости меѓу кои номинирани филмаџии и добитниците на наградите, како и членовите на жирито, а беше пренесувана во директен телевизиски пренос во 17 европски земји и преки интернет./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почнува 24. „Синедејс“ со репертоар од над 50 европски остварувања

Објавено пред

Со слоганот „Се гледаме од другата страна“ од 3 до 10 декември се одржува 24. „Синедејс“ – Фестивал на европски филм.

dobivaj vesti na viber

Осумте селекции, повеќе од 60 филма, кои ја одбележаа тековната европската филмска година и врвната работилница „Маркетинг на филм“ се фактографски белег на годинешниот „Синедејс“.

„Оваа година публика не ја водиме на филмско патување, туку ја водиме низ премин. Типично за Дејвид Линч, кому му го посветуваме ова издание, надреално, сонувачки, убаво и контрастно. Тој премин и покрај сѐ е богат со најновите и најнаградувани филмови. Свесни сме дека земја како Македонија, со мал продукциски импакт, филмот се докажа како најголем амбасадор и за да може да виреат такви креативци, но и на таквата префинета публика должни сме да ѝ го дадеме најдоброто што знаеме да го правиме, а тоа е фестивал, пред сé“, вели Маргарита Арсова, програмски координатор на „Синедејс“.

Два филма се на почетокот на фестивалот – „Тоа беше само несреќа“ во режија на Џафар Панахи, добитник на наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал и „Човек лавина“ на Слободанка Рудин, филм за еден од најдобрите музичари и тапанари во поранешна Југославија, Драгољуб Ѓуриќиќ.

„Ова издание на ‘Синедејс’ ги носи и ‘Тајниот агент’ на Мендонса Фило, ‘Домот на младата мајка’ на браќата Дарден, и двата номинирани за ‘Златна палма’, ‘Татко мајка сестра брат’ на Џим Џармуш, кој е добитник на наградата ‘Златен лав’ во Венеција и досега не е прикажан во кината во Европа, потоа филмови во кои македонските филмски екипи се копродуценти, како ‘Оче наш’ на Горан Станковиќ, ‘Ера’ на Парта Келменди, ‘Павиљон’ на Дино Мустафиќ… А ќе гледаме и филмови на Сорентино, Парк Чан-Вок. Особено сме благодарни што годинава и ‘Македокс’ ни се придружува со своја селекција, победници од нивниот фестивал. Многу гости, музика и филмски завршок на годинава за МКЦ“, дополнува Арсова.

Селектор на програмата на 24. „Синедејс“ е Бернд Будер и годинава ќе ги гледаме филмовите структурирани во повеќе селекции: официјална селекција, гала-програма, МК во ЕУ, МК-премиери на кратки филмови, музички документарци, СЕЕ-програма, селекција на Дејвид Линч и „Македокс“.

Жири-комисијата во состав: Сара Климовска – актерка, Северна Македонија, Арсен Оремовиќ – режисер, Хрватска, и Алеш Павлин – режисер. Словенија ќе одлучува за филмовите во официјална конкуренција, а Ана Опачиќ – режисерка, Хрватска, Фатос Бериша – режисер, Албанија, и Јасмина Карајловиќ – продуцентка, Црна Гора, за филмовите во СЕЕ-програмата.

На 4 и 5 декември во клубот МКЦ, во рамките на вечерите „Синемјузик“ имаме специјална селекција од десетина млади европски бендови, поддржани од програмата „Лајвјуроп“. Влезот за концертите е бесплатен.

Фестивалот ќе се случува во просториите на МКЦ, во киното „Фросина“ и во Дансинг-салата „25 мај“.

Билетите за годишното издание на „Синедејс“ ќе бидат по цена од 200 денари за сите филмови, а може да се купат онлајн, преку bileti.mkc.mk (препорачуваме онлајн-продажба), како и на самиот влез на МКЦ.

Фестивалот во најголем дел е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ. Други финансиски покровители се Град Скопје, Делегацијата на ЕУ преку програмата за поддршка на европските филмски фестивали, како и мрежата „Лајвјуроп“.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Објавен првиот трејлер за контроверзниот биографски филм за Мајкл Џексон

Објавено пред

По бројните извештаи за проблематичната продукција, студиото „Лајонсгејт“ го објави првиот трејлер за биографскиот филм „Мајкл“, кој го режира Антоан Фукуа и го следи животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон.

dobivaj vesti na viber

Трејлерот започнува со сцена во студио каде Џексон снима со Квинси Џонс (го игра Кендрик Семпсон), кој вели:

„Знам дека долго го чекавте ова. Песните се снимени, подготвени се. Да почнеме од почеток.“

Следуваат кадри од детството на Џексон, неговите легендарни настапи и видеа, меѓу кои и „Трилер“, додека во позадина свири хитот „Вана би стартин самтинг’“ од 1982 година.

Филмот го прикажува патот на Џексон од детска ѕвезда до светска икона, со „интимен поглед во животот и наследството на еден од највлијателните уметници на сите времиња“, стои во синопсисот.

Снимањето завршило во мај 2024 година, но поради дополнителни снимања во јуни, премиерата беше одложена за 24 април 2026 година.

Иако се шпекулираше дека проектот ќе биде поделен на два дела, трејлерот покажува дека сепак станува збор за еден филм.

Режисер е Антоан Фукуа, познат по акциските хитови „Training Day“, „The Equalizer“ и „Olympus Has Fallen“. Сценариото го напиша Џон Логан, автор на „Gladiator“, „The Aviator“ и „Hugo“.

Главната улога ја толкува Џафар Џексон, вистинскиот внук на Мајкл Џексон.

Продуцентот Греам Кинг изјави дека филмот ќе го прикаже Џексон со човечка страна, без да се „исчисти“ неговата биографија:

„Мајкл имаше сложен живот. Сакам да ја прикажам највозбудливата и најнепристрасна приказна што можам, а публиката сама нека одлучи како ќе се чувствува по филмот.“

Контроверзии повторно се појавија поради обвинувањата за сексуално злоупотребување на деца, кои беа обновени во документарецот „Leaving Neverland“ (2019) на Ден Рид.

Рид изјави дека сценариото за „Michael“ било „изненадувачки неискрено“ бидејќи, според него, ги игнорирало обвиненијата и тужителите.

Филмот ќе добие ново финале, бидејќи режисерот Фукуа мора повторно да сними делови поврзани со контроверзните обвинувања за злоупотреба на деца.

Како што пренесува „Анадолија“, првичната верзија на филмот прикажувала Џексон како се грижи за болни деца, што предизвикало реакции и притисок врз продукцијата да направи измени.

Прикажи повеќе...

Култура

Холивуд се збогува со Редфорд: „Замина еден гениј“

Објавено пред

Веста за смртта на Роберт Редфорд го потресе филмскиот свет. Холивудската икона и основач на филмскиот фестивал Санденс почина денес, а бројни реакции од колеги и соработници продолжуваат да пристигнуваат.

dobivaj vesti na viber

Актерката Марли Матлин ја истакна неговата клучна улога во независниот филм. „Нашиот филм, CODA, го привлече вниманието на сите поради Sundance. А Sundance се случи поради Роберт Редфорд. Почина еден гениј“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.

Film at Lincoln Center, исто така, му оддаде почит на легендата, нарекувајќи го „вистинска икона на големото платно, неуморен застапник на филмските режисери во подем“.

Новинарот Пирс Морган се потсети на некои од неговите најпознати улоги. „Почивај во мир Роберт Редфорд, 89. Една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња. Вистинска холивудска легенда која глумеше во толку многу од моите омилени филмови: Butch Cassidy and the Sundance Kid, The Sting, The Way We Were, All The President’s Men. Каква кариера, каков актер, каква тажна загуба“, рече тој.

Писателот Стивен Кинг го нагласи неговото влијание врз филмската индустрија: „Роберт Редфорд почина. Тој беше дел од новиот и возбудлив Холивуд од 70-тите и 80-тите години. Тешко е да се поверува дека имаше 89 години.“

Маријана Вилијамсон се осврна на неговите пошироки општествени придонеси. „Малкумина во својот живот направиле повеќе за да придонесат за американското општество од Роберт Редфорд. Во области од филмот до екологијата и политиката, тој ја користеше својата огромна моќ за да помогне во создавањето подобар свет“, напиша таа.

Бројни други познати личности, вклучувајќи ја и Роузи О’Донел, му оддадоа почит на социјалните медиуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија1 час

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави...

Свет3 часа

Католиците ширум светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет3 часа

Трката по суперинтелигенција: Технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на Гардијан, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет3 часа

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија4 часа

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија15 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија15 часа

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија17 часа

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија19 часа

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија21 час

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија21 час

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...

Македонија22 часа

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова...

Македонија23 часа

(Видео) „100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја“, прашува Димитријевиќ

„Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема...

Македонија23 часа

Вонредни екипи ќе ги читаат броилата за време на празниците и викендите

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на тримесечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000...

Македонија23 часа

Нов дефокус, сега Бугарите се криви за покачувањето на струјата, велат од СДСМ

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега за...

Македонија1 ден

Андреј Жерновски, симбол на неуспех и директен учесник во скандали и предавство на националните интереси, не е и не може да биде нов лик на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа...

Македонија1 ден

„Една од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ‘ЕСМ снабдување со топлина’, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји...

Македонија1 ден

Додека граѓаните плаќаат најскапа струја, власта се правда дека покачувањето е минимално, велат од партијата Левица 

„Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија...

Македонија1 ден

„Две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство“, велат од „Влен“

„Вчера, на седницата на Владата, беа донесени две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната...