Контакт

Филм

'Брзи и бесни 7' во кината во 2015-та

Објавено пред

Седмото продолжение од акциониот серијал „Брзи и бесни“, чијашто продукција беше одложена поради трагичното загинување на актерот Пол Вокер, ќе биде дистрибуиран на кино пазарот во април 2015 година, објави главната ѕвезда Вин Дизел.

dobivaj vesti na viber

Дизел ја објави пораката на својата Facebook страница – „Брзи и бесни 7“ ќе биде објавен на 10-ти април 2015-та!“ и додаде декa „Тој би сакал вие тоа први да го знаете“, пренесе Reuters, очигледно алудирајќи на колегата Пол Вокер кој пред три седмици загина во страшната сообраќајна несреќа во Санта Кларита во сојузната држава Калифорнија.

Филмот е седми во хит серијалот за жестоките автомобилски улични трки и брканици чијашто дистрибуција првично требаше да биде 11-ти јули 2014 година. Во моментот на загинувањето на Вокер снимањето беше во тек, а студиото „Studio Universal“ објавил дека привремено ја стопира продукцијата на филмот за да го измени сценариото и планот на снимањето.

Пред десетина дена, The Daily Mail повикувајќи се на извор близок на екипат ана филмот, објави дека продуцентите се во потрага по некој кој ќе лизи на Пол Вокер за да бидат доснимени некои сцени, и притоа како можна варијанта се споменуваше ангажирањето на неговиот помлад 25-годишен брат Коди Вокер. Меѓутоа засега нема потврда за оваа информација.

Четириесетгодишниот Пол Вокер беше совозач во несреќата што се случи во Санта Кларита во Калифорнија, педесетина километри северозападно од Лос Анџелес, а според извештајот на судската медицина починал како последица од комбинација на бројни скршеници и тешки изгореници од пламенот што избувнал по несреќата. Возачот на возилото „Porsche Carrerа GT“, Роџер Родас, исто така, почина од повеќекратни травматски повреди.

Серијалот филмови „Брези и бесни“ досега на кино касите заработи повеќе од две милијарди американски долари./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Холивуд се збогува со Редфорд: „Замина еден гениј“

Објавено пред

Веста за смртта на Роберт Редфорд го потресе филмскиот свет. Холивудската икона и основач на филмскиот фестивал Санденс почина денес, а бројни реакции од колеги и соработници продолжуваат да пристигнуваат.

dobivaj vesti na viber

Актерката Марли Матлин ја истакна неговата клучна улога во независниот филм. „Нашиот филм, CODA, го привлече вниманието на сите поради Sundance. А Sundance се случи поради Роберт Редфорд. Почина еден гениј“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.

Film at Lincoln Center, исто така, му оддаде почит на легендата, нарекувајќи го „вистинска икона на големото платно, неуморен застапник на филмските режисери во подем“.

Новинарот Пирс Морган се потсети на некои од неговите најпознати улоги. „Почивај во мир Роберт Редфорд, 89. Една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња. Вистинска холивудска легенда која глумеше во толку многу од моите омилени филмови: Butch Cassidy and the Sundance Kid, The Sting, The Way We Were, All The President’s Men. Каква кариера, каков актер, каква тажна загуба“, рече тој.

Писателот Стивен Кинг го нагласи неговото влијание врз филмската индустрија: „Роберт Редфорд почина. Тој беше дел од новиот и возбудлив Холивуд од 70-тите и 80-тите години. Тешко е да се поверува дека имаше 89 години.“

Маријана Вилијамсон се осврна на неговите пошироки општествени придонеси. „Малкумина во својот живот направиле повеќе за да придонесат за американското општество од Роберт Редфорд. Во области од филмот до екологијата и политиката, тој ја користеше својата огромна моќ за да помогне во создавањето подобар свет“, напиша таа.

Бројни други познати личности, вклучувајќи ја и Роузи О’Донел, му оддадоа почит на социјалните медиуми.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина Роберт Редфорд

Објавено пред

Почина актерот и режисер Роберт Редфорд. Имаше 89 години.

dobivaj vesti na viber

Редфорд, кој е најпознат по своите улоги во класици како што се „Butch Cassidy and the Sundance Kid“ и „President’s Men“ и кој ја оживеа американската независна кинематографија како член-основач на Филмскиот фестивал Санденс, почина во вторник наутро во својот дом во Јута.

Синди Бергер, извршен директор на фирмата за односи со јавноста „Rogers & Cowan PMK“, ја сподели веста во изјава за „Њујорк тајмс“. Таа рече дека Редфорд починал во сон, но не наведе конкретна причина.

Роберт Редфорд, роден како Чарлс Роберт Редфорд помладиот на 18 август 1936 година, во Санта Моника, Калифорнија, беше еден од најважните и најразновидните американски филмски уметници од втората половина на 20 век. Тој беше познат како актер, режисер, продуцент и основач на филмскиот фестивал Санденс, а неговата кариера траеше повеќе од шест децении.

Пораснал во семејство од средната класа – неговиот татко Чарлс бил сметководител, а неговата мајка Марта починала кога Роберт имал 18 години, што оставило длабок белег врз него. Како млад човек, бил склонен кон бељи и често запаѓал во неволји, но откако добил стипендија за студирање уметност на Универзитетот во Колорадо, почнал посериозно да размислува за својата иднина. Се откажал, патувал низ Европа и живеел некое време како млад уметник во Париз и Фиренца. По враќањето во Соединетите Држави, се запишал на часови по глума на Американската академија за драмски уметности во Њујорк, што го означило почетокот на неговата актерска кариера.

Најпрво, Редфорд се појавуваше на телевизија и во театарски претстави, а привлече пошироко внимание со својата улога во бродвејската претстава Sunday in New York. Својот прв значаен филмски успех го постигна со улога во комедијата Barefoot in the Park (1967) со Џејн Фонда, а светска слава стекна со вестернот Butch Cassidy and the Sundance Kid (1969), во кој глумеше заедно со Пол Њуман. Филмот стана култен класик и му ги отвори вратите кон светот на најголемите холивудски продукции.

Нивниот втор заеднички филм, криминалистичкиот трилер The Sting (1973), му донесе номинација за Оскар и го потврди неговиот статус на ѕвезда.

Врв на кариерата
1970-тите и 1980-тите беа врвот на неговата актерска кариера. Редфорд глумеше во филмови како што се The Candidate (1972), All the President’s Men (1976), кој следеше по скандалот Вотергејт, и Out of Africa (1985) со Мерил Стрип, кој ја освои наградата Оскар за најдобар филм.

Покрај глумата, тој почнал и да режира – неговото режисерско деби Ordinary People (1980) му донесе Оскар за најдобар режисер и го потврди како автор со одлично разбирање на човечката психологија и сложените семејни односи.

Покрај неговата филмска работа, Редфорд беше познат по своите придонеси во независното кино. Тој го основа Институтот Санденс и го лансираше Филмскиот фестивал Санденс, кој стана најважната платформа за млади и независни филмски режисери во Соединетите Американски Држави. Неговиот активизам се прошири и на областите на екологијата и човековите права – со години се залагаше за зачувување на животната средина и поддржуваше прогресивни социјални иницијативи.

Својот приватен живот го држеше што подалеку од јавноста. Беше во брак со Лола Ван Вагенен од 1958 до 1985 година и имаа четири деца, иако изгубија едно дете на рана возраст. Во 2009 година, се ожени со Сибил Сагарс, германска уметница.

Се смета за еден од последните големи актери од „златната ера“ на Холивуд, кој успеа да ги комбинира комерцијалниот успех и уметничкиот интегритет, оставајќи зад себе неизбришлив белег како актер, режисер и културен визионер.

Прикажи повеќе...

Култура

„Галичник филм фестивал“ од 1 до 3 август

Објавено пред

Галичник Филм Фестивал го најавува своето шесто издание, кое ова лето ќе донесе 35 внимателно одбрани филмови од целиот свет во – Галичник.

dobivaj vesti na viber

Од 1 до 3 август, во срцето на планината Бистра, фестивалот ќе биде место на среќавање за автори и публика, за смели идеи и длабоки емоции, за традиција и современост. Оваа година, програмата ќе понуди филмови што го преиспитуваат светот, што допираат длабоко, што зборуваат гласно – и тивко.

„Галичник не е само локација – тоа е став, историја и инспирација што се прелива на големо платно,“ вели директорката на фестивалот, Јана Пауноска. „Горди сме што токму тука ги прикажуваме овие 35 филмови – на место каде што секој камен има приказна, а секој залез изгледа како последен кадар.“

Се додава дека фестивалот годинава се случува без поддршка од Агенција на филм, но со огромна верба – во филмот, во местото, и во луѓето што не се откажуваат.

Целосната програма е објавена на: [www.galichnikfilmfestival.com]

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал

31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата. Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник...

Свет1 час

Полицијата ги објави првите детали за напаѓачите од возот во Англија

Две лица сè уште се борат за живот по масовниот напад со нож во воз помеѓу Донкастер и Лондон вчера...

Македонија2 часа

До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај

Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти. Според информациите на Државната изборна комисија, највисока...

Македонија3 часа

Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена

Денеска нема да се одржи гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволна излезеност во...

Свет5 часа

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи...

Свет5 часа

Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во...

Македонија6 часа

Отворени гласачките места, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и Град Скопје

Денеска во земјава се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во...

Спорт19 часа

Ракометарите го загубија вториот контролен меч против Јапонија

Ракометната репрезентација на Македонија, во рамките на ЕХФ неделата, одигра два натпревари со Јапонија. Првиот го доби, тој се играше...

Регион19 часа

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“

Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании,...

Македонија24 часа

Матичарка и службеници ѝ „подариле“ втор идентитет на кумановка, завршија со пријава

Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против четири лица — В.Б. (56), Н.З. (41), Х.Е. (53) и В.П. (67) —...

Топ24 часа

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Забава1 ден

Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес

Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на...

Македонија1 ден

(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес. Цеца...

Македонија1 ден

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор. Од она што...

Македонија1 ден

Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело...

Регион1 ден

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании. Забраната, која ја усвои...

Свет1 ден

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...

Свет1 ден

Зеленски: Русија распореди 170.000 војници во Доњецк, тешки борби околу Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува...

Свет2 дена

Орбан: Европа се движи кон војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остри обвинувања против европските лидери во интервју за радио Кошут, тврдејќи дека „Европа сака војна“...

Македонија2 дена

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131...