Контакт

Филм

Целосната ‘Нимфоманка' на Вон Трир премиерно на Берлинале

Објавено пред

Целосната верзија на делот на провокативниот нов филм на данскиот режисер Ларс Вон Трир „Нимфоманка“ својата светска премиер ќе ја има на меѓународниот филмски фестивал во Берлин во февруари.

„Публиката на Берлинале прва ќе ја има можноста да ја види целосната верзија на првиот дел на ‘Нимфоманка’, изјави директорот на фестивалот Дитер Кослик, истакнувајќи дека во него Ларс Вон Трир развил „импресивна и радикална естетика“.

Новиот филм на Вон Трир, кој вкупно трае пет ипол часа, веќе предизвика мнои контроверзии поради изразено сексуалните експлицитни сцени, па во медиумите ги доби епитетите „филмско порно“, „сексуална сага“ и „порно драма“.

За да воопшто обезбеди дистрибуирање на својот нов филм, Вон Трир мораше да се согласи на скусување, па така верзијата за кино-дистрибуцијата е малку пократка и трае „само“ четири ипол часа поделена во два дека и, исто така, е помалку експлицитна и провокативна од подолгата варијанта.

„Тоа беше и единствениот начин воопшто и да го направиме, за да може пошироката публика да добие можност да ја види“, појасни продуцентката Луис Вест, според која и двете верзии се сосема соодветни за јавни прикажувања.

Во филмот актерката Шарлот Гинсбург толкува лик на зависничка од секс којашто ги прераскажува своите животни сексуални искуства со љубовниците и љубовничките кои, меѓу другите, ги толкуваат Џејми Бел и Шиа Лебеф.

Во филмот се појавуваат им многу други меѓународни актерски ѕвезди, како Стелан Скарсгард, Кристиан Слејтер, Ума Турман, Вилем Дефо, Жан-Марк Бар, Удо Киер и други.

На Берлиналето „Нимфоманка“ ќе биде прикажан вон конкуренција. Две покуси верзии беа премиерно прикажани во Данска на Божик, по што започна нивната дистрибуција низ Европа и во светот./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Фестивалот „Карлови Вари“ го селектира македонскиот филм „Снежана на крајот умира“

Објавено пред

Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“, кој е во постпродукција, е еден од осумте селектирани филмови во Work in progress-програмата во рамките на индустриската селекција на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари, која ќе се одржи од денес до 10 јули.

Голема е честа, но и одговорноста проектот да биде претставен пред кремот на европската филмска индустрија, на фестивал од А-категорија, велат од продукцијата

Приказната по сценарио на Кристијан Ристовски раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува мајка на Боби, 20-годишен „џанки“. Маја е волк самотник, не комуницира очи во очи со луѓе, а Игор е риба надвор од вода, има Аспергер-синдром. Иако е би требало да имаат можност да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детството, маалска екипа која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизација на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи…

Филмот е во продукција на Вертиго Висуал, сценарист и режисер е Кристијан Ристески, продуцент Дарко Попов, а главните улоги ги играат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Култура

Ремек-делата на композиторот Eнио Мориконе

Објавено пред

Светот жали по веста за смртта на музичкиот гениј, италијанскиот композитор Енио Мориконе, кој почина во 91. година од животот.

Во својата кариера тој има напишано музика за повеќе од 500 филма, а исто така има добиено и „Оскар“.

Меѓу неговите најпознати дела се темите за филмовите: „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш во Америка“,„Малена“, „Недопирливите“, „За грст долари“, „Осумтемина омразени“, „Професионалец“, „Киното Парадисо“ и многу други.

Да се потсетиме на ремек-делата на големиот маестро.

Прикажи повеќе...

Култура

Прва грчко-македонско филмска копродукција поддржана од европскиот фонд „Еуримаж“

Објавено пред

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – „Еуримаж“ ја поддржа и првата грчко-македонска филмска копродукција „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks) во режија на младата грчка режисерка Асимина Проедроу.

Татјана Ќурчинска-Пепељугоска, национален претставник на Република Северна Македонија во „Еуримаж“, која редовно учествува во работата на Фондот, учествуваше на последната сесија на европскиот филмски фонд „Еуримаж“, чиј календарски термин беше 22-27 јуни 2020 година, а на која се евалуираа 56 копродукциски филмски проекти, од кои само 26 добија финансиска поддршка од Фондот.

Еден од проектите што ја доби поддршката е и „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), копродукција меѓу Грција и Германија, каде што како копродуцент заедно со носителот од грчката страна е и македонската продуцентска куќа „Сектор филм“ од Скопје. Ова е прв филмски проект меѓу продуцентите од Грција и Северна Македонија во соработка со Германија, кој доби финансиска поддршка од „Еуримаж“.

„Од финансиски аспект, копродукцијата не е потврдена од македонската страна бидејќи Агенцијата за филм на РСМ сѐ уште не ги објавила резултатите од јануарскиот конкурс за 2020 година. И покрај тоа, овој проект беше поддржан од претставниците на сите држави членки на ‘Еуримаж’“, изјави националниот претставник на Република Северна Македонија во „Еуримаж“, Татјана Ќурчинска-Пепељугоска.

На претходната мартовска сесија „Еуримаж“ додели грант на македонскиот проект „Преекспонирано“, во режија на Елеонора Венинова, копродукција меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Се очекува македонските продуценти и филмски работници да станат поприсутни во европските копродукции кога на 1.10.2020 година ќе стапи во сила ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција поради многуте олеснувања што таа ги пропишува. Со оваа Конвенција македонските филмски работници ќе може да учествуваат со најмалку 5 проценти во меѓународните мултилателарни филмски копродукциии и со 10 отсто во билатералните копродукции наместо како што беше досегашна пракса, да учествуваат со најмалку 10, односно 20 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет21 минута

Коронавирусот може да се пренесе преку воздух, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија11 час

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија11 час

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет12 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион14 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија16 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија18 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија18 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија19 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион19 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија19 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион22 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ22 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура22 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија22 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион2 дена

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион2 дена

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава2 дена

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Досие