Филм
Булајиќ: „Скопје`63“ го правевме со многу љубов и ентузијазам
Режисерот Вељко Булајиќ, авторот на документарниот филм „Скопје `63“, што ќе биде проектиран во сабота вечер во 21 часот, во Музејот на град Скопје, во рамки на одбележувањето на 51 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје, што се случи далечната 1963 година, се наоѓа во посета на Скопје. За филмот ќе каже дека го работел со многу љубов и ентузијазам и дека го снимал пет месеци.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски се сретна режисерот Вељко Булајиќ, авторот на документарниот филм„Скопје `63“.
„Преку вашиот филм во Светот се пренесе видео сведоштвото за еден град којшто веќе го немаше, но вие и вашето филмско дело бевте нашите амбасадори коишто го пренесоа скопскиот крик за помош секаде низ Европа и светот. Можам само да ја изразам мојата благодарност што ни овозможивте ние денес да живееме во едно ново Скопје, кое од ден на ден ја испишува новата историја и на архитекторнски и на културен план, му порача на Булајиќ“, градоначалникот Трајановски.
Осумдесет и шест годишниот режисер истакна дека со тогашниот градоначалник на Скопје, Благој Попов се чуле преку воен телефонски линк, кога му биле соопштени лошите вести.
„Тогашниот градоначалник на Скопје, Благој Попов ме побара и посака да дојдам во вашиот град барем на пет дена и да ја снимам катастрофата што го срамни со темел Скопје. Јас дојдов и снимав пет дена, но тогаш сватив дека тоа ќе го направат и сите други репортери и одлучив со целата моја екипа да останам уште пет месеци и да го направам тој филм. Уште ми се живи сликите на единството на народот и неговата желба да го кренат од пепел овој град. Се надевам дека со мојот филм барем малку му помогнав на Скопје и мислам дека и денеска кога ќе се проектира „Скопје `63“ буди сеќавања за една катастрофа од невидени размери. Кога филмот доби златен лав во Венеција, ми пријде еден бизнисмен од Македонија и за скромни пари ни ги побара правата да го дистрибуира во Америка и ние се сложивме. По прикажувањето во Америка и секаде во Светот стигна уште еден бран помош од земјите каде што беше прикажан филмот. „Скопје`63“ го правевме со многу љубов и ентузијазам, зашто дур го снимавме не движеше силата на народот, но и на странците кои несебично помагаа, тука во Скопје можеше да се види како се дружат руските војници со оние од Америка, помагајќи му воедно на македонскиот народ, тоа се незаборавни моменти во мојот живот, но и дел од мојот професионален опус“, рече Булајиќ.
Режисерот Булајиќ, рече дека Скопје денес изгледа фантастично, по земјотресот во Скопје бил само еднаш пред шест седум години и еве сега повторно.
Утрото на 26 јули 1963 година режисерот Вељко Булајиќ се наоѓал на Филмскиот фестивал во Пула, кога ја примил веста за земјотресот и ја добил поканата од Благој Попов, да биде снимен филм за катастрофалниот земјотрес во Скопје. Вељко Булајиќ заедно со филмска екипа од „Јадран филм“ дошол во Скопје третиот ден по несреќата и започнал да го снима филмот. Токму поради овој факт, првите девет минути во филмот користитен е веќе снимен материјал од други сниматели.
Филмот бил прикажан насекаде во светот, после 1964 година, чијашто проекција придонела да се добијат дополнителни донации за обнова и изградба на Скопје. Меѓу последните кадри на филмот се појавува и тогашната млада пејачка Есма Реџепова како пее во центарот на Скопје.
Филмот претставува автентичен документ за Скопската катастрофа и раѓањето на еден град, но заради својата исклучителна уметничка вредност, исто така, филмот има освоено бројни награди на филсмките фестивали.
На средбата присуствуваа Зоја Богдановска, виш кустос историчар, автор на изложбата што ќе биде отворена вечер во 20:30 часот, во МГС, насловена како „Скопје 63 – филмска хроника на едно време“ и министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска којашто му се заблагодари на режисерот Булајиќ за неговата улога во спасувањето на Скопје и помошта за скопјани да си го вратат животот. Екипата од МРТВ, ќе сними документарна емисија за режисерот Вељко Булајиќ и за неговиот престој во Скопје, 50 години по премиерата на филмот.
Вељко Булајиќ е роден на 23 март 1928 година во Вилуси, Никшиќ, Црна Гора, но последните 40 години години живее и работи во Загреб, Република Хрватска. Во својот долг животен опус као режисер постигнува успех со многу филмски остварувања од тогашната филмска сцена, меѓу кои се: документарниот филм за катастрофалниот земјотрес во Скопје „Скопје 63“, филмовите Неретва (1969), Козара(1962), Атентат во Сараево ( 1975) и други. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм
Седумдесет и деветото доделување на наградите БАФТА се одржа синоќа во Лондон. За најдобар филм беше прогласен „Една битка по друга“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој ја освои и наградата за најдобар режисер.
Иако наградите БАФТА за најдобар филм и најдобар режисер обично се делат помеѓу два одлични филма, овој пат обете награди ѝ припаднаа на акционата црна комедија.
Британецот Роберт Арамајо беше прогласен за најдобар актер за неговата улога во филмот „Се колнам“.
Во категоријата за најдобар актер беа номинирани и Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Грешници“ и Леонардо Дикаприо за „Една битка по друга“.
Како што се очекуваше и заслужено, Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“ во режија на Клое Жао.
Наградата БАФТА за најдобар спореден глумец му припадна на Шон Пен за неговата улога во „Една битка по друга“, додека наградата за најдобра споредна глумец ѝ припадна на Вунми Мосаку за нејзината улога во „Грешници“.
Најистакнат британски филм е „Хамнет“, додека наградата за најдобро сценарио му припадна на Рајан Куглер за филмот „Грешници“.
Најдобар филм прикажан на друг јазик е „Сентиментална вредност“, најдобар документарец е „Господин Никој против Путин“, додека „Зотрополис 2“ е најдобар анимиран филм.
Водител на 79-тото доделување на наградите БАФТА беше шкотскиот актер, водител и режисер Алан Каминг.
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

