Култура
Дневникот на машиновозачот на Милош Радовиќ – топлокрвна драма за судбината на малиот човек
Филмот „Дневникот на машиновозачот“ е трет игран филм на Радовиќ после претходните остварувања (Малиот свет 2003, Пад во рајот 2004). Филмот е заснован на бизарен податок за голем број луѓе на кои машиновозачите им ги скратуваат животите, без своја вина. Во филмот кој жанровски се определува како топла мелодрама со примеси на црн хумор, се зборува за еден т.н. „невин убиец“ кој на својата совест има повеќе од триесет убиства, ненамерни газења . Идејата за човекот кој е принуден да ги убива другите, и притоа ги посетува нивните гробови, им носи цвеќе , создава јак потенцијал на целиот филм, режисерот се поигрува со апсурдот.
Приказната го следи Илија (Лазар Ристовски), човекот кој целиот свој живот работи како машиновозач, а живее во адаптиран стар вагон, каде заедно со своите бивши колеги железничари ги живеат своите скромни егзистенции.
Неговата судбина се вкрстува со судбината на детето Симо (Павле Ериќ, Петар Кораќ), дете кое родителите го напуштиле и го оставиле во кутија за банани пред домот за сирачиња. Нивната средба е еден од оние моменти кога машиновозачот успева да закочи, и нивните судбини на изопштени, отфрлени од општеството се спојуваат. Илија го посвојува Симо и тие еден на друг имаат терапевтско дејство.
Симо тргнува по стапките на Илија , сака да стане машиновозач. Симо има проблеми со растењето, созревањето и неговото прво газење е всушност иницијација во светот на возрасните. Гротескна е сцената кога таткото Илија легнува на шините за синот да го прегази својот и со тоа да го „скрши мразот„.Хуморот на Радовиќ –е црн , шокантно е за гледачите газењето на луѓето , кое на машиновозачите им е дел од работата, и на тие иронични реплики и ситуации почива филмот.На планот на раскажувачката структура има и некои необработени приказни,како приказната за бившата девојка на Илија, Даница(Нина Јанковиќ),која одамна е мртва а Илија ја халуцинира.Во целина гледано,„Дневникот на машиновозачот„ е едно значајно остварување, како на драматуршки,така и на визуелен план.
Сценарио и режија:Милош Радовиќ, – директор на фотографија: Душан Јоксимовиќ, монтажа-Ѓорѓе Марковиќ, сценографија –Аљоша Спајиќ, костимографија-Драгица Лаушевиќ, музика-Мате Матишиќ, улоги:Лазар Ристовски, Петар Кораќ, Мирјана Карановиќ, Нина Јанковиќ, Јасна Ѓуричиќ,Младен Нелевиќ, продукција –Лазар и Петар Ристовски, копродукција:Зилион филм ,Белград, Интер филм, Загреб, со поддршка на филмскиот центар Србија, Покраинскиот секретаријат за култура Војводина, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Еуримаж./крај/мф/св
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Патувања“ – изложба на колажи изработени на работилниците за одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Во објектот Мала станица, на 12 декември, во 12:30 часот, ќе биде отворена изложба на колажи изработени низ работилниците организирани по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Оваа година се работеше на тема – патување. Изложбата ќе биде поставена во наредните десетина дена.
„„Патувања“
Креативен инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Децата размислуваат и сонуваат за патување низ времето како нешто што нема да биде строго поврзано со законите на физиката, туку како нешто магично, како премин од еден во друг портал. Низ нивните креации тие раскажуваат визуелно-емоционални приказни, често во вид на времеплов, низ кои ги истражуваат сите аспекти од времето – минато, сегашно и идно. На овој начин, нивната уметност, не само што нуди приказна за нивното лично доживување на светот, туку и ги поврзува сите луѓе во колективна свест, во едно заедничко универзално искуство. Тие креираат визии за иднината, истражувајќи не само технолошки можности, туку и социјални и морални дилеми. Ја користат својата уметност за да ги предвидат можните резултати на одредени општествени или еколошки трендови.
Учениците работеа во колаж-техника, со интервенција на боја, и на апстрактен или конкретен начин ни го пренесуваат длабокото разбирање на последиците што може да произлезат од одлуките што ги носиме денес.
Проектот „Патувања“ е инклузивен проект во кој заеднички твореа учениците од гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз-Тито“ – паралелка, меѓународна матура, ДСУРЦ „Партенија Зографски“ – училиште за деца со оштетен слух и говор. Ментори на учениците беа студентите од Факултетот за ликовни уметности – Скопје, водени од доц. м-р Велимир Жерновски и студенти од Универзитетот Фонтис од Холандија.
Преку уметноста, тие учеа за сите оние безвременски вредности како што се љубовта, прифаќањето, смислата на постоењето, нешта што не се зависни од времето, а сепак се толку универзални. Можеби тоа се и најважните лекции што секој од нас ќе треба да ги има на своето патување наречено живот“, пишува во најавата за изложбата од Националната галерија.
Едукатор на проектот е Маја Димитрова.
Култура
Со „Оче наш“ и доделувањето награди завршува годинешниот „Синедејс“
Со доделувањето на наградите во Официјалната и СЕЕ селекција се затемнува платното на овогодинешниот Cinedays. По седум интензивни филмски денови публиката имаше можност да погледне повеќе од 50 филмови, но за наградите на фестивалот се натпреваруваат осум во официјална конкуренција и шест во СЕЕ селекцијата.
„Имавме прекрасен фестивал и буквално „Се гледаме од другата страна“ со сите предизвици кои ни следеа во подготвителниот период. Филмската магија не покори и нас како организатори и гостите кои беа бројни и на ова издание. Сега сме во очекување на имињата на добитниците на наградите кои вечер ќе ги соопштат жири комициите во двете конкуренции“ – вели Маргарита Арсова програмски координатор на фестивалот.
По завршувањето на церемонијата на доделување на награди вечерва на репертоар е филмот „Оче наш“ на Горан Станковиќ, во кој македонски копродуценти се Огнен Антов и Стојан Вујичиќ од Dream factory.
„Филмот се бави со едно многу специфично место, место во кое во име на верата и духовноста, насилството се користи како оправдување за помош. Прва работа која ме наведе да размислувам за идеја на овој филм беше снимка од претепување во манастир во Црна Река. Таа снимка се појави во 2009 година, а контрадикторноста на сцената на сурово тепање на човек, со удирање на глава од икона на ѕид сосема ме збуни и вознемири. Од таму тргнав. Се разбира не би сакал да се генерализира на сите заедници кои пружаат духовна поддршка“ – вели режисерот Станковиќ.
Македонската страна на продукцијата во самиот филм ја претставуваат екипата сниматели на звук: Игор Поповски – Нивеа, Дејан Михајловски, Дарко Бошковски, Александар Ристевски и Горан Стаменков и брилијантниот Тони Михајловски:
„Тони е блескав актер со исклучително богата кариера и многу ми беше инспиративно да работам со него“ – дополнува режисерот Станковиќ.
Покрај Михајловски, во филмот играат: Вучиќ Перовиќ, Горан Марковиќ, Дадо Ќосиќ, Лазар Тасиќ, Јасна Жалица, Тони Михајловски, Ненад Хераковиќ …
Филмот ја имаше својата премиера на 50 јубилејно издание на престижниот филсмки фестивал во Торонто, а со него се завтора и вечерашниот Cinedays. По проекцијата, следи диџеј сет на Кунгфулиш, односно Ненад Стефановски од музичкиот состав Фулишгрин.
Култура
Македонскиот филм „Неми филмови“ меѓу најдобрите анимирани кратки дела за 2025 според „Animation Magazine“
Kраткометражен анимиран филм „Неми Филмови“ на режисерот Крсте Господиновски е вклучен во изборот на Animation Magazine за најистакнати анимирани кратки филмови во 2025 година.
Во текстот „Избор на познавачот: Субјективен критички преглед на најдобрите кратки анимирани филмови за 2025 година“, авторот Крис Робинсон – долгогодишен уметнички директор на Меѓународниот фестивал за анимиран филм во Отава – го наведува филмот како едно од најзначајните остварувања во годишниот преглед.
Робинсон го оценува „Неми Филмови“ како дело што се издвојува по визуелниот јазик, атмосферата и авторскиот пристап, особено преку неговата stop-motion естетика и внимателно развиена визуелна нарација. Како влијателна фигура во светот на независната анимација, неговата препорака се смета за важен сигнал за квалитет и релевантност на филмот.

