Контакт

Филм

„До Балчак“ на фестивали ширум Европа

Објавено пред

„До Балчак“, најновото филмско остварување на еминентниот режисер Столе Попов, успешно го продолжува својот фестивалски живот ширум Европа.

dobivaj vesti na viber

На 13 февруари со почеток во 20.00 часот филмот имаше проекција на овогодинешното издание на Balkan New Film Festival, фестивал посветен на исклучителните и најнови остварувања од различни автори од Балканот којшто се одржа во период од 12-16 февруари во десет градови ширум Шведска и Норвешка. Амбасадорката на Р. Македонија, Александра Н. Ружин, ја имаше честа да ја најави проекцијата на „До Балчак“ пред присутната публика со особен осврт кон многубројните достигнувања од богатата кариера на режисерот Столе Попов како и заложбите кои Владата на Република Македонија, Министерството за култура на Р. Македонија и Агенцијата за филм на РМ ги вложуваат  за унапредување на  развојот на филмската дејност,  промоцијата на земјата како локација за снимање како и новите поволни услови наменети за странските продуценти.  Како што истакнува Амбасадорката Ружин, проекцијата на филмот поминала во одлична атмосфера, а гостите покажале особен интерес за системот на бенефиции во Р. Македонија и досегашните постигнати успеси на македонската кинематографија.Во март, филмот е предвидено да земе учество и на други европски фестивали.  На 5 март „До Балчак“ ќе биде прикажан во рамки на 10. Balkan Days („Денови на Балканот“),  што се одржува во период од 26.02-12.03.2016г. во Минхен, Германија. Освен богатата филмска програма составена од најуспешните проекти од Балканот, гостите на фестивалот ќе имаат можност да уживат во богат избор на концерти, изложби, музика, театар и сл.Филмот ќе има и своја проекција во склоп на Фокусот на македонски филм, организиран во рамки на престижниот Меѓународен филмски фестивал „Febiofest“, што ќе се одржи од 17-25 март,  2016г. во Прага, Чешка. На фестивалот како почесни гости ќе присуствуваат режисерот Столе Попов придружуван од директорката на Агенција на филм на РМ, Мими Ѓоргоска Илиевска.  Во негова чест освен неговото најново остварување воедно ќе бидат прикажани и филмовите „Тетовирање“ и „Џипси Меџик“ како и две најнови долгометражни остварувања од македонската филмска продукција: дебитантскиот филм „Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски и веќе успешниот филм  „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Галичник филм фестивал“ од 1 до 3 август

Објавено пред

Галичник Филм Фестивал го најавува своето шесто издание, кое ова лето ќе донесе 35 внимателно одбрани филмови од целиот свет во – Галичник.

dobivaj vesti na viber

Од 1 до 3 август, во срцето на планината Бистра, фестивалот ќе биде место на среќавање за автори и публика, за смели идеи и длабоки емоции, за традиција и современост. Оваа година, програмата ќе понуди филмови што го преиспитуваат светот, што допираат длабоко, што зборуваат гласно – и тивко.

„Галичник не е само локација – тоа е став, историја и инспирација што се прелива на големо платно,“ вели директорката на фестивалот, Јана Пауноска. „Горди сме што токму тука ги прикажуваме овие 35 филмови – на место каде што секој камен има приказна, а секој залез изгледа како последен кадар.“

Се додава дека фестивалот годинава се случува без поддршка од Агенција на филм, но со огромна верба – во филмот, во местото, и во луѓето што не се откажуваат.

Целосната програма е објавена на: [www.galichnikfilmfestival.com]

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Објавено пред

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.

dobivaj vesti na viber

Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.

Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.

Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.

„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.

Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.

Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.

Прикажи повеќе...

Култура

„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Објавено пред

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.

dobivaj vesti na viber

Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.

Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8

Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.

„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.

„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...

Свет4 часа

Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа, а покривите на терористичките облакодери ќе се тресат

Израел им порача на жителите на Газа веднаш да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади...

Европа8 часа

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија8 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...

Свет10 часа

Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што...

Македонија10 часа

Се судрија четири возила и четири мотоцикли, петмина повредени: прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во...

Топ13 часа

Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено...

Македонија14 часа

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, речиси исти луѓе блиски до некоја мината власт, оперираат со системот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Септември – Денот на независноста...

Македонија14 часа

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се...

Македонија15 часа

Ахмети: Никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците

„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и...

Македонија15 часа

(Фото) Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Македонија19 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија19 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет1 ден

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија1 ден

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ1 ден

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија2 дена

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет2 дена

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...