Контакт

Филм

Филмот „Пожар на море“ ја доби главната награда на „МакеДокс“

Објавено пред

Со доделувањето на наградите и проекцијата на филмот „Пожар на море“ од Џанфранко Роси, кој ја доби главната награда „Кромид“, заврши седмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

dobivaj vesti na viber

На фестивалот, што се одржа од 20 до 26 август во Куршумли-ан, на платото пред Куршумли-ан, во Чифте амам и во Музејот на современата уметност во Скопје, во пет програми беа прикажани 63 креативни документарни филмови, а беа присутни и 52 странски гости.

На фестивалот „МакеДокс“ се доделуваат наградите „Кромид“ – за најдобар филм во Главната програма, „Млад кромид“ – за најдобар филм на нов автор, „Кокарче“ – за најдобар студентски филм и Награда за филм со најдобри етички идеи од сите програмски селекции.

Жирито за наградата „Кромид“ во состав: Дон Едкинс, продуцент од Јужна Африка, Лена Пасанен, директорка на Меѓународниот фестивал на документарен и анимиран филм во Лајпциг, и Владимир Гојун, филмски монтажер од Република Хрватска, наградата ја додели на документарниот филм „Пожар на море“ од Џанфранко Роси.

„Наградата ’Кромид‘ за најдобар филм во главната програма на филмскиот фестивал ’МакеДокс‘ се доделува на филмот со беспрекорна уметничка експресија, кој раскажува приказна што е истовремено актуелна и тешка. Визуелниот јазик во филмот синеастички пристапува кон една особено важна тема во светот денес.

Режисерот умешно и несвојствено се занимава со животот и смртта, откривајќи ѝ на публиката нови, интимни слоеви на кризата која се одвива недалеку од нас“, е образложението на жирито, кое едногласно ја донесе одлуката.

Жирито за наградата „Млад кромид“ во состав: Стефано Теалди, продуцент и режисер од Италија, Иика Вахкалахти, извршен продуцент во компанијата „Раф кат сервис“ (Rough Cut Service), и Мила Турајлиќ, режисерка и продуцентка од Србија, наградата ја додели на филмот „Марта и Ники“ на Тора Мортенс од Шведска.

„Филм со силна вибрација. Навидум едноставен, но способен да ја воведе публиката во една од најсилните субкултури на младата генерација. Ова е посебен, умешно направен филм за две девојки, нивното пријателство, потрагата по корените и искушувањето на машката доминација во светот на хип-хопот“, стои во образложението на жирито.Посебно признание во селекцијата на нови автори добија филмовите „Земјата што ја освоивме“ на сценаристката Миријам Смит и режисерот Кристофер Приор од Нов Зеланд и „Две детства“ на Владимир Головнев од Русија.

„Земјата што ја освоивме“ е освојувачка филмска приказна концентрирана на машката субкултура во Нов Зеланд, каде што една мала заедница на земјоделци си го исполнува животот играјќи рагби и пренесувајќи ја оваа практитка од колено на колено, додека „Две детства“ е краток филм кој го поттикнува прашањето за важноста на историјата во нашите животи и во општеството. Филмот ги истражува живите и згаснатите традиции, улогата на војните денес и во минатото, како и начинот на кој генерацискиот јаз влијае на предизвиците со кои се соочуваме, образложи жирито.

Жирито за наградата „Кокарче“ во состав: Наташа Петровиќ, македонска театарска и филмска актерка, Воскресија Андреевска, сликарка и графичка дизајнерка, и Иван Шопов, писател и автор на сценарија за анимирани филмови, донесе одлука за најдобар филм во студентската програма да го издвои филмот „Арлет – Храброста е мускул“ на режисерот Флоријан Хофман.„Изборот на важна, релевантна и провокативна тема никогаш сам по себе не гарантира успешен документарен филм, но, во случајов, сметаме дека е важно да им се даде глас на оние луѓе чиј глас недоволно се слуша, или, пак, воопшто не се слуша. А, приказната за 15-годишната Арлет од Централноафриканската Република е токму таква – приказна за индивидуа која се наоѓа во земја каде владее насилството, стравот, несигурноста и неизвесноста, а надежта за подобар живот ја има во промили. Во такви околности, решеноста да им се даде глас на обезгласените е голема доблест“, образложи жирито.

„Почитувано жири, почитувана ’МакеДокс‘ екипо, навистина сум почестен што ја добивам оваа награда на ’МакеДокс‘. Тоа е филмски фестивал чиј фокус не е во индустријата на правење и продавање на филмови, туку во разменувањето на мислења и рефлектирање на идеи. За жал, тоа веќе ретко се наоѓа… Затоа, благодарам на целата фестивалска организација и срдечните волонтери. Благодарам за вашата неуморна посветеност на киното. Главниот лик во мојот филм, Арлет, кажува една африканска изрека, која ѝ служи како мото: Храброста е мускул. Идејата е дека храброста може да се тренира како мускул. Така што, ако сте храбри и продолжите да бидете тоа, сѐ полесно ќе бидете храбри. Ајде да ги здружиме силите како филмски автори и едноставно, како луѓе – но не само под смоквиното дрво – и да го тренираме овој мускул“, возврати со порака режисерот Флоријан Хофман, а наградата во негово име ја подигна Хелга Тајпел од амбасадата на Германија во Скопје.

Посебно признание „Кокарче“ за студентски филм доби „Пазар“ на режисерот Симон Гилард од Белгија, поради неконвенционалното раскажувачко решение. Со својот неверојатно моќен визуелен приказ, овој режисер покажува дека приказната може успешно да се раскаже и без зборови, со помош на сликите, боите и звуците, кои ги држат сетилата.Жирито за Наградата за најдобри етички идеи во состав: Влатко Галевски, филмски критичар и филмофил од Македонија, Катри Мерикалио, финска новинарка и активистка за добросостојбата на децата, и Маријане Гизае, едукатор од Германија, која над 20 години работи со медиумите на развојни проекти во Јужна Африка, одлучи наградата да ја додели на „Совршениот круг“ на режисерката Клаудија Тоси од Италија.

„Филмот очебијно се издвојува поради третманот на универзалниот и чувствителен проблем во приказната и посебниот пристап на режисерката кон протагонистите. Нема однапред испланирани агенди во позадината, ниту пак директно вмешување во дејството. Камерата на Бранд Ферро го документира само она што се одвива пред неа. Филмот создава подлабоко разбирање за неизбежниот дел од животот – смртта“, образложи жирито.

Специјално признание за етички идеи доби филмот „Бисерното копче“ на режисерот Патрицио Гузман. Филмот е за домородните народи од Патагонија и нивната судбина. Кога се уништува група на домородни народи, не исчезнува само нивната култура, јазикот и духот, туку се уништува и дел од светската цивилизација и конечно, нашата сопствена егзистенција. Филмот нѐ потсетува дека човечката етичност и слобода не зависат од Бога, а уште помалку од полицијата, потенцира жирито за наградата Етички идеи.На последната вечер на „МакеДокс .7“ беа доделени и наградата „Златна каса“ на Миа Ферро, бидејќи е срушен рекорд во продажба на билети стар три години, додека за најдобар волонтер беше прогласен Дин. Вечерта ја разубавија и разиграа „Черкези оркестар“.

Седмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија, Медиа програмата на Креативна Европа, Националната фондација за демократија и Град Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

Објавено пред

Седумдесет и деветото доделување на наградите БАФТА се одржа синоќа во Лондон. За најдобар филм беше прогласен „Една битка по друга“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој ја освои и наградата за најдобар режисер.

dobivaj vesti na viber

Иако наградите БАФТА за најдобар филм и најдобар режисер обично се делат помеѓу два одлични филма, овој пат обете награди ѝ припаднаа на акционата црна комедија.

Британецот Роберт Арамајо беше прогласен за најдобар актер за неговата улога во филмот „Се колнам“.

Во категоријата за најдобар актер беа номинирани и Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Грешници“ и Леонардо Дикаприо за „Една битка по друга“.

Како што се очекуваше и заслужено, Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“ во режија на Клое Жао.

Наградата БАФТА за најдобар спореден глумец му припадна на Шон Пен за неговата улога во „Една битка по друга“, додека наградата за најдобра споредна глумец ѝ припадна на Вунми Мосаку за нејзината улога во „Грешници“.

Најистакнат британски филм е „Хамнет“, додека наградата за најдобро сценарио му припадна на Рајан Куглер за филмот „Грешници“.

Најдобар филм прикажан на друг јазик е „Сентиментална вредност“, најдобар документарец е „Господин Никој против Путин“, додека „Зотрополис 2“ е најдобар анимиран филм.

Водител на 79-тото доделување на наградите БАФТА беше шкотскиот актер, водител и режисер Алан Каминг.

Прикажи повеќе...

Култура

Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин

Објавено пред

Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.

dobivaj vesti na viber

На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.

„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.

Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).

„Мораме да се држиме подалеку од политиката“

Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.

Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.

– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:

– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.

Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.

– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.

Берлинале – фестивал на „лицата на светот“

За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.

– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?

Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.

На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.

Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот

Објавено пред

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.

Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.

„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.

Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.

„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.

Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија6 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ8 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија9 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија10 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ11 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија12 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет12 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија13 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија13 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион14 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет14 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет15 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет15 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа16 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија1 ден

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...