Контакт

Филм

Македонскиот филм „Мал дисконтинуитет во времепросторот" на фестивал во Словенија

Објавено пред

Краткиот игран филм на Гоце Цветановски „Мал дисконтинуитет во времепросторот” е селектиран на Гросман филм и вино фестивалот во Словенија, каде што ќе се натпреварува за престижната награда Сребрен Мелиес. 

Фестивалот се одржува од 15-ти до 19-ти јули во Љутомер, Словенија, а во официјалната селекција ќе се натпреваруваат 20 кратки филма од цела Европа.

 

Сребрениот Мелиес го доделува жири од Европската федерација на Фестивали на фантастични филмови, а победникот на фестивалот автоматски станува кандидат за Златен Мелиес – најдобар краток фантастичен филм во Европа.

 

Филмот „Мал дисконтинуитет во времепросторот” е независна копродукција на неколку продуцентски фирми од Македонија, а главните улоги ги толкуваат Висар Вишка и Драгана Левенска.крај/мф/сд

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Фестивалот „Карлови Вари“ го селектира македонскиот филм „Снежана на крајот умира“

Објавено пред

Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“, кој е во постпродукција, е еден од осумте селектирани филмови во Work in progress-програмата во рамките на индустриската селекција на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари, која ќе се одржи од денес до 10 јули.

Голема е честа, но и одговорноста проектот да биде претставен пред кремот на европската филмска индустрија, на фестивал од А-категорија, велат од продукцијата

Приказната по сценарио на Кристијан Ристовски раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува мајка на Боби, 20-годишен „џанки“. Маја е волк самотник, не комуницира очи во очи со луѓе, а Игор е риба надвор од вода, има Аспергер-синдром. Иако е би требало да имаат можност да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детството, маалска екипа која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизација на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи…

Филмот е во продукција на Вертиго Висуал, сценарист и режисер е Кристијан Ристески, продуцент Дарко Попов, а главните улоги ги играат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Култура

Ремек-делата на композиторот Eнио Мориконе

Објавено пред

Светот жали по веста за смртта на музичкиот гениј, италијанскиот композитор Енио Мориконе, кој почина во 91. година од животот.

Во својата кариера тој има напишано музика за повеќе од 500 филма, а исто така има добиено и „Оскар“.

Меѓу неговите најпознати дела се темите за филмовите: „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш во Америка“,„Малена“, „Недопирливите“, „За грст долари“, „Осумтемина омразени“, „Професионалец“, „Киното Парадисо“ и многу други.

Да се потсетиме на ремек-делата на големиот маестро.

Прикажи повеќе...

Култура

Прва грчко-македонско филмска копродукција поддржана од европскиот фонд „Еуримаж“

Објавено пред

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – „Еуримаж“ ја поддржа и првата грчко-македонска филмска копродукција „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks) во режија на младата грчка режисерка Асимина Проедроу.

Татјана Ќурчинска-Пепељугоска, национален претставник на Република Северна Македонија во „Еуримаж“, која редовно учествува во работата на Фондот, учествуваше на последната сесија на европскиот филмски фонд „Еуримаж“, чиј календарски термин беше 22-27 јуни 2020 година, а на која се евалуираа 56 копродукциски филмски проекти, од кои само 26 добија финансиска поддршка од Фондот.

Еден од проектите што ја доби поддршката е и „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), копродукција меѓу Грција и Германија, каде што како копродуцент заедно со носителот од грчката страна е и македонската продуцентска куќа „Сектор филм“ од Скопје. Ова е прв филмски проект меѓу продуцентите од Грција и Северна Македонија во соработка со Германија, кој доби финансиска поддршка од „Еуримаж“.

„Од финансиски аспект, копродукцијата не е потврдена од македонската страна бидејќи Агенцијата за филм на РСМ сѐ уште не ги објавила резултатите од јануарскиот конкурс за 2020 година. И покрај тоа, овој проект беше поддржан од претставниците на сите држави членки на ‘Еуримаж’“, изјави националниот претставник на Република Северна Македонија во „Еуримаж“, Татјана Ќурчинска-Пепељугоска.

На претходната мартовска сесија „Еуримаж“ додели грант на македонскиот проект „Преекспонирано“, во режија на Елеонора Венинова, копродукција меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Се очекува македонските продуценти и филмски работници да станат поприсутни во европските копродукции кога на 1.10.2020 година ќе стапи во сила ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција поради многуте олеснувања што таа ги пропишува. Со оваа Конвенција македонските филмски работници ќе може да учествуваат со најмалку 5 проценти во меѓународните мултилателарни филмски копродукциии и со 10 отсто во билатералните копродукции наместо како што беше досегашна пракса, да учествуваат со најмалку 10, односно 20 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион56 минути

Вулин: Ова е обид за државен удар, вечерва се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион2 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион3 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет6 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион8 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија8 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија9 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија11 час

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион11 час

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион12 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион12 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија13 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет14 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет14 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет15 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија15 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион15 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет1 ден

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион1 ден

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија1 ден

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Досие