Контакт

Филм

Почна снимањето на „Ослободувањето на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија

Објавено пред

Снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија почна во петок (31.10) во Велес.
 

dobivaj vesti na viber

Снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија почна во петок (31.10) во Велес.

 

Филмот се снима по драмскиот текст на Душан Јовановиќ и сценарио на Раде Шербеџија, а во продукција на „Партизанс“ од Македонија, „Лијени филм“ од Хрватска и „Арт Филмс“ од Финска. Буџетот за филмот изнесува 2.110.000 милиони евра, од кои 1.250.000 обезбеди Агенцијата за филм на Република Македонија. 

„Филмот „Ослободувањето на Скопје“ е мојот сон. Тоа е еден од најубавите драмски текстови на Душан Јовановиќ. Своевремено со претставата имавме огромен успех во Скопје, Белград, Загреб, Сараево, Љубљана. Бидејќи играв во претставата, размислував како да направиме и филм. Текстот е неверојатна приказна за Македонија, за посебниот менталитет и карактери, за музиката. Тоа е прекрасна приказна за невозможната љубов и привлечност помеѓу една Македонка и германски офицер за време на Втората светска војна“, изјави Шербеџија. 

Во проектот учествуваат актери од Македонија, Хрватска, Србија, Финска и Бугарија. 

По снимањето во Велес, екипата на „Ослободувањето на Скопје“ се сели во Битола, Свети Никола и Скопје. Се очекува снимањето да заврши на 19-ти декември, а публиката да го види на крајот на 2015 година.крај/мф

Култура

„Галичник филм фестивал“ од 1 до 3 август

Објавено пред

Галичник Филм Фестивал го најавува своето шесто издание, кое ова лето ќе донесе 35 внимателно одбрани филмови од целиот свет во – Галичник.

dobivaj vesti na viber

Од 1 до 3 август, во срцето на планината Бистра, фестивалот ќе биде место на среќавање за автори и публика, за смели идеи и длабоки емоции, за традиција и современост. Оваа година, програмата ќе понуди филмови што го преиспитуваат светот, што допираат длабоко, што зборуваат гласно – и тивко.

„Галичник не е само локација – тоа е став, историја и инспирација што се прелива на големо платно,“ вели директорката на фестивалот, Јана Пауноска. „Горди сме што токму тука ги прикажуваме овие 35 филмови – на место каде што секој камен има приказна, а секој залез изгледа како последен кадар.“

Се додава дека фестивалот годинава се случува без поддршка од Агенција на филм, но со огромна верба – во филмот, во местото, и во луѓето што не се откажуваат.

Целосната програма е објавена на: [www.galichnikfilmfestival.com]

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Објавено пред

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.

dobivaj vesti na viber

Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.

Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.

Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.

„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.

Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.

Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.

Прикажи повеќе...

Култура

„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Објавено пред

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.

dobivaj vesti na viber

Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.

Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8

Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.

„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.

„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија3 часа

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија3 часа

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет3 часа

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет4 часа

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...

Свет5 часа

Трамп именува наследник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес посочи дека потпретседателот Џ. Д. Венс би можел да биде неговиот најверојатен...

Регион5 часа

Српскиот министер кој доживеа мозочен удар во емисија е свесен, но сè уште е во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по операцијата поради мозочен удар и е свесен, но има...

Топ19 часа

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ21 час

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија21 час

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија23 часа

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ1 ден

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија1 ден

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија1 ден

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...

Македонија1 ден

Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети автомобили

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на...

Свет1 ден

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули, што е речиси 7 отсто од вкупната...

Култура1 ден

(Видео) Охридско лето со концерт на Ана Дурловски го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија1 ден

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...

Македонија2 дена

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија2 дена

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...