Филм
Почнува осмиот француски филмски фестивал

Во среда, со филмот „Борци“ (2014) на режисерот Тома Каје, во кино „Милениум“, во ГТЦ ќе се отвори осмиот по ред француски филмски фестивал.
Фестивалот ќе трае од 17 до 20 јуни, а програмата како и претходните неколку години ќе биде поделена во два града и тоа од 17 до 19 јуни во Скопје и на 20 јуни свеченото затворање ќе се одржи во Охрид.
Предвидено е да се прикажат осум долгометражни филма, а фестивалските денови ќе бидат свечено затворени во Охрид со проекција на филмот „Семејството Белие“(2014) филмско остварување на режисерот Ерик Лартиго.
И оваа година љубителите на седмата уметност ќе можат да ги погледнат најновите остварувања од француската кинематографија и да бидат дел од средбите и дискусиите со годинешните гости-учесници на филмските остварувања и тоа: Ањес Сорал (актерка), добитничка на почесната награда Златна маска на фестивалот, Дијан Руксел (актерка), Антоан Лоран (актер), Фред Корсјал (композитор), Брис Даволи (композитор), Одре Бијар, член на асооцијацијата ОФФ од Трувил и Ален Мајор (продуцент).
Осмото издание на овој веќе реномиран фестивал е со изменет и збогатен концепт, чија цел ќе биде професионалното претставување и поврзување на македонските и француските професионалци од филмската индустрија, како и нивно вмрежување за искористување на можностите од взаемната соработка. Посебен акцент ќе се стави годинава и на дигиталните уметности, и тоа на тема филм и аудиовизуелни уметности преку организирање на работилници за дигитални уметности со цел изработка на мини-видеа со мобилни телефони (во соработка со македонските асоцијации).
Францускиот филмски фестивал претставува престижна француско-македонска манифестација и е значајна за македонската кинематографија, бидејќи дава можност да се зацврстат темелите на идната соработка меѓу францускиот и македонскиот филм, да се отворат нови можности за размена на уметници, продуценти, режисери, размена на искуства со земја која претставува лидер во европската кинематографија.
Овој фестивал се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Македонија, Регионот на Долна Нормандија, Охридска банка-Сосиете Женерал, Публицис, оркестарот F.A.M.E.S, Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија, Националната агенција за филм, Публицис, Градот Охрид, Центарот за култура во Охрид и Пежо./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Холивуд се збогува со Редфорд: „Замина еден гениј“

Веста за смртта на Роберт Редфорд го потресе филмскиот свет. Холивудската икона и основач на филмскиот фестивал Санденс почина денес, а бројни реакции од колеги и соработници продолжуваат да пристигнуваат.
Актерката Марли Матлин ја истакна неговата клучна улога во независниот филм. „Нашиот филм, CODA, го привлече вниманието на сите поради Sundance. А Sundance се случи поради Роберт Редфорд. Почина еден гениј“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.
Film at Lincoln Center, исто така, му оддаде почит на легендата, нарекувајќи го „вистинска икона на големото платно, неуморен застапник на филмските режисери во подем“.
Our film, CODA, came to the attention of everyone because of Sundance. And Sundance happened because of Robert Redford. A genius has passed. RIP Robert. pic.twitter.com/nwttVD1GvL
— Marlee Matlin (@MarleeMatlin) September 16, 2025
Новинарот Пирс Морган се потсети на некои од неговите најпознати улоги. „Почивај во мир Роберт Редфорд, 89. Една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња. Вистинска холивудска легенда која глумеше во толку многу од моите омилени филмови: Butch Cassidy and the Sundance Kid, The Sting, The Way We Were, All The President’s Men. Каква кариера, каков актер, каква тажна загуба“, рече тој.
Robert Redford has passed away. He was part of a new and exciting Hollywood in the 70s and 80s. Hard to believe he was 89.
— Stephen King (@StephenKing) September 16, 2025
Писателот Стивен Кинг го нагласи неговото влијание врз филмската индустрија: „Роберт Редфорд почина. Тој беше дел од новиот и возбудлив Холивуд од 70-тите и 80-тите години. Тешко е да се поверува дека имаше 89 години.“
Маријана Вилијамсон се осврна на неговите пошироки општествени придонеси. „Малкумина во својот живот направиле повеќе за да придонесат за американското општество од Роберт Редфорд. Во области од филмот до екологијата и политиката, тој ја користеше својата огромна моќ за да помогне во создавањето подобар свет“, напиша таа.
Бројни други познати личности, вклучувајќи ја и Роузи О’Донел, му оддадоа почит на социјалните медиуми.
Култура
Почина Роберт Редфорд

Почина актерот и режисер Роберт Редфорд. Имаше 89 години.
Редфорд, кој е најпознат по своите улоги во класици како што се „Butch Cassidy and the Sundance Kid“ и „President’s Men“ и кој ја оживеа американската независна кинематографија како член-основач на Филмскиот фестивал Санденс, почина во вторник наутро во својот дом во Јута.
Синди Бергер, извршен директор на фирмата за односи со јавноста „Rogers & Cowan PMK“, ја сподели веста во изјава за „Њујорк тајмс“. Таа рече дека Редфорд починал во сон, но не наведе конкретна причина.
Роберт Редфорд, роден како Чарлс Роберт Редфорд помладиот на 18 август 1936 година, во Санта Моника, Калифорнија, беше еден од најважните и најразновидните американски филмски уметници од втората половина на 20 век. Тој беше познат како актер, режисер, продуцент и основач на филмскиот фестивал Санденс, а неговата кариера траеше повеќе од шест децении.
Пораснал во семејство од средната класа – неговиот татко Чарлс бил сметководител, а неговата мајка Марта починала кога Роберт имал 18 години, што оставило длабок белег врз него. Како млад човек, бил склонен кон бељи и често запаѓал во неволји, но откако добил стипендија за студирање уметност на Универзитетот во Колорадо, почнал посериозно да размислува за својата иднина. Се откажал, патувал низ Европа и живеел некое време како млад уметник во Париз и Фиренца. По враќањето во Соединетите Држави, се запишал на часови по глума на Американската академија за драмски уметности во Њујорк, што го означило почетокот на неговата актерска кариера.
Најпрво, Редфорд се појавуваше на телевизија и во театарски претстави, а привлече пошироко внимание со својата улога во бродвејската претстава Sunday in New York. Својот прв значаен филмски успех го постигна со улога во комедијата Barefoot in the Park (1967) со Џејн Фонда, а светска слава стекна со вестернот Butch Cassidy and the Sundance Kid (1969), во кој глумеше заедно со Пол Њуман. Филмот стана култен класик и му ги отвори вратите кон светот на најголемите холивудски продукции.
Нивниот втор заеднички филм, криминалистичкиот трилер The Sting (1973), му донесе номинација за Оскар и го потврди неговиот статус на ѕвезда.
Врв на кариерата
1970-тите и 1980-тите беа врвот на неговата актерска кариера. Редфорд глумеше во филмови како што се The Candidate (1972), All the President’s Men (1976), кој следеше по скандалот Вотергејт, и Out of Africa (1985) со Мерил Стрип, кој ја освои наградата Оскар за најдобар филм.
Покрај глумата, тој почнал и да режира – неговото режисерско деби Ordinary People (1980) му донесе Оскар за најдобар режисер и го потврди како автор со одлично разбирање на човечката психологија и сложените семејни односи.
Покрај неговата филмска работа, Редфорд беше познат по своите придонеси во независното кино. Тој го основа Институтот Санденс и го лансираше Филмскиот фестивал Санденс, кој стана најважната платформа за млади и независни филмски режисери во Соединетите Американски Држави. Неговиот активизам се прошири и на областите на екологијата и човековите права – со години се залагаше за зачувување на животната средина и поддржуваше прогресивни социјални иницијативи.
Својот приватен живот го држеше што подалеку од јавноста. Беше во брак со Лола Ван Вагенен од 1958 до 1985 година и имаа четири деца, иако изгубија едно дете на рана возраст. Во 2009 година, се ожени со Сибил Сагарс, германска уметница.
Се смета за еден од последните големи актери од „златната ера“ на Холивуд, кој успеа да ги комбинира комерцијалниот успех и уметничкиот интегритет, оставајќи зад себе неизбришлив белег како актер, режисер и културен визионер.
Култура
„Галичник филм фестивал“ од 1 до 3 август

Галичник Филм Фестивал го најавува своето шесто издание, кое ова лето ќе донесе 35 внимателно одбрани филмови од целиот свет во – Галичник.
Од 1 до 3 август, во срцето на планината Бистра, фестивалот ќе биде место на среќавање за автори и публика, за смели идеи и длабоки емоции, за традиција и современост. Оваа година, програмата ќе понуди филмови што го преиспитуваат светот, што допираат длабоко, што зборуваат гласно – и тивко.
„Галичник не е само локација – тоа е став, историја и инспирација што се прелива на големо платно,“ вели директорката на фестивалот, Јана Пауноска. „Горди сме што токму тука ги прикажуваме овие 35 филмови – на место каде што секој камен има приказна, а секој залез изгледа како последен кадар.“
Се додава дека фестивалот годинава се случува без поддршка од Агенција на филм, но со огромна верба – во филмот, во местото, и во луѓето што не се откажуваат.
Целосната програма е објавена на: [www.galichnikfilmfestival.com]